2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Шо рече

Советот на Општина Битола донесе одлука за искористување на средства во висина од 7 милиони денари за изградба на пет нови улици во населеното место Долно Оризари, рече советникот од СДСМ Борче Корлевски на денешната прес конференција. Финансиските средства се обезбедени преку грантот за успешност на МСИП. 

Деновиве од печат ќе излезе новата туристичка мапа за Битола за сезоната 2019/2020. Ова е трето издание, првата мапа излезе пред три години, па најновата ќе биде многу побогата и посодржинска. Таа содржи брошура од 32 колор страни плус туристичка мапа печатена двострано во 15.000 примероци и што е најважно, ќе се дистрибуира бесплатно на 50 локации и тоа до мај идната година.

„До крајот на годината очекуваме да ја постигнеме и најголемата стратешка цел што ја имаме зацртано, полноправното наше членство во НАТО Алијансата. Процесот на ратификација на пристапните протоколи во сите членки оди со одлично темпо. Очекуваме уште 11 ратификации, останатите членки од 29 те тоа го завршија. Кај овие 11 постапката е или почната или е при крај. Дури и во државите кои имаат компликувани од техички  аспект процедури внатрешно таа постапка е поодмината. Можеме и таму да очекуваме, а и се надевеме дека до 4 декември, до Самитот на НАТО закажан во Лондон , Велика Британија, да станеме и формално 30 членка на алијансата баш во годината кога НАТО слави 70 години од своето формирање, рече претседателот Стево Пендаровски во Битола.

За 952 лица имало повеќе умрени од родени лани Пелагонискиот Регион, покажуваат податоците МАКСтат базата на Државниот завод за статистика. Така, во 2018 година имало 1962 живородени бебиња, а мртовци 2914.

За десет години во Пелагонискиот Регион бројот на бебиња е намален за 474. Ако во 2018 година имало 1962 живородени бебиња, пред една деценија бројот изнесувал 2436. Во изминатата декада најмногу родени бебиња биле регистрирани во 2009 година дури 2627. Опаѓањето на наталитетот е континуиран процес низ годините зашто од една година во друга бројот на живородени опаѓа за околу стотина или нешто помалку.

Преда Плус Фондацијата со уште три успешни приказни од три извонредни жени на третите по ред Womenpreneurs Stories во Битола. Во опуштена атмосфера и инспирација за поддршка и поттикнување на поголемо учество на жените во светот на бизнисот пред присутните зборуваа: Влора Адеми од Гостивар- основач на стартапот Дигикјуб познат во ИТ секторот, битолчанките  Марина Цигарда - регионален менаџер за продажба на комапнијата АВОН и Јованка Ристевска сопственик на атељеза рачна изработка на накит.

Во изминатите 15 години шајка не беше удрена во овој регион, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, а сега се рехабилитираат најзначајните патни правци во Битолскиот Регион. Сугарески заедно со директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов и градоначалничката Наташа Петровска направија увид врз асфалтирањето на патот од Битола за Демир –Хисар.

Уште во првиот уписен рок пополнети се сите места за струката електротехничар за компјутерска техника и автоматика во Средното техничко училиште ,, Ѓорги Наумов" во Битола. 

Од училиштето за Апла.мк велат дека традиционално за оваа струка интересот е најголем, пополнети се сите предвидени 102 места во три паралелки. За оваа струка нема да има втор упис. 

Останати се неколку слободни  места за електротехничар за електроника, телекомуникации и електротехничар енергетичар. За нив ќе следува и втор уписен рок, како и за машинската струка каде има слободни места. 

Паралелката за техничари за индустриска мехатроника има само 10 пријавени ученици. 

По првиот упис на Средното техничко училиште имаат останато уште 175 слободни места, а беа објавени 365. 

 

Уште првиот ден од првиот уписен рок во гимназијата „Јосип Броз Тито“ учениците кои се пријавија за упис ја исполнија квотата со распишани слободни места за прва година.

Во оваа Гимназија, која со години важи за елитна, денес се пријавија 207 ученици, а според конкурсот објавени се 204 слободни места. Од „Јосип Броз Тито“ за Апла.мк потврдуваат дека и оваа година интересот за упис е голем, а најмногу пријавени ученици има за природно-математичкиот смер , комбинација Б.

