АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Јавното претпријатие "Стрежево" и Техничкиот Факултет од Битола потпишаа Меморандум за соработка.
Вчера на Универзитетскиот сенат беа донесени одлуки кои значат почнување на постапка за ректор. Според законското решение новиот ректор на Битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ ќе се избира на непосредни, тајни и демократски избори.
-Наскоро ќе биде објавен јавен оглас на кој сите можат да се пријават, формирана е универзитетска изборна комисија која ќе ги спроведе изборите, велат од Битолскиот универзитет.
Ректорот Сашо Коруновски признава дека и тој размислува да се пријави на огласот за втор мандат.
„Изборниот ден помина во исклучително мирна, фер и демократска атмосфера. Имавме кристачно чист, прв изборен круг од претседателските избори. Имавме скандинавски избори како што доликува на идна земја членка на НАТО Алијанската и ЕУ. Своето гласачко право граѓаните го искористија слободно, на достоинствен, демократски начин и покажаа демократска здрелост и одговорност пред општеството и државата. Спроведени се мирни, фер и демократски избори“, рече Александар Кирацовски, претседател на Изборниот штаб на СДСМ.
11-годишната Маја Крстевска од Битола го освои првото место во категоријата Латино соло танци, настапувајќи cha-cha, rumba, jive и Juvenile 2 (пионери 2) во конкуренција од 14 девојки на Меѓународниот натпревар во латино, стандардни и модерни танци „Makedonia Open 2019“. Натпреварот се одржа на крајот од месец март во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје во организација на Танцовата спортска федерација на Македонија. Талентираната Крстевска беше дел од тимот на Танцовиот спортски клуб ,,Step up” (Степ ап) од Битола кој учествуваше со 49 натпреварувачи во повеќе категории и тоа : Latino solo (cha-cha, rumba, jive), Latino All ladies group, Latino All ladies formation, како и категоријата WDSF WORLD OPEN LATIN & STANDARD.
Синоќа во битолската „Порта Џез“ започна серијата предавања од иницитивата за афимирање на женското претприемништво под насловот Womenpreneurs Stories, во организација на Преда плус фондацијата како дел од Employoth Универзитетската пилот програма за стартапи во Пелагонискиот регион, под сега популарното име “И од Битола се може”.
„СТРАБАГ АГ подружница СТРАБАГ Скопје“ и „ИСКРА ДД“ како изведувач и подизведувач на градежните работите за изградба на железничката пруга Битола-Кременица ги известуваат жителите на Битола, Кравари и околните места дека денес 16.04.2019 година, од 10:00 до 13:00 часот ќе вршат тестирање на пругата со патнички воз, јави ТВ Тера.
Водата во реката Драгор денеска носеше пластични шишиња, но не успеа да ги однесе, па дел од нив кај Ленски Мост се вртеа и превртуваа низ неа. Низ речното корито во центарот на градот веќе стана вообичаена слика да гледаме пластичен отпад, ѓубришта, па дури и мебел фрлен во самата реката, а многу често водата пени како во неа да е истурен детергент или ги менува боите од бела до црвена.
Битолчани коментираат дека водата во реката Драгор можеби ќе се заштити од понатамошно загадување со изградба на колекторски систем и пречистителна станица, но како ќе ја заштитиме од несовесните граѓани кои не ја гледаат како природно богатсво туку како депонија за да се ослободат од сопственото ѓубре.
За јагленот тешко дека ќе има голема иднина во Европа, а со тоа и кај нас, зашто цената на емисиите на јаглероден диоксид ќе биде толку висока, што ваквото производство нема да биде конкурентно на пазарот на енергија, рече на предавањето на Техничкиот факултет во Битола академикот и енергетски експерт Глигор Каневче. Тој алармираше дека е последен момент да почне да се размислува за нови правци во развојот на македонскиот енергетски стожер РЕК ,,Битола”.
Дури 321 случај на Роми кои барале совети и помош од Прваната клиника биле евидентирани во периодот од февруари до декември минатата година во Битола. Според груба пресметка, тоа би значело дека секојдневно се обраќале до Правната клиника отворена преку проект на Центарот за развој на ромската заедница „Баирска светлина“, поддржан од Европскиот центар за правата на Ромите од Будимпешта.
Универзитетите треба да размислуваат за намалување на бројот на студенти бидејќи не може и не смее да се фалиме дека 93,8 проценти од средношколската популација се запишала на факултет, а да имаме интелигенција која виси на пазарот на трудот, рече Димче Настоски, директор на Гимазијата „Мирче Ацев“ од Прилеп на денешната средба на директорите на средните училишта со Управата на Битолскиот универзитет.
Министерката за одбрана и заменик претседател на Владата, Радмила Шекеринска, беше во работна посета на Здружението на пензионери од Битола. На средбата се разговараше за теми актуелни за пензионерите, а присутните имаа можност да ѝ поставуваат и прашања.
Како што информира претседателот на Здружението на пензионери од Битола, Томе Димитровски, средбата протече во најдобар можен ред и пензионерите беа задоволни од дговорите што ги добија од Шекеринска на поставените прашања.
Тоа што нашата земја доби поканата за членство во НАТО и очекува во брза постапка да стане рамоправна членка имаше и позитивни ефекти врз економијата, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска при денешната посета на Битола.
Со свечена седница, потпишување на договор за соработка со Коломбел, Франција и други пригодни активности, општина Новаци денес прослави 23 години постоење.
„Од типично рурална општина пред 23 години, денес Новаци е општина со која сите треба да се гордееме. Таа денес претставува стопански, административен, образовен, културен, уметничнки и спортски центар. Постојано вложуваме во инфраструктура, во изградба на нови паркови, засадување на дрвја, реконструкција на училишта и градинки. Нашата општина е една од најперспективните рурални општини која интензивно се развива. Заедно со Советот на Општината и граѓаните, чекор по чекор, упорно работиме и ја градина општина Новаци“, рече градоначалникот Љубе Кузманоски.
Секој ден во Битола се регистрира по едно ново лице заболено од рак, секоја недела по една жена со рак на дојка, а неделно по два случаи со белодробен карцином, кажа Андријана Митревска од Здружението на граѓани за советување на поддршка на лица со карцином и лица кои се излечиле „Јасмин од Битола“.