
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пожарот што избувна во напуштен објект во старата битолска чаршија околу 13,30 часот изгаснат е околу 16 часот, а екипи на Територијалната противпожарна единица се уште се присутни на местото со цел да спречат можност повторно разгорување на огнот.
Пламени јазици ја голтаат покривната конструкција на дуќан во старата битолска чаршија. Густ чад се издига од објектот, а огнот им се заканува и на соседните објекти. Сопствениците се вознемирани, некои се качени на чатија, а три екипи пожарникари интервенираат со три возила.
Станува збор за објект кој е во уличката наспроти дрвеното мовче, кој е реновиран пред неколку години, а дуќанот е за детска облека.





Паркингот кај „Јавор“ доби нов лик. За кусо време просторот е сосема обновен со нов асфалт и соодветно обележан. Комплетното санирање на паркинг просторот пред Стоковната куќа „Јавор“, со кој сега стопанисува Јавното претпријатие за паркинзи започна во петокот . Според директорот на ЈППЈЛП Зоран Дојчиновски на паркингот комплетно е изгребана целата површина и заменета со нова асфалтна маса со дебелина од 5 сантиметри. Дополнително овој паркинг простор е обележан согласно сообраќајниот проект кој го поседува претпријатието по што ќе следува целосно осветлување.

Во моментот со наплата функционираат паркиралиштата пред Спортската сала, Центарот за култура, старата Автобуска станица, а најдоцна до следниот понеделник ќе биде пуштен и зонскиот систем на отворено.
Во градот според студијата има 1987 паркинг места, но претходниот приватен конзерионер преброил 1551 место. Новото јавно претпријатие ќе направи нова нумерација за да се утврди точно ситуацијата.


Во СОУ “Таки Даскало“- Битола, подготвен е нов кабинет за градежно-геодетската струка, кој ќе биде промовиран утре во 12.30 часот.
Од училиштето информираат дека кабинетот е комплетно реновиран и опремен со најсовремена компјутерска опрема и софтвер, како и со најсовремени нагледни средства.
Сообраќајната раздвиженост на граничниот премин „Меџитлија“ претпладнево е зголемена поради продолжениот викенд. На „Меџитлија“ се чека од 15 до 30 минути. Автомобили со битолски и грчки регистарски таблички чекаат за излезе од Македонија во две колони.
АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајна несреќа вечерва се случи на Партизанска, стотина метри пред крстосницата кај "Шик Лавци", а поради увидот улицата беше блокирана за сообраќај.
Шпанската актерка Роси де Палма, муза на славниот режисер Педро Алмодовар, пристигна во Битоа и денес се појави на снимањето на филмот од белгиско-француско-македонска копродукција „Сирена во Париз“ што се одвива во Битолската клиничка болница. Де Палма на снимањето во Битола останува два дена. Taa е вклучена во сцени кои се снимаат во лифтот, низ ходниците и низ други простории во болницата.
Од филмската екипа од Битола која е вклучена во проектот велат дека иако е голема филмска ѕвезда, воопшто не е вообразена, туку се однесува многу природно, па без проблем можеле да се фотографираат со неа.
На денешен ден 8 септември 1942 година, загина Кочо Чолаковски–Станко, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење.
По повод Денот на независноста, 8 Септември, претставници на ОО на Сојузот на борците од Битола, политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како и членови на Советот на Општината, денеска положија свежо цвеќе и се поклонија пред Споменикот на Револуцијата во Битола.