Република Северна Македонија секако дека треба да добие датум за преговори за влез во ЕУ, но има некои технички проблеми кои треба да бидат решени и мислам дека на есен ќе го добие датумот, изјави германскиот амбасадор Томас Герберих на денешното засадување на дрвца во Отешево, Преспа, со што се одбележа една година од Преспанскиот договор. Неговиот француски колега Критијан Тимоние рече дека земјата ја чека уште многу работа.

„Непходно е земјите на Западен Балкан заедно да влезат во ЕУ, тоа е многу важно за регионот, да одат во пакет заедно. Но, секако постојат разлики меѓу државите и важно е да не се казнува една држава поради бавниот напредок на друга земја. Тоа е процес и европските членки ќе размислат за тоа. Јас мислам дека најдобра идеја е да се донесат заедно во Европската Унија“, рече германскиот амбасадор.

Запарашан кој е неговиот коментар околу можна политичка криза во земјава доколку не добие датум за преговори, Герберих рече : „Премиерот Заев направи добра работа во последните две години со стабилизација на оваа земја и мора да се задржи владата и да не се зборува за избори“.

Францускиот амбасадор Тимоние на прашањето дали ќе се загрози Преспанскиот договор доколку на изборите во Грција победи Мицотакис, рече дека тоа не е негова должност.

„Но, не е време за борба, туку да работиме. Работите, работите, уште има да работите, нови реформи и постоа ќе видиме што се може“, додаде тој.

Викендов крај Преспанското Езеро се одржува манифестација „Запознај ја Преспа„ на која учестуваат младински организации од сите три земји кои го делат езерото, нашата, Грција и Албанија сакајќи да покажат заедништво во регионот.

 

Уште еднаш црвен аларм за односот на одредени возачи кон велосипедистите во Битола влчучи синоќешната сообраќајна несреќа во која беше повреден велосипедист од градот. Несреќата се случила на крстосницата од улиците „Партизанска“ и „Студентска “ кога возило не почитувајќи го правилото за првенство на минување, му го пресекло патот на велосипедист. Од ударот лицето кое управувало со велосипедот било фрлено неколку метри настрана, па со главата удрило и во друго возило. По ова, велосипедистот завршил болница со потрес на мозокот и набиеници.

Исчистен од отпадот и искосен од треви е просторот околу  новите Светонеделски гробишта.

Од ЈКП Комуналец Битола велат дека со механизација е исчистена  депонијата на просторот пред новите Светонеделски гробишта во Битола, откако на таа површина се одлагал рестителниот отпад. Во очи на утрешниот празник Духовден, тревната површина  и денеска околу гробиштата  е искосена и покрај тоа што овој простор тековно се одржува.

f2

Православните христијани, утре и во сабота ја празнуваат Задушница, а следниот ден Духовден. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на мртвите. На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се починати, ги посетуваме нивните гробови и палиме свеќи за покој на душата.

f 3

Општина Битола и битолското Здружението на пензионери денес потпишаа Меморандум за соработка, а целта е унапредување на нивните права и подобрување на состојбата во сите сфери на општественото живеењее.

Шест ученици од четврта година од геолошко – рударската и металуршката струка при СОУ „Таки Даскало“ од Битола денес во РЕК „Битола“ полагаа практичен дел од завршниот испит за профилот ракувач со рударски машини. Полагањето се одвиваше во Рудникот Брод Гнеотино, под менторство на професори од училиштето и стручни лица вработени во комбинатот. Учениците покажаа одлични познавања на проблематиката што ја совладуваа во текот на целата учебна година.

Во пријатна и натпреварувачка атмосфера помина спортскиот натпревар во спортската сала на училиштето „Климент Охридски“ во Битола во кој заедно учествуваа лица со попречености и ученици од основните и средните училишта од Битола и Прилеп. Натпреварот беше во рамки на проектот „Можеме и сакаме да пееме“ што е дел од медиумската кампања „Попреченоста е само прашање на перцепција“, а во организација на Здружението на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани