
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека на 31.05.2019 истекува рокот за увид во претпополнетата Годишна даночна пријава за 2018 година.
Заклучно со овој рок даночните обврзници кои се регистрирани на системот е-Персонален данок преку своите кориснички профили имаат можност да го менуваат статусот на пријавата, односно да ја потврдат или да ја коригираат.
По истекот на законскиот рок на 01.06.2019 Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана.
На 01.06.2019 службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени или коригирани.
Годишната даночна пријава којашто граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи.
Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на персоналниот данок на доход за 2018 година.
Пресметаната разлика за доплата по Годишната даночна пријава и платените аконтации во 2018 година, даночните обврзници имаат обрска да ја платат најдоцна до 30.06.2019. Согласно законските одредби УЈП нема да носи Решение за 2018 година за пресметаниот годишен персонален данок од доход.
Граѓаните кои имаат потреба од помош при коригирањето на претпополнетите Годишни даночни пријави можат да се обратат во контакт центарот на Управата за јавни приходи на телефонските броеви 0800 33 000 (само од фиксни оператори) и 02/3253 200 (од сите оператори).
Воедно, апелираме до граѓаните кои оствариле приходи, а сеуште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, истото да го сторат во најкраток можен рок имајќи ги предвид бројните придобивки на користењето на системот, меѓу нив и заштедата на време коешто досега даночните обврзници го губеа чекајќи во долги редици пред шалтерите и во даночните канцеларии на Управата за јавни приходи.
Изворното соопштение е достапно на веб страната на УЈП http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/699
Петмина мажи биле фатени викендов со приколка полна со риби украдени од рибникот Букри, информираше битолската полиција.
-На 26 мај околу 20.30 часот во СВР Битола била пријавена кражба на риби од рибник Букри. Полициски службеници излегле на местото и затекнале патничко возило со приколка полна со риби и пет лица А.С.(33) од Битола, А.Н.(34) од с.Живојно, П.С.(54) од Битола, Б.А.(25) од с.Гермијан и С.К.(61) од с.Канино. Лицата биле лишени од слобода и по целосно докуменитрање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР-Битола.
Приватниот „Интимен театар“ од Битола ја подготвува претставата „Жени“ во која наместо професионални актери, ќе играат битолчанки болни од рак на дојка.
Салонот за мебел „Нефа“ на битолски Широк Сокак е затворен и испразнет, како и останатите продавници низ Македонија на оваа српско-руска фирма, а купувачите кои нарачале и платиле, останале и без пари и без мебел.
Со знамето на СФРЈ и фотографија на Јосип Броз Титоа, кафе барот „Буре“ на плоштадот Магнолија и годинава ги потсети битолчани дека на денешен ден, 25 Мај, во Титова Југославија се славеше Денот на младоста и роденденот на Јосип Броз Тито.

Денот на младоста го одбележаа и претставници на Сојузот на борци од Битола и граѓаните продолжувачи кои положија цвеќе пред спомен бистата на Јоспи Броз Тито на Широк Сокак.

По повод родененденот на претседателот на СФРЈ, Јоспи Броз Тито, на 25 Мај секоја година, момчиња и девојки од поранешна Југославија, педесеттина дена ја носеа низ целата земја штафетата на младоста и му ја предаваа на Тито.

На овој ден, пионерите, младинците, студентите и припадниците на сите родови на војската на СФРЈ учествуваа на традиционалните слетови, кои се одржуваа на тогашниот стадион на ЈНА во Белград.
По правило, некаде од публиката или од теренот, ќе излезеше познат спортист или истакнат младинец, кој трчајќи низ стадионот ќе се качеше до свечените трибини каде беше Тито. Тој ја преземаше штафетата и се обраќаше со краток говор.
Штафетата секоја година беше различно дизајнирана, а во неа се наоѓаа пораки од младината на СФРЈ од сите тогашни републики до претседателот.
Празникот започнал да се прославува од 1945 година на иницијатива на младината од Крагуевац, Србија. Така, првите години штафетата го симболизирала роденденот на претседателот на СФРЈ , но од 1957 година, токму на негова иницијатива таа станала штафета на младоста, а 25 мај бил прогласен за Ден на младоста, кој се славеше до 1987.
Во повеќе градови низ поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија и денес, 39 години по смртта на Јосип Броз Тито, се одбележува Денот на младоста.
Исто така голем број југоносталгичари на 25 Мај ја посетуваат Куќата на цвеќето во Белград каде се наоѓа Титовиот гроб и му оддаваат почит на претседателот на некогашната СФРЈ
Град со големина на лешник попладнево падна во населите Областа, Касарната, Црн Мост и околу Клиничката болница. Врнежите беа доста интензивни, па градот успеа да побели дел од покривите на објектите. Силното невреме проследено со обилни врнежи на дожд предизвика поплавување на визби во некои згради во овие населби, како и кратки прекини на струјното напојување. Ова е втор ден како Битола е зафатена од обилни врнежи и грмотевици. Силно невреме и вечера го имаше приклештено градот во вечерните часови и го отежна сообраќајот.




Откорнат од земјата и фрлен на тревникот е сообраќаен знак на улицата „Север и Југ“ во Битола. Оставен е покрај едно дрво со денови иако жители од околните згради велат дека пријавиле во полиција. Според нив знакот кој покажува дека „наидува улица со првенство“ се мисли на улицата „Партизанска“ намерно е откорнат од несовесни граѓани, велат некому му присметало па решиле самоволно да го регулираат сообраќајот како што им одговара.
Оштетувањето на сообраќајните знаци во Битола не е првпат, па освен локалните жители, другите не го знаат важечкиот сообраќаен режим и не го почитуваат. Но тука се отвара прашањето што со тие возачи кои не го знаат правилото?
Мала прошетка низ улиците во Битола , особено низ помалите и споредните, е доволна за да се открие и друго неодговорно однесување кон сообраќајната сигнализација низ градот. Дел од сообраќајните знаци се искривени, исчкртани со спрејови, избледени, врз нив се залепени постери, а дел се и откорнати, или само знакот или заедно со металната прачка.


|
Советот ја усвои завршната сметка на Основното училиште „Тодор Ангелевски“ од Битола за 2018 година. Во ова училиште, под водство на директорката Љубица Стерјева, во текот на учебната година 2018 беа извршени повеќе зафати со кои се подобрија условите за изведување на настава. |
|
ПОДРАЧНО УЧИЛИШТЕ „ТОДОР АНГЕЛЕВСКИ“- ГОРНО ОРИЗАРИ |
|
-Комплетна реконструкција на кровната покривка ,заедно со таванот во училница во училиштето во Г.Оризари. -Молерисување мрсно ,посно сите училници ,наставничката канцеларија и ходниците во училиштето во Г.Оризари. -Во поголем дел од училниците во Г.Оризари се купени плазма телевизори . -Променети се целосно сите прозори и врати со искршено стакло во училиштето. -Низ ходниците во училиштето поставени се нови клупи и масички кои ги користат учениците за време на одморите во училиштето во Г.Оризари. -Во спортската сала во училиштето во Г.Оризари пререден е поголемиот дел од паркетот. -Зголемен е библиотечниот фонд на книги во училиштето во Г.Оризари,уредена е библиотеката поставен е лаб топ и печатар во библиотеката. -Дворот во училиштето во Г. Оризари е уреден со поставување на нови рефлектори за осветлување и засадени се зимзелени дрвца,со бојадисани гуми од возила за разубавување на училишниот двор. -Во училиштето се направи за прв пат минатата година комплетно пустање во работа на котелот и ставање во функција , парното.Предходно во училиштето затоплувањето беше на печки на дрва. -Поставена е телефонска линија заедно со аларми за комплетно одезбедување на училиштето. |
|
ЦЕНТРАЛНО УЧИЛИШТЕ „ТОДОР АНГЕЛЕВСКИ “-БИТОЛА |
|
-Во централното училиште „Т.Ангелевски“-Битола молерисани се поголемиот дел од училниците во подрумот и првиот спрат од училиштето,мрсно,посно. -Престојот во централното училиште е опремен со 8 нови пластчни масички во боја заедно со 32 разнобојни столчина,со нови подлоги за престојување и играње на децата од престојот. -Истружен и лакиран е паркетот во поголемиот дел на училниците од првиот спрат во централното училиште. -Училниците во централното училиште со подновени со нови плазма телевизори. -Извршена е промена на искршените прозорци во централното училиште. -Бојадисани се клупите и масите во училишниот двор,засадени се зимселени дрвца и цвеќиња. -Поставена е телефонска линија во централното училиште ,со интернет и аларми за обезбедување на училиштето. -Направено е комплетно реновирање на спортската сала во училиштето,истружен е и излакиран е паркетот 90 м2 ,купени се два комплет дресови за сите училишни спортски екипи,набавени се 16 топки и обрач за кошарка во училишниот двор,променети се неонките низ училиштето и нови комплети лед штедливи неонки ,три за спортската сала и една училница. Набавени се две нови справи во спортската сала ,вратило и разбој. |
|
ПОДРАЧНО УЧИЛИШТЕ „ТОДОР АНГЕЛЕВСКИ “-населба СТРЕЛИШТЕ |
|
Направено е молерисување во училиштето. Поставена е телефонска линија со интернет и аларми за обезбедување во училиштето. Во училишниот двор посанени се зимзелени дрвца,со уредување на училишниот двор. |
