
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На општините им е потребно целосно реорганизирање, бидејќи вака само се трупаат административци, порача денеска министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.
Среда (21 август) во Центарот за култура во Битола со почеток во 20 часот ќе се одржи манифестацијата „Незаборав“ која по деветти пат ја организира битолскиот продуцент Панде Димитровски. Оваа година „Незаборав“ ќе биде посветен на фестивалските фолк рефрени создадени и испеани од битолчани на Фолк фест Валандово во периодот од 1985 до 2000 година. На концертот ќе настапат групите „Калабалак“ и „Боеми“, хармоникашот Кирил Стојчевски и солистите Зоран Маневски, Билјана Дамјановска Јанчевска, Сефедин Бајрамов, Бојан Стојков, Елена Тодосиеска и Тамара Стојковска. Водител и годинава ќе биде Силвана Петрова Насух.
Претходните години „Незаборав“ беше посветен на: Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бавтировски, Љупчо Спасеновски (Буба Мара), Добри Ставревски, Гоце Николовски, Миле Шерденков и „Битолските конзули“.
Влезот е слободен.
Започна санација на паркинг просторот кај Спортската сала „Боро Чурлевски“ -Битола, што ја изведуваат екипи на КЈП Нискоградба Битола.
-Решаваме уште еден долгогодишен проблем во Битола, велат од ЈКП Нискоградба.
Од Општина Битола информираат дека се санираат ударните дупки на паркингот кај Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, а екипите на „Нискоградба“ деновиве ќе ги асфалтираат оштетените делови од просторот кој е во рамките на паркинг зоната на новото јавно претпријатие за паркинзи.

Хеликоптер денеска после пладне ја налетуваше Битолската тврдина- Џепането и ридот над поранешната битолска касарна.
Современо противпожарно возило и 10 интервентни комплети за ТППЕ Прилеп се набавени преку проектот: "Јакнење на капацитетите на територијалните противпожарни единици во Пелагонискиот регион" за противпожарната единица во Прилеп. Овој проект Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го имплементира во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа за 2018 година.
Гого Видимче директор на Центарот за развој на Пелагонискиот регион вели дека со проекти се работи на унапредување на рамномерниот развој на општините во Пелагонија.
-Продолжуваме со зајакнување на капацитетите на територијалните противпожарни единици во Пелагонискиот регион.Вкупната вредност на проектните активности за Општина Прилеп изнесува 5.681.244 денари од кои 3.180.000 денари се кофинансирање на Општина Прилеп, вели Видимче.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 19 август, во 1921 година во селото Раково, Леринско, Егејски дел на Македонија бил роден Трајче ГРУЈОСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.
Маж на 27 години починал на лице место откако сечејќи дрва, едно паднало врз неговата глава.
-На 18.08.2019 во 15,40 часот во Полициската станица Ресен од Итната медицинска помош било пријавено дека во с.Брајчино, при сеча на дрва едно дрво го удрило во пределот на главата И.С.(27) од Скопје. Од страна на лекар констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Битолчанецот Владимир Неделковски го освои 56 место на Светскорто првенство во параглајдинг што денес заврши во Крушево. Пласманот е одличен ако се знае дека на натпреварот учествуваа 151 натпреварувач од 48 земји. Резултатот е постигнат по изведени летови во десет диспиплини. Останатите членови од македонската репрезентација Горѓи Ристовски од Скопје го освои 83 место и Дарко Станковски од Велес се пласира на 101 место. Македонската репрезентација го зазеде 23 мето од 48 репрезентации.
Превенството го промовира Крушево како светска десетинација за параглајдерство. На него учествуваа четири учесници повеќе од најбројното првенство досега. Во текот на десетте натпреварувачки денови натпреварувачите прелетаа 130 000 километри

