2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Повеќе стотици дечиња од Битола и од Скопје ќе ја започнат новата учебна година со хуманитарната „Трка на радоста“, што ќе се одржи на 1 септември (недела) во двата града. Шеталиштето во Битола и во Градскиот парк (Школка) во Скопје ќе го исполниме со детски џагор и многу радости, велат организаторите.

„Трка на радоста“ ја организира TVB.mk – првиот веб ТВ-канал во земјава посветен на најмладата и најпребирлива публика.

Трката ќе биде наменета за првачињата, но и за децата од 7 до 12 години, а ќе се реализира во две трки – „Првачињата трчаат“ и „Учениците трчаат“.

Иницијатор на трката е Весна Божиловиќ, менаџер на TVB.mk.

– На 1 септември децата радосно ќе влезат во новото животно поглавје, а со самото учество ќе усреќат и свои врсници од загрозени семејства, зашто дел од средствата што ќе се соберат за учество на трката ќе бидат донирани. Ваквите трки се посебен вид забава за децата. Придобивките не се мерат со часовник, ни со наградниот фонд, туку според чувството на задоволство и вештините со кои се стекнуваат од мали. Како и во секоја друг спортска дисциплина, децата минуваат низ процес, каде не е цел само медалот или да се биде прв, туку некои други вредности. Освен што промовираат здрав начин на живот, детските трки  ја градат личноста на фер-плеј, почит на личноста, пријателство, истрајност, заемна поддршка. Кога на сето ова ќе се додаде хуманата нота, тогаш оваа детска трка го заслужува името „Трка на радоста“ – вели Божиловиќ.

Сите заинтересирани ќе можат да се пријават за трката најдоцна до 28 август.

Се продава гасната централа Логоварди Битола. Во јавниот повик за понуди објавен на интеренет страницата на Македонска берза пишува дека сопственикот „ЗК Пелагонија“ го продава 100% удел.

Компанијата ЗК „Пелагонија“ АД Битола соопшти дека е објавен јавен повик за доставување на понуди за интерес за купување на уделот кој ЗК Пелагонија АД Битола го поседува во Трговското друштво за производство на електрична енергија „Пелагонија енерџи“ ДООЕЛ Логоварди Битола.

Според информациите од компанијата, уделот претставува 100% од основната главнина на Друштвото и е со номинална вредност од 413.913.100,00 денари или 6,7 милиони евра и која има инсталиран капацитет за производство на 3 мегавати електрична енергија.

Според пишувањата во медиумите, гасната централа има лиценца за производство на електрична енергија од биогас до 2030 година, а цената на мегаватчас за овој вид енергија е 180 евра.

Во градот каде твореле браќата Манаки, денес имаат многу наследници. Тоа го покажа изложбата „Со љубов за Битола 2019“ што синоќа се одржа пред Центарот за култура, парнер на настанот кој пак, беше во организација на ЦЕРИ. На фото конкурсот пристигнаа 105 фотографии од 47 автори, а жирито имаше тешка задача од пристигнатите фотографии да селектира 30 најдобри.

Првата награда на конкурсот ја доби Ангела Зацеска за фотографијата „Огнено срце“ на која успеала да го улови моментот за време на перформанс ва Широк Сокак , каде изведувачот од пламен успеал да направи срце. Тоа симболично се поклопи и со името на изложбата која седма година со ред ги збира квалитетните дела на битолските фотографи. Токму наградената фортографија беше поставена и на постерот за годинешната изложба.68350231 2349457042038633 764451612583264256 n

(Прво наградената Ангела Зацеска) 

Втората награда ја понесе 14 годишниот Димитар Ристевски за фотографијата „Lady on a trainstation“ на која беше прикажана стара жена на железничката станица во Битола. Третото место го освои Александра Бунческа за фотографијата „Дргарчиња“ на која се фотогрфирани јата птици над стоковната куќа Јавор.69214887 512159046184082 8146860062028070912 n

(Второ наградениот Димитар Ристевски) 

68674299 2393306154327036 5993257833682960384 n

(Трето наградената Александра Бунческа) 

Благодарнци беа доделени и за другите учесници.

„Проектот во свој фокус ја има убавината на Битола , стремежот местото во кое живееме да го гледаме со нови очи“, рече Диоген Хаџи-Коста Милевски, претседател на ЦЕРИ Битола.

Творбите ги оценуваше тричелно жири од професионалните фотографи Димитар Чунговски, Ивона Кочов и Дражан Брачиќ.

„Оваа интересна изложба во Битола која има традиција од седум години доби една закрила од Центарот за култура. Изложбата е влезена во програмата на Министерството за култура , па соработката и понатаму ќе се развива и се надеваме дека ќе стане традиционална во рамки на она што Центарот ќе го организира како свои изложби“, рече Маја Андоновска Илијевски, директор на Центараот за култура.

68664854 3663730020319980 3194441738114564096 n

Дел од фотогрaфиите учесници на изложбата: 

68312893 2360504087366485 4924603372675268608 n

67965587 2472208316133307 99933477977194496 n

68362522 2463014020611444 6622661724426207232 n

68716645 850691321997520 3691952723705462784 n

68800633 2293559560909278 5894264880529145856 n

68753092 2339997149590571 2532927615304466432 n

На свила се печатени дел од артефактите во Спомен куќата на Татарчеви со цел да бидат подолготрајни. Свилените експонати се помал дел од над 70 архивски материјали кои ја красат обновената родна куќа на великанот на македонската револуција и првиот претседател на ВМРО, доктор Христо Татарчев(1869-1952).

Денес се навршуваат 125 години од одржувањето на Ресенското советување во куќата на Татарчеви. Куќата беше обновена во 2016 година, а на спомен плочата пишува дека на 15 август 1894 година првенците на Внатрешната македонската организација го одржале првото советување што во историјата на македонското национално движење за слобода се претвори во голема предилинденска искра.

Во Спомен куќата дел од материјалите стари повеќе од еден век се оригинали, а има и фотокопии на хартија. Сите тие ја докажуваат големата посветеност на Татарчев и неговите соработници во борбата за слободна Македонија.  

-Во богатата збирка поставена во Спомен куќата има факсимили од Татарчев, писма, разгледници, телеграми . Меѓу нив е и првата страница од докторската дисертација на Христо Татарчев и неговата биографија која била објавена на последната страница од трудот. Изложени се и дописни картички што ги праќал до неговото семејство од Торино, Италија. Дел од архивските материјали се печатени на свила, а не кои копирани на хартија. Урамени се и ги красат ѕидовите од спомен куќата, - раскажуваа експерти од битолски Завод и музеј кои беа вклучени во уредувањето на куќата.22140813 1496616573764487 5866781843394435687 n

(Фото од фб страна на Спомен куќата на Татарчеви) 

Зачувана оригиналната заклетва на организацијата

Во Спомен куќата заслужно место зазема заклетвата што комитите ја полагале при влегувањето во редовите на организацијата. Документот е стар, зачуван во ракопис, насловен како Клетва. Исцртан е крст, а под него пишува „се колнам во името на својата чест и врбата во Бога, дека верно и чесно ќе служам на интересите на својата татковина Македонија, без противење ќе ги слушам наредбите на ВМР Комитетот и ќе чувам во најдлабока тајна се што се врши во името на Комитетот. Во случај тоа да не го сторам да бидам убиен со револверот и со таа кама што ги целивам“.

Како една логичка целина по заклетвата следува Уставот на Тајната македоно-одринска револуционерна организација во која се изнесени залагањата за автономија на Македонија. За досетливоста на Татарчев и обидите дописите меѓу војводите да не паднат во рацете на власта сведочат и зачуваните шифрирани писма што ги праќал до организацијата. Зачувани се и неговите натписи во весникот Македонија од 1932/33 година.

Восочни фигури од осум револуционери

За да се долови периодот кон крајот на 19 век во Музејот изложжени се и спалната и работната маса на Татарчев. Целото богатство на архивски материјал, уметнички слики и ентериер е сместено на приземје и кат со вкупна површина од 280 метри квадратни. Во обновата на куќата на Татарчеви во Ресен, која беше пуштена во употреба во април 2016 година беа вложени 30 милиони денари.

Ентериерот е збогатен со уметничкиот портрет на д-р Христо Татарчев и со три големи сликарски композиции кои бележат значајни историски моменти. Тоа се Ресенското советување на Македонската револуционерна организација во 1894 година (кое се одржало во истата куќа), Ресенската чета на војводата Славејко Арсов која била заштитник на локалното население и на крајот, последното заминување на Христо Татарчев од родната земја.22195611 1496616690431142 991791537385712365 n

(Фото од фб страницата на Спомен куќата на Татарчеви) 

                Овој Спомен дом и сите содржини кои се презентирани во него се богатство кое ќе послужи за едукацијата на сите идни генерации. Тоа го овозможуваат и осумте восочни фигури од познатите македонски револуционери Христо Татарчев и Дамјан Груев, како и на учесниците на Ресенското советување: Анастас Лозанчев, Атанас Мурџев и Георги Пешков, тројцата познати ресенчани, Трајко Китанчев, поет, учител, деец и доследен борец за македонската слобода,   Андреј Љапчев и Симеон Радев личности значајни за балканската историја.

Христо Татарчев бил голем борец за независна Македонија. За жал, починал далеку од својата родна земја, во Торино, Италија во 1952 година.

Од 1979 година до сега, поточно во изминатите четири децении највисокиот врв на Алпите Монт Блан го искачиле 66 планинари од Битола, а некои од нив и повеќе пати, соопштија од Планинарско спортскиот клуб „Димитар Илиевски“ од Битола.

Двајца чувари ангажирани од Општина Битола ја одржуваат чиста обиколницата над Битола.

Споменикот на Филип Втори во Битола нема да се отстранува туку  ќе се обележи дека тоа е споменик од античкиот период, од еленистичкиот период.

Изградбата на колекторскиот систем на Пелистер продолжува, а во оваа фаза се предвидува изградба 5,6 километри од мрежата, додека во следната фаза треба да бидат изградени уште 4 километри, со што комплетно ќе се заокружи колекторот во Потпелистерието, кој ќе ги зафаќа отпадните води од кои сега ги загадуваат пелистерските извори и водотеци. Минатата година за негова изградба беа вложени 6 милиони денари, а за активностите годинава издвоени се 14,5 милиони денари.

Општина Крушево денес го објави тендерот за изградба на спомен обележјето на Тоше Проески. Огласот за јавна набавка за избор на изведувач за изградба на спомен обележјето е објавен на Електронскиот систем на Бирото за јавни набавки.

„Со години не се поместувало ништо за нашиот сограѓанин и поп икона, но еве денес, благодарение на владата, го објавуваме тендерот за изградба на вечното почивалиште со што конечно ќе почнеме да го градиме гробното место на Тоше. Конечно нашиот Тоше ќе има достоинствено спомен обележје.“, изјави градоначалникот Томе Христоски.

Битолчанки носеле елегантни венчални фустани и превези на свадбените церемонии уште кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Ова го вели познатиот битолски фотограф Петар Ставрев кој пред неколку години на Локум фест ја постави изложбата „Битолски свадби“. Тогаш имаше можност да избере фотографии од богатиот опус на Милтон Манаки.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани