2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Нема да се намалува бројот на часови за основците, но нема да има ни настава во сабота, предвидува новиот закон за основно образование, кој е во подготовка. Министерот за образование Арбор Адеми на денешната презентација на новото законско решение кажа не планираат да го намалат бројот на учебни денови или бројот на наставни часови, но и дека нема веќе изгубени денови да се одработуваат во сабота, бидејќи се покажало како нецелисходно. Тој рече дека ќе направат подобра организација на наставата, а дека размислуваат во зависност од бројот на изгубени денови да ја продолжат учебната година.

Новото законско решение предвидува надворешно и меѓународно тестирање на учениците на крајот на секоја година, за да се утврди колку научиле од аспект на јазична писменост, изучување други јазици, математика, природни науки и технологија, дигитална писменост, личен и социјален развој, демократска култура и граѓанство, култура и мултикултура. Тој кажа дека резултатите од овие тестови нема да влијаат на нивните оценки, ниту на оценките на наставниците.

Адеми рече дека планираат од прво до петто одделение за наставата по физичко образование да воведат и втор наставник по физичка и здравствена култура, а во делот на исхраната во училиштата нејзините нутритивни вредности да ги следи Државниот санитарен и здравствен инспекторат и центрите за јавно здравје, како и Државниот просветен инспекторат.

Битолчаните Влатко Миленковски и Благојче Силјановски, како и Пеце Матичевски од Новаци, беа тројцата воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот Корпус, кои во заседа загинаа на 5 јуни 2001 година, во близина на селото Гајре.

Во нивна чест денес пред споменикот „Ангел“ во паркот кај Градскиот часовник и пред споменикот во касарната посветен на загинатите бранители, цвеќе положија градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, претставници од Советот на Општина Битола, градоначалникот на Општина Новаци, семејствата на загинатите, политичките партии, припадници на АРМ и СВР Битола и други лица.

„Одбележуваме 18 години од згаснувањето на три млади животи за нашата Македонија, за слободата и условите во кое ние денес живееме. Оддавањето помен значи дека мора да се сеќаваме на нив, но и на нивните семејства, на нивните потомци, кои не смееме да ги заборавиме“, рече градоначалничката Петровска.

Во чест на загинатите бранители, во Спортската сала „Боро Чурлевски“ се одржа Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко, Благојче и Пеце 2001“.

Битолчанец  добил закани со пиштол од непознато лице на среде улица. Заканувачот се уште непознат за полицијата. 

Во извештајот на СВР-Битола стои -На 04јуни во СВР Битола, С.Ј. од Битола пријавил дека истиот ден околу 21.30 часот на улица „Цар Самоил“, по вербална расправија, непознато лице му се заканило со пиштол и избегало од местото. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Утре се навршуваат 75 години од Десантот во Нормандија во Втората светска Војна. По тој повод Апла.мк ја пренесува животната приказна за Панде Матевски од Битола кој загинал за време на овој историски настан познат како Денот Д.

Училницата во старото руинирано училиште во битолското село Трново, одделенската наставничка Ленче Илиевска, ја претворила во шарена бајка.

Цветаат липите во Градскиот парк во Битола, чии опоен мирис го најавува доаѓањето на летото. Липите се препознатлив дел на битолските зелени пејзажи и се интегрален дел од старите битолските улици и маала како и  дрворедот покрај реката Драгор. Липите се едни од најубавите и најблаготворните растенија, и вистинска привилегија е да си битолчанец затоа што можеш да ги отвориш прозорците и да уживаш во нивната убавина и опоен мирис.

Околу 5 сантиметри  снег наврнаа на Пелистер во текот на ноќта и утрово. На највискиот врв на планината Баба, веќе се е побелено, а врнежите престанаа попладнево, вели за апла.мк Пецо Стојчевски, вработен во предавателниот пункт Антена на Македонската радио телевизија. 

Градоначалникот Љубе Кузманоски од Новаци го посети стопанскиот двор на ЈП за комунален отпад од Дуги Рат, Хрватска ,каде што учествуваше на презентацијата на Планот за управување со комуналниот отпад и негова рециклажа. Двете општини се збратимени шест години, а делегација на Општина Новаци деновиве беше во посета на пријателите од Хрватска. Договорена е соработка на повеќе полиња. 

Покрај работните обврски, дел до делегацијата на Општина Новаци која е во посета на хрватската збратимена општина Дуги Рат, на своја иницијатива, со зип линија го помина кањонот на реката Цетина во Хрватска кај Омиш. Катерина Чукалевска, Лилјана Најдовска вработени во Општината и советникот Александар Канзуровски, кои се дел од деветчлената делегација, ја изненадија јавноста со својата храброст. Тие со сајла го премостија кањонот каде највисоката точка беше 210 метри. Од снимениот материјал објавен на интернет ви застанува здивот, а не пак да се впуштите во овој потфат.

Не е првпат Пелистер да побели во јуни, на крајот од пролетта, па дури и на среде лето. Вакви појави имало и во други години освен вчера кога заврна снег на Пелистер, а Апла.мк ексклузивно го објави видеото од снежната вејавица на врвот Антена снимено од Пецо Стојчевски, вработен во предавателниот пункт на Македонската радио телевизија.

Така, според напис во весникот „Битољске новине“ , а кој го пренесува професорот Александар Стерјовски во неговата книга „Записи за злосреќи“, снег паднал до подножјето на Пелистер пред 86 години, поточно на  28 мај 1933 година.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани