2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Изградбата на Градскиот стадион во Битола продолжува, така што деновиве се гради вториот ред од северната трибина. Според локалните власти се очекува  до октомври трибината да биде во фаза на карабина, а потоа и занаетчиските работи. Вкупната инвестиција е 5,5 милиони евра, а сите пари ги обезбедува Општина Битола. Ланската година беа платени 1,1 милиони евра, а во текот на оваа и наредната ќе се плати остатокот од парите.

стади

ЈКП Комуналец- Битола  започна со менување на уличното осветлување во градот. Замената на светилките стартува од улицата „Васко Карнгелевски“ за која вечерва минувачите забележуваат дека се е осветлено како да е ден.

-По преземањето на одржувањето на осветлувањето од страна на ЈКП Комуналец,  претпријатието започна со менување на постојните сијалици со нови ЛЕД ламби. Се започна од улицата „Васко Карангелевски“, а ќе се продолжи по улиците „Партизанска“,  „Ремо“ и „Иван Милутиновиќ“. Планот е Битола во наредниот период да добие комплетно ново осветлување, но и Општината да плаќа пониска цена за уличното осветлување, вели за апла.мк  Валентин Груевски претседател на Советот  на Општина Битола .

Салата од лубеница со сирење и рукола послужена во пресечената  корупка од самата лубеница. Тавче гравче, полнети пиперки и  тиквички испечени во земјени тави, мусака, неколку видови на месо, либанско лебче со три вида на макала со лук, питулици со лук, орев и сирење, кошница направена од вкусно тесто полна со домашни кифлички... Вино со разни мирудии. Ова беше само дел од трпезата на битолчанката Александра Печалева, или нашата Сандра, подготвена од нејзините вредни раце за да ги пречека десеттината туристи од Франција кои на поминување низ Битола сакаа да го вкусат и доживеат токму нашето, македонското, локалното и по многу нешта посебно гостопримство. Сандра во тој момент е како уметник, нејзините бои се сите бои на природата, а платното, нејзината трпеза.

naslovna

Општинската комунална инспекција излезе на терен и побара од фирмата изведувач на станбениот комплекс во „Областа“ да го почитува Законот за градба и механизацијата да не излегува од градилиштето  со валкани гуми, туку претходно да ги измие.

Најдолгата пешачка зона, Широк Сокак, има сѐ помалку место за пешаци. Иако на секоја делница од главната битолска улица, поставен е сообраќаен знак за забрана за возила, запрежни коли,  велоспеди и мотори, сепак се почесто може да се забележи дека не се почитува сигнализацијата, со што во опасност се пешаците, а најмногу децата.

„Станбениот комплекс што се гради во „Областа“ не остави цело лето со затворени прозорци поради прашината, улицата е редовно со кал,а за бучавата од градежните машини да не зборуваме“, реагираат жители на улиците  „Нико Фундали“ и „Север и Југ“ во Битола каде се гради нов станбен комплекс.

Според нив од градежните работи се дига голема  прашина и не можат да ги отворат прозорците во текот на денот, а асфалтот на улиците „Нико Фундали“ и  „Север и Југ“ е постојано со кал во правец во кој се движат камионите на изведувачот.

Жителите од оваа населба бараат изведувачот да подигне повисока  заштитна мрежа, зошто постоечката не е доволна за да се намали разнесувањето на прашината, како и тоа улиците по кои се движат камионите со градежен материјал и земја да се мијат намалку три пати на ден, велат жители од населбата во реакција до апла.мк.

Технички проблеми се причината поради која Центарот за култура од Битола нема да прикажува кино проекции во наредниот период се до почетокот на најновото издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во септември.

Информацијата на Фејсбук ја соопшти директорката на Центарот за култира Маја Андоновска Илијевски .

-Најпрво ви благодариме за вашиот интерес и поддршка од самиот почеток на 3Д Кино Битола, публиката е најголемата мотивација за нашата работа!

Деновиве се соочуваме со технички проблем заради кој во моментот не можеме да имаме кино проекции. Ние веднаш пристапивме кон решавање на техничкиот проблем и вложуваме максимален труд, меѓутоа до почетокот на ИФФК „Браќа Манаки“ нема да имаме проекции, соопшти Андоновска Илијевски.

Според нејзината информација „За сите кои го пропуштија филмот „Брзи и бесни: Хобс и Шо“ ќе поставиме дополнителни проекции, а на репертоар ќе биде и филмот „Си било еднаш во Холивуд“.

Илијевски со порака и до најмладата публика „Имаме и порака до најмилата публика, која навистина е загрижена: Драги деца, ви благодариме што несебично ни понудивте да ни помогнете во поправката  Да, ќе го поправиме „киното“ и ќе можите повторно да го гледате „Кралот лав“ и сите други детски филмови. , пишуваа таа.

Оваа среда во Центарот за култура во Битола со почеток во 20 часот ќе се одржи манифестацијата „Незаборав“ која по деветти пат ја организира битолскиот продуцент Панде Димитровски. Оваа година „Незаборав“ ќе биде посветен на фестивалските фолк рефрени создадени и испеани од битолчани на Фолк фест Валандово во периодот од 1985 до 2000 година. На концертот ќе настапат групите „Калабалак“ и „Боеми“, хармоникашот Кирил Стојчевски и солистите Зоран Маневски, Билјана Дамјановска Јанчевска, Сефедин Бајрамов, Бојан Стојков, Елена Тодосиеска и Тамара Стојковска. Водител и годинава ќе биде Силвана Петрова Насух.   

Битола е еден од петте градови во регинот вклучени во проектот „Планирање на урбана одржлива мобилност“ кој се фокусира на засилување на капацитетите на локалните самоуправи за активно соочување со проблемите во сообраќајот во градските средини.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани