
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Рано утрово околу 4 часот горел автомобил „рено меган“ паркиран на тротоарот на улицата „Благојче Силјановски“, поранешна „Максим Горки“. Врз опожарениот автомобил интервенирала против пожарната единица од Битола. Засега не се познати причините за опожарувањето на возилото.

Поради високите температури и зголемената потрошувачка на вода се известуваат граѓаните на Општина Битола рационално да ја користат водата.
ЈКП "Водовод" во наредниот период ќе врши дополнителни контроли за утврдување на евентуална злоупотреба од енормна потрошувачка на вода за пиење од страна на несовесни потрошувачи.
Здружението на пезнионери од Битола заедно со Здружението на инвалитски пензионери и инвалиди на трудот од Битола ја завршија реконструкцијата на влезните скали кои водат кон просториите на Здруженијата. Новиот влез сега е пофукционален, има и пристапна рампа, па на пензионерите им се создадоа услови за непречено и побезбедно вршење на обврските и комуникација со Здруженијата.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 106 милиони денари за дополнителната субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка во преработувачки и откупувачки центри до 25 декември лани. Оваа интервентна мерка Министерството за земјодлество ја донесе со цел да се покријат загубите на овоштарите поради проблемите коишто се јавија при откупот на јаболка во ланската реколтата и да се ублажат последиците од временските непогоди во изминатиот период
Стотина параглајдеристи денес во различни бои го обоија небето над Битола, а нивниот воздушен танц низ фотообјективот успеа да го „улови“ битолската фотографка Ивoна Кочов. Параглајдеристите се дел од Светското првенство кое се одржува во Крушево каде има 150 учесници од 49 земји. Во рамки на своите дисциплини тие денес имаа прелети од Крушево кон Острец и Големо Коњари преку 100 километри.
„Немате поим што е тоа емпатија и грижа за граѓаните“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на диркеторот на ЈП за паркинзи, Зоран Дојчиновски, кој, пак, испрати доипс до медиумите по прес конференцијата на опозицијата во Битола.
Во детското оделение при КБ Битола реазлизиран е уште еден проект на Ротаракт Широк Сокак. Се работи за реновирање, разубавување на просториите во ова одделение.
Направено е цртање на ѕидните површини, a ќе прави и санација на подните површини и поставување нови плочки на подот.
„Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во општина Битола и тоа како има концепт и решение за паркирањето во градот’, возврати Зоран Дојчиновски, директор на Јавното претпријатие по денешните обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ дека власта немала концепт како да го реши паркирањето во Битола.
„Не е точно дека цената на паркинг услугите се зголемува. Имено, за првите два часа цената на паркинг услугата во централното градско подрачје (зона А) изнесува 30 денари, додека за секој следен час до крајот на паркинг сесијата цената изнесува 25 денари за час, што е за 5 денари пониска цена од предходната“, стои во реакцијата на Дојчиновски.
Викендов Битола беше раздвижена и живописна за што придонесоа и активностите на младите учесници од меѓународниот младински камп „Патоказ кон помируваењето“ кој по четврти пат се одддржува во Битола. Во кампот учествуваат младинци од Израел, Германија и Македонија.
