2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

По повод 7 април- Денот на здравството, претставници на Здружението на пезнионерите од Битола ја посетија Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ и на Интерното одделение му дадоа донација во постелини.

Како што соопштија од Здружението на пензионери, во разговорот со директорот на Болницата Зоран Лазаров се договориле за понатамошна помош во донации, како и за проширување на сорабтката што ја имаат воспоставено. Здружението на пезнионери од Битола и пред извесно време имаше организирано исто така донација за Битолската болница.

ovaaaaa

56387503 377940076136331 6400940905422913536 n

Злата Даниловска  II клас од  Државното средно музичко училиште во Битола освои прва награда (98 поени) на Меѓународниот натпревар по солфеж што вчера се одржа во Белград, Република Србија. На натпреварот со трета награда се здоби и Сара Сиљановска (89 поени) од истото школо.

-По втор пат го освоивме Белград, сега одиме понатаму во нови победи, велат од Државното средно музичко училиште во Битола.

zzzzz

zzzzzzzzzzzzzzz

Пајакот утрово ги подигна  непрописно паркираните возила на улицата „Климент Охридски“ во центарот на градот.

pajak 1

 
 
Непрописно паркирани возила има и на улицата пред хотелот „Епинал“, која ќе биде следна за „чистење“ од пајак службата
 
pajak2
 
pajak3

Под мотото „Градиме мостови кон иднината„ граѓанските организации „Сумнал“, „Баирска светлина“ и Националната контакт точка РОКМКАТЕД, годинава се вклучија во одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите- 8 Април.

Општина Могила интензивно работи на реализација на повеќе инфраструктрни проекти, информираат од оваа локална самоуправа. Пристапни патишта за земјоделците во Ношпал, подобрување на теренто во излетничкото место „Дупен Камен“, а во наеленото место Трновци по барање на месната заедница се пробиваат полски патишта и се поставуваат цевки за да се спречи поплавување на полето.

Лицемер, оваа квалификација ја доби лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски при посетата на Битолскиот пазар, од директорот на ЈП „Пазари“, Владе Атанасовски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес го посети битолскиот пазар и од тезга на тезга се поздравуваше со пазарџиите. Тие од него побараа да се запре иселувањето во Битола, како што рекоа „конзулска Битола се празни“, а една жена од пазарџиите му рече дека трите деца сите со дипломи ѝ заминале во странство.

Друга продавачка на овошје му се обрати со зборовите „најдете ни работа, вака со факултети да не висиме по тезгите“. Мицкоски рече дека имаат план, само им треба доверба. Некои од пазарџиите се поздравуваа со него, а потоа коментраа дека не виделе аир од никој политичар. Еден од пазарџиите доста емотивно му се обрати дека се традиционални вмровци од деведесетите години на минатиот век, но дека оние кои ја водеа партијата во изминатите години како што рече ја истуриле целата злоба и тие во работата се соочиле со инспекции и казни. Мицковски рече дека и критиката е добредојдена за да се подобрат состојбите.

„Сакаме да поразговараме со луѓето, да споделиме искуства како живеат и каква е потрошувачката. Од таа навигација можеме многу да научиме, а во иднина да ја искористиме во креирање на политиките“, рече Мицкоски.

Недостигот на сурово млеко го запре производството во сирењарата на Бимилк, а со тоа и извозот во САД. Намалениот сточен фонд во државата, го намали и производството на домашно млеко, а дефицитот за дел од млечните производи кои се извезуваат  се надоместува со евапорирано млеко. Производите на Бимилк за домашниот пазар се од млекото откупено од домашните кооперанти, тврдата од млекарницата.

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.П.(55), Ј.Б.(63), Ц.А.(65), Е.С.(31), М.К.(57), Д.К.(27) и Е.Е.(59) поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“. На 14.09.2016 првопријавената, како директор во државниот студентски дом „Кочо Рацин“ од Битола, донела и потпишала решение со кое себе си се распоредила како секретар во наведениот студентски дом, иако се уште вршела функција– директор, со што постапила спротивно на одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани