Шо рече

Ново, изградено од темел монтажно училиште добија учениците во селото Ношпал, Општина Могила. Во ОУ „Браќа Миладиновци“ во селото Ношпал  се школуваат околу дваесеттина ученици од прво до петто одделение.

Превозниците од Битола опфатени со бесплатниот школски превоз и натаму преку нотар  им праќаат  на средните  општински училишта  во Битола решенија за наплата на фактурите за извршените услуги, а училиштата преку адвокат им одговараат на решенијата, по што извесна е судска постапка. Превозници  велат дека само си ги бараат парите за реализираните услуги,  но училиштата и Општината не прифаќаат цени неколкукратно повисоки за превоз на учениците од оние за обичните патници.

Пратеничката  група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Руската Федерација оствари средба со Сергеј Баздникин, амбасадор на Руската Федерација.

Претседателот Александар Кирацовски изрази благодарност за иницијативата за заедничка средба на Групата за соработка која воспостави и одржува долготрајни односи на дипломатско, како и севкупно ниво. Кирацовски информираше за актуелната работа на Собранието, како и за стратешката определба на Македонија за интеграцијата во ЕУ и НАТО алијансата.

Фабриката за опрема и делови- ФОД ДООЕЛ - Битола која е во склоп на А.Д  ЕЛЕМ  ја изработи и донираше целосната ограда за новата детска градинка во битолското село Кравари. Вработените во ФОД ја изработија оградата во различни бои и апликации од детските анимирани ликови.

Вредноста на донацијата изнесува околу 60.000 денари.

-Секојдневно доаѓаат барања од граѓани, здруженија, спортски клубови, училишта, цркви, манастири, јавните претпријатија кои бараат донации од нашата фирма од материјали и изработки што влегуваат во нашата дејност.  Помагаме во многу случаи кои што се за општо добро на граѓаните. Како општествено одговорна компанија наскоро во соработка со Општина Крушево подготвуваме изненадување за љубителите на скијањето во Битола, вели за апла.мк директорот на ФОД, Методија Тасевски.

Битолското село Кравари доби нова  детска градинка, која има капацитет да прими 40 деца на претшколска возраст. Градинката работи во состав на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“, а за оваа намена опремени се 2 детски занимални. Во адаптацијата на просторот за новата градинка во Кравари помогнаа и битолските јавни претпријатија.

received 349609839188361

Дел од превозниците опфатени со бесплатниот школски превоз, преку нотар  им испратиле  на средните  општински училишта  во Битола решенија за наплата на фактурите за извршените услуги.

Училиштата пред извесен период прекинаа да им ги плаќаат фактурите на превозниците и ангажираа адвокат кој ќе ги застапува на суд.

-Согласно измените што се направени во Законот за сообраќај и превоз на патници , а се применуваат од 3 септември 2018 година, ( а со Одлука на Совет од 31 јули 2018) сите патници се изедначени, што значи и ученикот е патник. Ова подразбира дека е нелогично учениците да плаќаат неколкупати поскап билет за превоз од секој друг патник кога сите се возат заедно во ист автобус. Дел од превозниците во фискалните сметки од неодамна вметнуваат 47 проценти попуст со што наведената  цена од 76 денари на релација Битола-село Кравари ја сведуваат на 40 денари, а на училиштата им фактурираат цена од 76 денари, што е неприфатливо. Нелогично е за иста услуга да се плаќаат различни цени на билетите, вели директорот на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“-Битола, Владимир Роме.

Директорката на СОУ „Таки Даскало“ Елизабета Наумовска смета дека неправедно е учениците кои се возат во истите автобуси во јавниот превоз години назад да бидат третирани различно од другите патници, дотолку повеќе што со таквите високи цени беше предизвикан  финансиски колапс на училиштата, што како состојба ја затекнаа новите раководства  при преземањето на локалната власт.

Снегот што од ноќеска паѓа во Битола формира  снежна покривка од пет сантиметри. Од ЈП „Нискоградба“  за апла.мк велат дека нивната механизација веќе е на терен, се чистат улиците од прв и втор приоритет,  а  се посипува и со сол поради спуштањето на температурите и појавата на голомразица.

Снегот што од ноќеска паѓа во Битола формира  снежна покривка од пет сантиметри. Од ЈП „Нискоградба“  за апла.мк велат дека нивната механизација веќе е на терен, се чистат улиците од прв и втор приоритет,  а  се посипува и со сол.

-Целата механизација е ангажирана на терен. Се посолуваат улиците од прв и втор приоритет . Во приградските населби се врши чистење на снегот на коловозите, изјави за апла.мк Методи Силјановски директор на ЈП „Нискоградба“-Битола.

Во Битола утрово температурата се спушти на -3 степени , а во 7 часот беше измерена снежна покривка од 5 сантиметри.

Времето денеска ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, особено претпладне. На места поради ниските температури ќе има појава на голомразица, а ветерот ќе предизвика и појава на снежни наноси. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 3 степени.

-Процесот на амнестија е во тек, парламентарната група која што е избрана да работи на оваа проблематика го финализира крајното решение. Сакам да ја информирам јавноста, дека многу строго правиме дистинкција меѓу две групи -граѓани кои што, условно кажано, влегле во Собранието на РМ на 27 април 2017 година, односно правиме разлика меѓу оние кои што иницирале, нарачале ио организирале насилство во Собранието и оние кои што на некој начин биле заведени да бидат дел од истото. Ве уверувам дека сите оние кои што направиле злодело на 27 април ќе одговараат, сите останати, кои на некој начин биле заведени во таа насока, ќе бидат ослободени од обврската. Сакам да истакнам дека во иднина, независно кој какво дело ќе направи ќе одговара согласно законите во РМ, рече Кирацовски денеска во Битола. 

Советот  на Општина Битола на денешната седница донесе одлука да ја прифати донацијата од Сообраќајниот испитен центар ``АМ`` ДООЕЛ- Битола, за изградба на полигон во Битола. Полигонот ќе биде лоциран на излезот од градот кај населбата Горно Оризари.

-Носиме одлука за примање на донација за изградба на полигон за полагање на возачки испит. Тоа е работа кој Битола ја немаше во последните осум години. Ние кога бевме опозиција се залагавме дека ќе го направиме. До крајот на годината  Битола ќе има полигон, изјави денеска претседателот на Совет, Валентин Груевски.

Земјиштето каде ќе биде лоциран полигонот  од државно е префрлено во сопственост на Општина Битола.

Општина Битола ангажира екипи на јавните претпријатија „Нискоградба“ и „Комуналец“ да ги отстранат сите греди и градежен материјал од објектот  на Домот за млади што би можел да биде закана по безбедноста на учениците во ПОУ „Крсте Петков- Мисирков“ во Бистрица. Акцијата следуваше откако минатата  недела од временските услови се сруши дел од покривот на објектот кој е прилепен до училиштето.

Димитар Пипилевски, директор на училиштето „Крсте Петков- Мисирков“ од Бистрица веднаш реагираше до Општина Битола која испрати  екипа за увид на состојбата и за преземање на мерки.

Пратеникот на ЛДП од Битола Горан Милевски, денеска доставил  амандмани на Буџетот на Република Македонија поврзани за Битола, по што бара средстава од Буџетот  за затворен базен, поради загадувањето што го трпат битолчани од РЕК-Битола, средства за доизградба на колекторски систем на Пелистер, меѓудругото и средства за  конзервација и заштита на објектот на црквата Свето Успение на Пресвета Богородица на Битолското Кале.

„Враќање на долговите на училиштата (Општина Битола треба да добие 2,5 милиони евра со новиот Закон за поддршка на општините)“. 

Инаку долговите во образованието се наследени од претходната власт и изнесуваа, според изјавите од Општина Битола, 4,5 милиони евра. Дел од долгот надлежните рекоа дека е намален, а сега со помошта од државата се очекува уште поголемо растоварување. 

Министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, изјави дека немале никакви можности да го спречат бегството на екс премиерот Никола Груевски додека минувал низ нивната држава.

„Ние не, ние немавме никакви можности , дејствувавме исклучиво според законите и прописите. Кога поранешниот македонскиот премиер ја поминуваше црногорската територија во автомобил со странски дипломатски таблици, тој не беше лице надвор од законот, имаше уредни патни исправи и нашите служби на безбедноста и полицијата,кои за тоа ги известија во партнерски однос и службите за безбедност на Македонија, немаа никави овластувања да делуваат поинаку отколку што делуваа. Сѐ друго би било пречекорување на овластувањата и веројатно нешто што тешко би го оправдале“, рече црногорскиот министер.

Од вчера започна откупот на тутунот од реколтата 2018 година во  регионите  на општините Битола, Новаци и Могила. Откупот на тутунот во Пелагонискиот регион ќе се извршува на 17 откупни места и тоа во населените места:Горно Оризари, Могила, Добромири, Дедебалци, Добрушево, Ивањевци, Трновци, Беранци, Лисолај, Драгожани, Лопатица, информираше подрачниот раководител на Министерството за земјоделство во Битола, Методија Илиевски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани