2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Во пријатна и натпреварувачка атмосфера помина спортскиот натпревар во спортската сала на училиштето „Климент Охридски“ во Битола во кој заедно учествуваа лица со попречености и ученици од основните и средните училишта од Битола и Прилеп. Натпреварот беше во рамки на проектот „Можеме и сакаме да пееме“ што е дел од медиумската кампања „Попреченоста е само прашање на перцепција“, а во организација на Здружението на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Битола.

Хуманитрна помош за штитениците во Домот за стари лица „Сју Рајдер“ достави невладиното еколошко здружение „Еко жена“ од Битола. Членките на оваа организација, од средствата издвоен од членарината, во Старскиот дом донираа пижами, хигиенски средства, прехранбени продукти, домашно подготвени колачи, сокови, а една од членките им подари 30 пара рачно плетени калчуни, на што штитеницте посебно се израдуваа, велат од „Еко жена“.

Смок долг околу два метра денес бил забележан на улицата „Илинденска“ во Битола во близина на населбата Ушици. Смокот го виделе и фотографирале група деца кои си играле на улица. Раскажуваат дека змијата лазела низ улицата кога поминало возило и ја прегазило. Во близина на местото каде се појави змијата има паркче каде често пати си играт деца.

Прегазен смок денес бил забележан и во месноста кај Симпо во Битола. Овие змии не се отровни. Во април пак, битолчани видоа змија како лази по ѕидот од коритото на реката Драгор во близина на Безистенот.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН - 6 јуни, во 1923 година, во село Раково, Егејски дел на Македонија, е роден Гавро ПАНОВСКИ-Јуноша, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

Академската фела се вклучува во изработка на значајни проекти за градот, а за таа цел денеска деканот на Теничкиот факултет проф. др. Стојанче Нусев, потпиша меморандум за соработка со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола пред овогодинешната сезона за наводнување со сопствени финансиски средства го обнови возниот парк. Набавени се шест теренски возила, трактор и приколка, мулчер и десет мопеди, инвестиција вредна 100 000 евра. Средствата се обезбедени преку домаќинско работење на претпријатието и рационално трошење на средствата.

Градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски синоќа свечено го отвори 6-от по ред Меморијален турнир во мал фудбал "Пеце Матичевски " кој во наредните 20-тина дена ќе се одржува во повеќенаменското игралиште во Новаци .

Ве известуваме  дека во периодот од 10.06. 2019 година до 10.07. 2019 година, нa корисниците на услугите на ЈКП „Водовод“ Битола кои имаат заостанат долг за вода и тоа; /по основ  на тужени, редовни сметки и фактури за сите физички и правни лица / им се дава можност да го платaт заостанатиот долг на рати.

Се известуваат граѓаните корисници на вода од ЈКП„ВОДОВОД“ Битола дека сметките и фактурите за потрошена вода можат да ги плаќаат покрај на пошта, благајната на ЈКП„ВОДОВОД“ Битола, интернет порталот за наплата на вода http://vodovodbt.mk и во следните Банки;

Американскиот кинематографер Ед Лакман (71) е годинешниот  лауреат на Златна камера 300 за животно дело на 40 –тото издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, што ќе се одржи од 14 до 21 септември во Битола, соопштија на денешната прес конференција првите луѓе на фестивалот. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани