2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Битолската полиција поднесе кривична пријава против директорката на Високата медицинска школа во Битола, Домника Рајчановска, под сомнение  дека сторила две кривични дела  „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „повреда на правата од работен однос“.

Посетителите во националниот парк Пелистер до крајот на годинава ќе бидат ослободени од плаќање влезница, најави градоначалничката Наташа Петровска на денешната седница на Совет.

,,„Како опозиција баравме битолчани да бидат ослободени од плаќање влез во националниот парк Пелистер зашто тоа е најмалку што може да биде направено за да им се овзоможи да одат до најблиската дестинација каде можат да уживаат во благодетите на природата, особено од здравствен аспект. Со ребалансот се предвидуваат средства со кои Советот на Општина Битола ќе им овозможи на битолчани до крајот на оваа фискална година да можат бесплатно да влегуваат во паркот“, рече Петровска.

Општината е во разговори со Управата на Националниот парк за да им се рефундираат средства кои се собираа со посетите во паркот со цел битолчани бесплатно да уживаат во убавините на најстариот национален парк во земјава. 

Со ребалансот на буџетот на Општина Битола издвоени се два милиони денари за да им се надоместат трошоците на родителите кои во изминатиот период морале од џеб да го плаќаат превозот на учениците, кој законски треба да е бесплатен.

Нема врата или гаража во централното градско подрачје во Битола каде не стои предупредување од сопствениците дека „дупам гуми“ , „ тушам гуми “ или „вадам бандажи“ кога несовесни возачи им ги паркираат автомобилите пред врата, под прозорец или пред излезот од гаражите на нивните куќи. Факт е дека на жителите од центарот на градот им е преку глава од

И по 115 години од Илинденското востание, а сѐ уште не се знае каде се крие знамето на Главниот штаб на Битолскиот револуционерен округ, кого го сочинувале Даме Груев, Анастас Лозанчев и Борис Сарафов, а на кого му биле пренесени сите овластувања за Илинденското востание.

Дел од македонските историчари претпоставуваат дека знамето љубоморно се чува во некое депо во Софија, Бугарија.

Денес Владата го усвои предлог законското решение со кој на општините им се ставаат на располагање 3 милијарди денари за покривање на заостанатите долгови. Министерот за финансии Драган Тевдовски, на прес-конференција во Владата, рече дека секоја општина ќе добие неповратни средства за да покрие 51% од пријавените обврски. Овие средства се предвидени со ребалансот на буџетот.

Ловџија бил тешко повреден од огнено оружје вчера додека бил на лов со пријателите во близина на битолското село Лисолај. 

Досегашните активности и плановите и перспективите за идна можна соработка на повеќе полиња меѓу Општина Битола и Генералниот конзулат на Бугарија, беа тема на првата работна средба меѓу градоначалничката Наташа Петровска и новоназначениот конзул Димитар Иванов, кој е на оваа должност само седум дена.

Три клима уреди денеска беа донирани во јавната установа детски градинки „Естреја Овадија Мара од СН Осигурителен Брокер АД Битола.

Со гребен асфалт се санираат  дел од помалите споредни улици  во градот и во руралните средини, со цел да се затворат дупките по улиците и да се намалат прашините  на што реагираат  граѓаните.  

Екипи на ЈП „Нискоградба“ деновиве активно работат на поставување и тампонирање на гребен асфалт на дел од улиците „21-ва“ и „22-ра“ во близина на Хотел Битола, дел од ул. „Ванчо Јаневски“, мала улица  во состав на ул. „Цар Самоил“, пристап до улица кај крстосницата меѓу с.Трново и с. Ниже Поле, дел од ул. „Рашанец“ во Горно Оризари, како и улички во с. Бистрица.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани