2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Во средното медицисинско уилиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола, во првото пријавување  што заврши денес, се пријавиле 253 деветтооделенци за вкупно 6 насоки, а примени се  142 ученика.

Во Средното економско училиште во Битола „Јане Сандански“ останаа десетици слободни места за вториот уписен рок.

Според информациите од училиштето за апла.мк во четири годишно образование струка- економски техничар во првиот уписен рок се запишале 95 ученици од предвидените 136, што значи слободни се уште 41 место. Во тригодишната  насока деловен асистент се запишале само 7 ученици од предвидените 34 места.

Во целост деветоодделенците покажаа слаб интерес за стручните училишта во градот.

Уште во првиот уписен рок пополнети се сите места за струката електротехничар за компјутерска техника и автоматика во Средното техничко училиште ,, Ѓорги Наумов" во Битола. 

Од училиштето за Апла.мк велат дека традиционално за оваа струка интересот е најголем, пополнети се сите предвидени 102 места во три паралелки. За оваа струка нема да има втор упис. 

Останати се неколку слободни  места за електротехничар за електроника, телекомуникации и електротехничар енергетичар. За нив ќе следува и втор уписен рок, како и за машинската струка каде има слободни места. 

Паралелката за техничари за индустриска мехатроника има само 10 пријавени ученици. 

По првиот упис на Средното техничко училиште имаат останато уште 175 слободни места, а беа објавени 365. 

 

И покрај високите температури битолчани, но и странските туристи уживаат во претпладневните часови на  Широк Сокак уживајќи во  вкусно кафе и топол  ѓеврек. Мирисот на свежо печени ѓевреци ги мами минувачите  особено повозрасните кои се сеќаваат дека во Битола во минатото на секој агол, во секое  маало имало фурни.  

sirok

 

sirok 6

sirok 5

sirok 4

sirok 3

sirok 2

sirok 1

 

„Психомодо Поп“, бендот кој скоро четири децении е незаобиколен музички арбитер на овие простори на 30јуни за прв пат ќе настапи во Битола во рамки на фестивалот „Битола отворен град“, во организација на МКЦ. Концертот започнува на 30 јуни, во недела со почеток од 21 часот на плоштадот „Гоце Делче’’ во центарот на градот.

Инаку „Психомодо Поп’’ во 1983 година ја започна својата музичка историја. Првото име на бендот било Нерон, а потоа се преименуваа во Психомодо Поп, инспирирани од албумот на групата Cockney Rebel, со име Психомодо, а додавката Поп дошла како почит кон Iggy Pop, Andy Warhal и поп артот.

Бенд кој се напојувал на музиката на Ramones & Sex Pistols, вежбале по загребските гаражи, снимиле 15 албуми, со појава и сценски настап кој се памети и еве сеуште не ги напушта тој луд жар за настапи во живо пред стара, но и нова публика. 

Фронтмен им е харизматичниот Давор Гобац, а нивните хитови "Ја волим само себе", "Секси магазин", "Фрида", "Рамона", "Кад сам имао 16" ги пеат различни генерации веќе 35 години.

На фестивалот ќе настапат и „Ласт Експедишн’’, една од најзначајните групи во историјата на македонскиот рокенрол. Формирани 1986тата година во скопски Ѓорче Петров. Алтерантива на рок кој звучеше добро и тогаш, а сега ќе звучи уште пожестоко заради новите сили на бендот кои даваат спреј на новото време.

Музички химни им се „Песната за песот’’, „Далеку си’’, „Ќељав дабар’’, „Шефе’’, „Не е важно’’ и енергичниот хит „Хеј хо’’, кој е најава за новиот албум кој наскоро излегува.

На „Битола орворен град’’ доаѓа и новосадскиот панк квартет „Диви свињи’’ . Бенд кој се формирал спонтано во 2016 година и носи еден охрабрувачки звук кој испорачува канонада од панк енергија, многу слична на онаа која е креирана од страна на првата генерација на светски панк артисти.

Зоран Дојчиновски е избран за прв човек на новото јавно претпријатие кое ќе стопанисува со градски паркинзи ЈП за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општината Битола.  Тој досега ја извршуваше функцијата  технички директор во ЈП Комуналец Битола.

Дојчиновски е дипломиран машински инженер со две децениско работно искуство во јавното претпријатие Комуналец.

Во април Советот со гласовите на владеачкото мнозинство на СДСМ и коалицијата ја изгласа одлуката за формирање јавно претпријатие за паркинзи и организрање јавен превоз во Битола. Ова јавно претпријатие ќе го преземе управувањето со зонското паркирање, зошто  на сегашниот концесионер „Стентон градба“ договорот му завршува за само неколку дена.

Во изминатиот период општинска комисија вршеше  увид во работат на „Градски паркинзи“, со цел да се изврши и примопредавање.

 

Таксистите од Битола бараат стартот да поскапи од 20 на 30 денари и цената да се зголеми за плус 3 денари од километар .

Не работат двете мерни станици за мерење на квалитетот на воздухот во Битола кои се во наделжност на Министерството за животна средина. Од граѓанската платформа „Земи здив“ реагираат дека мерната станица Битола 1 (се наоѓа на излезот на Битола кон Новаци) од вчера од 18 часот престана да ги прикажува вредностите на измерените ПМ 10 честички. Другата мерна станица Битола 2 која се наоѓа во центарот на градот не мери суспендирани честичики веќе три месеци.

Синоќа на полноќ автомобил удрил во бандера на улицата „Никола Тесла“ во Битола, во близина на Скопската пивара. Според очевидци, возачот минал без повреди, бандерата го издражала ударот, но не и автомобилот кој е  оштетен во предниот дел, па бил отстранет со помош на Шлеп служба. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани