
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денеска во Градскиот парк во Битола ќе се одржи отворен настан со име “Art Explosion” Арт Експлозија. Настанот започнува во 17:00 часот и ќе значи можност за уметничко изразување на сите заинтересирани граѓани од општината преку цртање на платно, графити, цртање со прсти, цртање на лице, цртање со кна, воедно ДЈ ќе ги забавува најмладите.Настанот е организиран од Европски волонтери од Турција со поддршка на локални волонтери од СФЕРА- Битола.
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 26 август 1944 година, на планината Кајмакчалан e убиена Естреја Овадија-Мара, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.
Родена била во Битола на 25 декември 1923 г. Основно и средно образование завршила во родниот град. Во 1938 г. заминала во Белград преку Еврејското хуманитарно друштво „Визо“. Од тој период станала член на југословенската комунистичка младинска организација СКОЈ.
Во мај 1941 г. се вратила во Битола. Во 1942 г. станала член на КПЈ. Во април 1943 г. станала борец на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“, а набрзо потоа во Битолскиот партизански одред „Гоце Делчев“. Кога била формирана Третата македонска народноослободителна ударна бригада на 26 февруари 1944 г. била поставена за политички комесар на чета.
Во август 1944 г. станала политички комесар на баталјон во Седмата македонска ударна бригада.
Загинала во борба со бугарските војници од пограничната караула на Кајмакчелан. За народен херој на Југославија била прогласена на 11 октомври 1953 г.
Подготвил: Александар Литовски, историчар
Голем дефект на водоводната мрежа на улицата 15 -ти Мај во Битола кај Ат Пазар ги мобилизира екипите на ЈКП „Водовод“ -Битола. Од „Водовод“ велат дека заради фрекфентноста на улицата која од Ат Пазар види кон Старата чаршија на дефектот мора да се интервенира само во недела, кога раздвиженоста на возила и пешаци е мала.



На денешен ден, 25 август во 1944 год, на Кајмакчалан загинал Нахмијас Мордехај (Мордо)-Лазо, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.
По националност бил Евреин. Бил во раководството на работничката еврејска младинска организација во Битола од 1934 г.
Пред војната одреден период живеел и работел во Белград, а по окупацијата на Вардарскиот дел на Македонија во април 1941 г. се вратил во Битола. Неговата куќа уште во тој период служела како еден од најважните илегални престојувалишта на партиските работници во градот. Во 1941 г. станал член на КПЈ во Македонија. Во 1942 г. станал борец во Битолско-преспанскиот партизански одред "Даме Груев". Подоцна станал командант на баталјон во Првата македонска бригада, а загинал како заменик командант на баталјон во Седмата македонска бригада во борбите на Кајмакчалан против бугарски војници од граничната караула.
Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар
Ова се новите дресови во кои ќе игра ракометниот клуб „Еурофарм Пелистер"на првиот меѓународен натпревар во рамки на СЕХА лигата. Новите дрссови го содржат и логото на Општина Битола и грбот на РК „Пелистер“.
Спортската сала „Боро Чурлевски"во Битола се подготвува за првиот меѓународен натпревар во рамки на СЕХА лигата во која на 4 септември во 20 и 45 часот ќе игра ракометниот клуб „Еурофарм Пелистер".
Комунални претпријатија од Битола и други градежни фирми работата на подобрување на условите и внатре и надвор околу Спортската сала, пред се во делото на осветлувањето и санацијата на паркингот.
Пожар што вечерва избувнал на ридот кај радарот над населбата Стрелиште е локализиран .Очевидци претходно раскажуваа дека пожарот го зафатил ридот кај радарот на оваа населба.

И вчера имаше пожар на локација кај Стрежевска населба. Од Територијалната противпожарна единица изјавија дека се испратени екипи на интервенција . На ридот гореше трева и нискостеблеста шума.
Веќе неколку часа гори шумата на магистралниот пат Охрид - Битола кај село Опеница. Читател на Апла.мк испрати фотографии, направени од магистралниот пат со напомена дека во моментов дува силен ветер што придонесува огнот брзо да се шири.

