2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Жителите од Општина Могила имаат можност сами да одлучат кои проект од областа на социјаланата инклузија им е приоритетен, а средствата од 50 илјади швајцарски франци ги обезбедува УНДП и Швајцарската развојна агенција.

Шест ученици од четврта година од геолошко – рударската и металуршката струка при СОУ „Таки Даскало“ од Битола денес во РЕК „Битола“ полагаа практичен дел од завршниот испит за профилот ракувач со рударски машини. Полагањето се одвиваше во Рудникот Брод Гнеотино, под менторство на професори од училиштето и стручни лица вработени во комбинатот. Учениците покажаа одлични познавања на проблематиката што ја совладуваа во текот на целата учебна година.

Во наредниот период во Општина Битола ќе се гради делот од Зелениот  градски пазар каде се продава бижутерија и цвеќе, ќе се реконструира патот за Маловишта, ќе се реконструира и патот за селото Буково, а ќе се прави и  парк во село Лопатица. Ова се четирите  проекти за кои Општина Битола доби пари  преку Програмата за рурален развој.

Мариовско Старавина веќе втора година е центар на организација на кампот за обука на тимовите на општинските сили за одговор на пожари на отворен простор со завршна вежба која денеска се одржа во организација на Планинарско Горскоспасително друштво АВА КОТА 1050 Новаци како главен организатор и Дирекцијата за заштита и спасување како координатор.
Градоначалникот Љубе Кузманоски заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување г-дин Аднан Џаферовски го отворија кампот за обука и тренинг и ја следеа завршната вежба на која се симулираше акција и интервенција при гасење на пожар на отворен простор .

"Oпштина Новаци ја покрена иницијативата за обука на просторните сили за заштита од пожари на отворен простор со цел подобрување на противпожарната заштита во регионот а особено на територијата на Општина Новаци и имаме одлична соработка со Дирекцијата за заштина и спасување и со сите инволвирани старни во организирањето на ваков вид на обуки и тренинзи со завршна вежба.Овој камп се организира со цел подигнување на свеста и моралот кај граѓаните за заштина на природата од пожари како и подготневост на просторните сили од пелагониските општини за справување со пожари на отворен простор .Територијата на с.Старавина не случајно е избрана за организирање на оваа вежба бидејќи станува збор за недопрена природа која треба да ја заштитиме од евентуални пожари .И затоа како локална самоуправа даваме силна поддршка во организацијата на ваков вид обуки со цел да обезбедиме подобра заштина на овој регион- истакна градоначалникот Кузманоски .

obuka staravina

Во знак на благодарност за активното учество на градоначалникот Љубе Кузманоски и на директорот Џаферовски од страна на Горскоспасителното друштво АВА КОТА 1050 -Новаци им беа доделени и благодарници .
Инаку на обуката која започна на 01 и 02 -ри јуни учествуваа 70 лица, припадници на просторните сили на општините од Пелагонискиот регион , ТППЕ Битола, вработените од Јавните претпријатија во општините , претставници и волонтери од Горско Спасителната служба „Ава Кота“- Новаци и доброволното противпожарно спасителско друштво „ФЕНИКС“ од Битола.Обуката продолжи и на 08 и 09-ти Јуни со завршна вежба.

Обуката во соработка со овие структури ја менторираше и менаџираше Центарот за обука на Дирекцијата за заштита и спасување. Во поддршка на целокупната активност беше и Подрачното одделение при ДЗС - Битола. На обуката беа обработени теми за опасности и мерки за заштита од пожари на отворен простор, примена на сили и средства, карактеристики на шумски пожар и тактики при нивно гаснење и менаџирање во услови на шумски пожари.

Средствата од хуманитарниот пикник што го организираше  Советот на странски инвеститори ќе бидат доделени на Завод за рехабилитација на слух, говор и глас-Битола. Директорката на Заводот  Дивна Живорадиќ- Најдовска вели дека средствата ќе бидат употребени за опремување на сензорната соба во оваа институција. Висината на донацијата ќе се знае во текот на утрешниот ден.

-Советот на странски инвеститори  одлучи средствата од хуманитарниот пикник да ги додели на „ЈЗУ-Завод за рехабилитација на слух, говор и глас-Битола“. Средствата ќе бидат искористени за опремување на сензорна соба во нашиот Завод. Со оглед на тоа дека се работи за поголема инвестиција секоја помош е добредојдена. Ви благодариме, вели директорката на Завод за рехабилитација на слух, говор и глас-Битола, Дивна Живорадиќ- Најдовска.

Според неа сензорната соба ќе биде од корист за децата што имаат сензорна дезинтеграција, а најмногу ќе им помогне на лицата со аутизам во процесот на нивна рехабилитација.

-Оваа донација ќе придонесе за доопремување на нашиот Завод во насока на обезбедување подобри услови за нашите деца, а компаниите на најдобар начин ја докажаа својата општествена одговорност преку организирање на ваков хуманитарен настан,вели Живорадиќ- Најдовска.

divna 2

Советот на странски инвеститори и Стопанската комора на Македонија го организираа четвртото издание на традиционалната манифестација т.н. „Светски пикник“, во Градскиот парк во Скопје.

 

Еко акцијата „Мети си со Класнето“ продолжи и денес на плус 30 степени. Жешкото време не ги предомисли наставничката Марија Магдалена Петковска Микаровска, со нејзините ученици и други битолчани да го исчистат ѓубрето од популарната рекреативно –пешачка зона во поранешната касарна во Битола, местото познато како Кај авионите.

Раководството на Македонско научно друштво-Битола, членови на Управниот, Надзорниот одбор и Уредувачкиот совет, подарија книги на како што ја нарекуваат најмалата библиотека во Светот, библиотеката „АЛБИ“, сместена во импозантна куќа двокатница во демирхисарско Бабино.

Најдобрите просветни работници од шесте некогашни републики на поранешна Југославија, а денес независни држави, се обидинија на Меѓународната конференција „Светот на образованието брише граници“ во Будва минатиот викенд во организација на Асоцијацијата на најдобро наставници ANN EX YU.

Пелагонискиот регион кај нас и Западна Македонија во Грција започнуваат соработка за заштита на населението од пограничните региони од евентуални природни непогоди и катастрофи. Со тоа ќе се подигне нивото на хуманост и солидарност во пограничните региони на нашата земја и Грција. Во тек е проектот „Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи од човечки фактор J-CROSS“ кој го спорведува Центарот за развој на Пелaгонискиот плански регион со други парнери, финансиран од ИПА програмата 2014-2020, а кофинансиран од Министерството за локална самоуправа.62027853 454486738619018 4859012998657736704 n

Една од активностите е преуредување на коритото и брегот на река Елешка која за разлиак од другиет реки што од кај нас текачт на југ, оваа од Грција тече кон нашата земја и кога водостојот е висок се случуваат поплави.

„Зафат на река Елешка во општина Новаци каде доаѓаше до големи поплави. Со бајпас решение ќе го смениме текот на речното корито, а со тоа при поплави ќе се намалат и негативните последици. Ќе се набави и багер кој ќе го одржува речното корито и за инфраструктурни зафати. Со меѓугранични тренинзи ќе се зајакнат капацитетите на двете страни кога би дошло евентуално до припродни непогоди, заедно да се делува“, рече Гого Видимче, директор на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.Елешка река кај нас фото википедија

Буџетот на Центарот за развој на Пелагонискиот регион е околу 300 000 евра. Планирано е инсталирање на ситем за рано предупредување и тревожење, изработка на меѓуграничен акционен план за превенција и управување со ризик, интегриран план за превенција од земјотреси, мрежа од повеќе метео станици и џпс уреди за следење свлечишта во инфраструктурите под ризик, брани и патишта.

„Имаме две главни цели, да направимне сите да сфатат дека цивилната заштита е случај за кој сите треба да се грижат и преку таа граѓанска заштита треба да изградиме доверба и да ги заштитиме граѓаните на двете земји. Ако нешто се случува во Битола луѓето од Флорина (Лерин) да дојдат да помогнат и обратно“, рече Вангелис Кацарос од Универитетот Аристотел од Солун, експерт за цивилна заштита.

Членови на фејсбук групата Битолска патрола најавија дека оваа сабота на осум јуни после 12 часот во кругот на Офицерски дом во Битола ќе фотографираат непрописно паркирани возила на јавни зелени површини и фотографиите ќе ги доставуват до Општинскиот комунален инспекторат на град Битола и МВР Битола.

„Ова ќе го правиме од причина што граѓаните на Битола масовно не ги почитуваат Одлуката за комунален ред и Законот за комунални дејности, па непрописно ги паркираат своите автомобили на јавни зелени површини, а со тоа ги кршат законските прописи и нанесуваат штета на непосредната околина“, пишува во соопштението.

Од Битолска патрола апелират до граѓаните на Битола да бидат внимателни и да ги почитуваат сообраќајните знаци и на тој начин нема да бидат доведени во непријатна ситуација со фотографиите од нивните непрописно паркирани автомобили.

Тие се повикуваат на Одлуката за комунален ред на Општина Битола (Службен гласник бр.14 од 03.12.2012 година) во член 49 е забрането секакво минување, запирање, паркирање и оставање на било кој вид возила и нивно миење во паркови, јавни зелени површини, парк-шуми и рекреативни површини. Во член 82 е дефинирано дека Непрописно паркирано возило е она возило кое е паркирано на јавните површини спротивно на важечките прописи. Во член 121 е наведено дека ќе се применуваат Прекршочните одредби кои се предвидени во член 43 од Законот за комунални дејности (Службен весник бр.95 од 26.07.2012 година) во кој е предвидена глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност во мандатна постапка за секое физичко лице кое ќе постапува спротивно на Одлуката.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани