2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Тешко е да се балансира со буџетот што го имаме зашто патувајќи низ Македонија слушам за успеси, но има и поплаки. Целата на посетата е да се увиди каде се направени пропусти и да не ни се повторуваат големите грешки од минатото, рече министерот за култура Хусни Исмаили кој денес ги посети установите од културата во Битола.

Нова сценографија за гостите на црвениот тепих на 40 јубилејно издание на  ИФФК „Браќа Манаки“- Битола. Вечерва гостите на свечената церемонија  ќе имаат можност да поминат низ посебна комора со  холограми  поставена пред Центарот за култура во Битола. Организаторите велат дека се е подготвено  за свеченото отворање на фестивалот.

На отворањето ќе има перформанс кој го подготвува режисерот Срѓан Јаниќијевиќ, кој вели дека „се работи за своевидно синематично доживување во кое и публиката е вклучена како актер, како еден фрејм од ‘филмот’“.
Перформансот го работат со Искра Шукарова и режисерот Јохан Мелин од Шведска. Сценографијата е на Марија Ветероска и Влатко Чачоровски, костимите на Марија Папуческа, а музиката е ремикс на музиката е ремикс на Илија Цветковски од тема од „Среќна нова ’49“ на Љупчо Константинов. Во перформансот (покрај публиката) учествуваат студенти на Факултетот за музичка уметност (катедра за балетска педагогија) и Стефанија Милев.

налов 1

налов 2

Патници во километарски колони  возила со часови се загалвени на Плетвар поради  густ чад и намалена видливост од голем шумски пожар над  селата Тројаци и Топлица. Сообраќајот на патот  Прилеп-Росоман е во прекин  во двата правца од 15 часот и 40 минути информираат од Автомото сојузот.

Битолчанката Мери Тошевска има потреба од донации на хумани граѓни за да го продолжи лекувањето во Ниш, Србија. Таа се движи со инвалидска количка, а медицинскиот третман што го добива таму ја подобрува нејзината здравствена состојба. За да се исправи на нозе мора да продолжи со лекувањето во Србија, кое мораше да го прекрати неодамна поради недостиг на средства. Сега оваа неуморна и храбра жена и мајка живее со надеж дека ќе успее да ги собере потребните средства и да се избори за поквалитетн живот каков што заслужува. 

Донации на: 

donacii

denacii 2

 

Општина Битола го објави конкурсот за доделување на наградата „4-ти Ноември“ за 2019 година. Наградата се доделува на физички и прани лица како знак на општествено признание за значајни остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природа како и други сегменти од животот, трудот и творештвото што претставуваат посебен придонес за развојот на општината, Република Северна Македонија и светот.

Наградата се доделува во две категории: едногодишна за достигнувања во периодот од 01.08.2018 до 31.07.2019 година и за животно дело што претставува заокружена континуирана творечка целина. 

 Наградата за едногодишни достигнувања се доделува на правни и физички лица, а за животно дело на едно физичко лице. Наградата за правни лица се доделува во вид на диплома, за поединци во вид на диплома и паричен износ, а за живтно дело во диплома и паричен износ. 

Право на предлагање кандидати имаат правни лица, здруженија на граѓани, групи на граѓани, поединци. 

Предлогот треба да биде детално образложен во писмена форма, во 10 примероци, а за кандидатите поединци да содржи и кратка биографија. 

Предлогот за доделување на награда за печатени или снимени творби се приложува и примеок од нив. 

Конкурот трае од 13.09.2019 до 14.10 2019 година. Предлозите се изнесуваат до УО на Фондот на наградата „4-ти Ноември“ на Општина Битола Ул. Булевар 1-ви Мај бр. 61 Битола.   

ИФФК „БраќаМанаки“ информира дека на еден ден пред почетокот на 40-тото јубилејно издание, во Македонија пристигна Едвард Лакман, годинашнит лауреат на Златна камера 300 за животно дело.

Пред почетокот на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, домакинот во Битола, Центарот за култура на својата фејсбук страница објави поштенска марка со ликот на Милтон Манаки кој била пуштена во употреба во 1980 година. Тоа било една година по создавањето на фестивалот, а марката во тоа време кога писмата биле едно од носечките средства за комуникација на далечина, покажува за високото вреднување на  делото на Манаки на просторите на поранешна Југославија. Годинава фестивалот слави 40 години постоење, па една ваква иницијатива добро ќе дојдеше.

„Во 1980 година тогашна ПТТ пошта на Југославија објави поштенска марка со ликот на Милтон Манаки. Нека ова биде поттик и за Македонска Пошта. Убаво би било браќата Милтон и Јанаки Манаки да ги имаме на наша поштенска марка во ново издание“ напишаа од Центарот за култура.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани