
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ноќеска на полноќ државната мерна станица на периферијата на градот регистрираше високата загаденост што е невообичаено за овој период од годината.
Исчистен од отпадот и искосен од треви е просторот околу новите Светонеделски гробишта.
Од ЈКП Комуналец Битола велат дека со механизација е исчистена депонијата на просторот пред новите Светонеделски гробишта во Битола, откако на таа површина се одлагал рестителниот отпад. Во очи на утрешниот празник Духовден, тревната површина и денеска околу гробиштата е искосена и покрај тоа што овој простор тековно се одржува.

Православните христијани, утре и во сабота ја празнуваат Задушница, а следниот ден Духовден. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на мртвите. На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се починати, ги посетуваме нивните гробови и палиме свеќи за покој на душата.

Град без улични кучиња-ова е мисијата на Фондацијата Бибевски, основана минатата година од брачниот пар Џенифер и Стив Бибевски, доктори кои живеат и работата во САД.
Локалната самоуправа од Битола, денеска го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2019 година.
-Врз основа на Методолигијата за определување на критериуми за доделување на финансиска помош на здруженија на граѓани и фондации од буџетот на општината Битола (,,Службен гласник на општината Битола“ бр.5/16), општина Битола објавува ЈАВЕН ПОВИК за доделување на финансиски средства од Буџетот на општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2019 година.Распределбата на средствата за здруженијата/фондации од буџетот на општина Битола се врши преку грантови за проекти во приоритетни области и цели кои се однесуваат на: -локален и економски развој, -образование, -култура, -техниката, -наука, -здравство, -спорт, -екологија и -други области, пишува во огласот.
http://www.bitola.gov.mk/јавен-повик-за-здруженија-на-граѓани-и/.
Дури 77 проценти од жалбите што лани биле поднесени до Советот за етика во медиумите се однесувале на интернет портали, беше соопштено на денешната дебата на СЕММ во Битола за медиумската саморегулација. Од Советот за етика рекоа дека он лајн медиумите се посебна приказна бидејќи често пати кај дел од нив има нарушувања во почитувањето на Кодексот на новинари. Но, решението го гледаат во нивна саморегулација, а не воведување на дополнителни законски решенија.
На 40. издание на Фестивалот за детско поетско творештво „Детски лирски треперења“, Антониа Цветаноска, ученичка во VII одделение во ОУ „Гоце Делчев“ - Битола, освои награда за најуспешна поетска творба. Нејзин ментор е професор Емилија Прчкова. Фестивалот традиционално се одржа во Детското одморалиште „Радости" - Охрид, а наградите ги додели познатиот писател Горјан Петревски.





ЈП „Стрежево“ Битола им соопштува на сите граѓани дека сезоната за наводнување 2019 година е започната. Од тие причини во главниот канал и останатите објекти се пуштаат поголеми количини на вода, поради што СТРОГО СЕ ЗАБРАНУВА движење и задржување на граѓаните (минувачите) околу истите.
Сето ова е заради заштита на нивната безбедност и безбедноста на нивните најблиски.
Со почит, ЈП „Стрежево“-Битола
Општина Битола и битолското Здружението на пензионери денес потпишаа Меморандум за соработка, а целта е унапредување на нивните права и подобрување на состојбата во сите сфери на општественото живеењее.
На повикот на „Предизвик за млади истражувачи 2“ кој Фондот за иновации и технолошки развој го организира во соработка со Министерството за образование и наука во силна конкуренција ОУ ,,Даме Груев,, од Битола го освои првото место со најголем број на поени.
