2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Целосно е реновирана службата за итна медицинска помош во битолскиот Здравствен дом, променети се сите инсталации, подовите, ѕидовите, санитарните јазли и просториите кои што лекарите и медицинските сестри ги користат како соби за прегледи, приемното одделение, потоа просторијата за домашана посета е направена во специјална просторија за едукација на младите лекари. Набавен е нова канцелариска опрема и медицински мебел, како и нов   стоматолошки стол  во Ургентната стоматолошка служба.  Реновирањето  е напраевно од сопствени средства.

Бројот на дијабетичари во Битола се зголемува од месец во месец, што е причина битолското Здружение на дијабетичари да формира Електронски едукативен центар за дијабетес. Целта е на овој начин да му се помогне на населението пред се за превенција од болеста, но исто така и заболените да научат како да се однесуваат и полесно да се справуваат со тешеките последици од оваа болест.

АД ЕСМ подружница РЕК Битола, на своите вработени им го честита 28 Август-Ден на македонските рудари, а на сите православни верници им го честита големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица

Јавното претпријатие „Стрежево“ на своите вработени, граѓаните на Битола и на сите православни верници им го честита големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“ (Голема Богородица) со желби за добро здравје.  

Денеска претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје дневната температура ќе достигне до 35 степени, Маврово 33, Охрид 30, Битола и Крива Паланка 32, Берово 29, Кавадарци и Дојран 36.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 26 до 36 степени.

Вечерва во 20.00 часот во Интимен театар-Битола ќе се одржи премиерата на документарната театарска претстава „Жени“, што е изработена по текстови на жени болни од рак.

Од дворот на Медицинското училиште во Битола денеска  беа собрани 30 колички градежен шут и ѓубре во новата акција на Класнето и ученици од средни училишта во градот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани