2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

190 милионер на Државна видеолотарија е Мaрјан Силјаноски од Брвеница. Тој го освои најпосакуваниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Државна видеолотарија вреден 1.611.875,00 денари. МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката е освоена Клуб Спорт 77 Евротип во Брвеница на 26.02.2019.

Сојузот на спортови на Битола ги прогласи најуспешните спортисти на нашиот град за минатата година. Доминираше ракометот, па сосема очекувано репрезентативецот Филип Кузмановски од Еурофарм Работник е победник во изборот.

Нов милионер на Државна видеолотарија е Миле Тодоровски од Новаци. Тој го освои најпосакуваниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Државна видеолотарија вреден 1.590.614,00 денари. МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката е освоена Клуб Спорт 77 Евротип во Новаци.

Од рано наутро најдолгата пешачка зона во Битола, Широк Сокак, се мети и чисти од сметот и се подготвува за новиот ден.

Пред да се отворат дуќаните, кафичите и кафеаните за муштериите, комуналците ги чистат  и празнат контејнерите и кантите за отпадоци, а во тоа им помагаат и дуќанџиите.

Комуналците велат дека имаат полни раце работа, особено  сега кога во најголем дел од дуќаните се изложува новата пролетна гардероба.

 ss5

ss2

ss3

ss4

 

Најдобрите млади соло пејачи оваа сабота (02.03.2019)  пред стручното жири составено од светски реномирани музички имиња ќе ги покажат своето знаење и талент на специјалниот настан кој ќе се одржи од 10 до 16 часот во Државното музичко училиште во Битола.
Победниците во различни категории истата вечер, во 20 часот, ќе учествуваат на големиот Гала концерт во Народен театар Битола.
Ова музичко доживување го организира Ротари клуб – Битола, а истото е поддржано од Општина Битола, Државно музичко училиште Битола, Млекара АД Битола и Народен театар Битола.

Најдобрите млади соло пејачи оваа сабота (02.03.2019)  пред стручното жири составено од светски реномирани музички имиња ќе ги покажат своето знаење и талент на специјалниот настан кој ќе се одржи од 10 до 16 часот во Државното музичко училиште во Битола.
Влезот е слободен, а победниците во различни категории истата вечер, во 20 часот, ќе учествуваат на големиот Гала концерт во Народен театар Битола.
Ова музичко доживување го организира Ротари клуб – Битола, а истото е поддржано од Општина Битола, Државно музичко училиште Битола, Млекара АД Битола и Народен театар Битола.

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола на ден 25 февруари, извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила,  појас, светло и алкохол, во сите полициски станици  при што биле контролирани 390 возачи и возила.

При контролата, констатирано е дека 16 возачи го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената, 3 возачи управувале без возачка дозвола, од 10 алкотестирани нема утврдено присуство на алкохол .
Нерегистрирани биле 5 возила, 8 возачи се писмено опоменати ,а  на 38 возачи  изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и14 прекршочни налози. Исто така при контролата откриени се и други 15 видови останати прекршоци.    

По барање на жителите од населбата Мал Париз кои се соочуваат со проблем во канализациониот систем, деновиве екипи на КЈП „Нискоградба“ работат на санација на дел од системот на овој потег .
Во должина од околу 100-тина метри, на терен се отстрануваат дотраените цевки од канализационата мрежа, кои не се променети околу 40-тина години и се поставуваат нови. Вредноста на оваа инвестиција е околу 330.000 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Битола.
Со подобрувањето на временските услови, кои овозможуваат работа на терен, екипите на КЈП „Нискоградба“ работат на повеќе места низ градот и околните населени места, на кои се менува или санира постоечката канализациона мрежа.

mal pariz

mal pariz 2

Противпожарната единица од Битола  во текот на јануари имала 51 интервеција, од кои 34 биле пожари на куќи од запалени оџаци. Во пет случаи целосно изгорела покривната конструкција и предизвикана е оргомна материјална штета. Најчеста причина за овие пожари се неисчистените оџаци и чадоводните канали

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани