
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Информација за мерките што се преземени за подобрување на амбиенталниот воздух во Битола, по барање на опозицијата беше вонредна точка на дневниот ред на денешната седница на Советот. ВМРО-ДПМНЕ го окфалификува извештајот како срамен, затоа што не содржи доволно информации, а владеачкото мнозинство и порача на опозицијата дека аерозагадувањата е една од неколкуте теми за кои нема право да зборува во наредните 10 години.
Општина Битола го објави повикот за надоместување на дел од трошоците на граѓаните кои ќе купат клима уредни инвертери за 2019 година. Целта е стимулирање на граѓаните да користат обновливи извори на енергеија за затоплување на своите домови кои минимално ги загадуваат почвата и воздухот и не влијаат врз климатските промени.
Власта доби поддршка од независните советници од Поинаку за годишните програми за работа на битолските основини и средни училишта и за вработувањата по училиштата, додека советниците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против.
Седница на Совет за понудената Платформа за развој на ракометот во Општина Битола помеѓу ракометниот клуб „Пелистер“ и „Еурофарм работник“ ќе има во текот на оваа недела , најави претседателот на Совет Валентин Груевски на денешната седница на Совет.
РЕК Битола е апсолутен победник на Спортските работнички синдикални игри на ЕСМ што се одржаа во Автокампот Ливадиште.
Со овации од публиката беа испратени хористите од хорот на Словенечкото здружение Триглав од Битола, при нивните минатонеделни настапи во Нова Горица во Република Словенија и Ријека, во Република Хрватска.
Над 200 метри кубни ѓубре е собрано во есенската акција за чистење на повеќе од 20 диви депонии во урбаниот дел на Битола, во која учествуваа сите јавни комунални претпријаија од градот, а се приклучија и голем број граѓани кои живеат во близина на овие депонии..
Вработени од јавните претпријатија „Пазари“ и „Комуналец“ како и граѓани од околните населби од утрово го чистат просторот околу Новиот реонски пазар во Битола.Директорот на ЈП „Пазари“ Владе Атанасовски вели дека во многу наврати и самоиницијативно со поголеми акции го исчистиле просторот околу Новиот реонски пазар, но за жал за кусо време отпадоците се насекаде на оваа локација.
-Треба подигање на свеста на граѓаните околу заштитата на животната средина. Токму овој простор многу пати е чистен средуван и дезинфициран , но повторно и повторно се фрла секаков отпад. Денеска со наши вработени и вработени од „Комуналец“ излеговме на терен и што е за респект ни се приклучија и граѓани. Тука сме да ја смениме сликата на подобро, и се надевам дека оваа слика ќе потрае и ѓубрето секој од нас ќе го фрла онаму каде што му е местото, во контејнерите а не по земја, на улица или каде ќе им текне. Мора да ги чистиме дивите депонии и да не дозволиме да се повторат, изјави Атанасовски за апла.мк

Од денеска ЈП „Комуналец“ ја започна големата акција за чистење на дивите депонии во Битола, во која со своја машинерија учествуваат и јавните претпријатија „Водовод и „Нискоградба“, а во акцијата учествуваат и претставници на невладиниот сектор и локалното население.


Жардиниерите на Широк Сокак полни се со ѓубре. Кој како стигнал во нив, среде цвеќињата, ги оставил празните лименки и пластични шишиња од пијалоци, како и отпадоци од хартија и се друго.


