
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Петнаесетина кандидати се пријавиле на партискиот конкурс за избор на нов претседател на СДСМ во Битола. Меѓу кандидатите има поранешни партиски функционери, актуелни директори на јавни претпријатија, институции и училишта, а за оваа функција аспирации пројавиле и советници од Советот на Општина Битола. Меѓу кандидатите грото се мажи иако и жени се намерачиле на првата партиска фотелја на СДСМ во градот.
Девојче се удави во базенот „Довлеџик“ во Битола. Од Битолската полиција потврдуваат дека имаат таква пријава, а детали за случајот ќе објават подоцна.
Не се знае точно дали девојчето влегло во базентот да се капи или пак, се лизнало. Базенот се уште не е отворен за оваа сезона. Инаку е во сопственот на Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола, но со него стопанисува приватниот концесионер „Мега Груп“ на кого под закуп го издала уште претходната власт на 12 април 2017 година. Табла со името на концесионерот е поставена кај базенот.
Се асфалтира улицата „Климент Охридски“ во Битола. Новиот изведувач, кој беше избран откако Општината го раскина договорот со претходниот бидејќи тој не ги испочитува роковите, за многу кус период ја заврши работата и ја асфалтира улицата.
Основното училиште „Тодор Ангелевски“ од Битола го доби проектот со кој аплицираше во Фондот за иновации „Интерактивна карта на потенцијал за користење обновливи извори на енергија во Општина Битола“. Активностите ќе се изведуваат на подрачјето на нашата општина, па учениците ќе се запознаат со локации кои би биле потенцијални ефективни корисници на обновливи извори на енергија.
Центарот за граѓански комуникации го објави рангирањето на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер изработен во март 2019 година, во кое се вклучени сите министерства, Владата и општините.
ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола од денес до 18 јуни ќе ја реализира првата фаза од програмската дезинсекција со цел уништување на комарците на подрачјето на Општина Битола.
Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19:00 до 02:00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на целото градско подрачје и периферијата на градот, предвидени со оперативниот план и програма усвоени од Општина Битола.
Од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола информираат дека од денес, паралелно ќе се врши и уништување на ларвните облици на комарците, кои според анализата на таа јавна здравствена установа се сконцентирани во застојни води, бари, мочурливи површини под вегетација, одводни канали во градското подрачје и периферијата на градот кои се мапирани на теренот како потенцијални места за развој на ларвените облици на комарците.
Третирањето ќе се изведува со високо селективен биолошки инсектицид наменет за уништување на ларвите на комарецот и затоа здруженијата на пчеларите имаат обврска превентивно да ги заштитат пчелните семејства во периодот додека се одвива акцијата нагласуваат од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола.
Рударството во последните години станува претежно машка професија. Но, дека има девојчиња кои сметаат дека во рудниците има место и за жените, доказ е средношколката Марија Христовска, ученичка во Средното општинско училиште „Таки Даскало“ во Битола. Таа е единственото девојче во нејзиниот клас. Христовска заедно со останатите шест соученици од насоката за геолошко – рударски техничар обавува практична настава во рудникот Брод Гнеотино во РЕК „Битола“.
