2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Три малолетни лица вчера  оштетиле дел од Фонтаната на плошатдот Магнолија, а очевидец случајот го пријавил во битолската полиција. Полициски службеници веднаш излегле на местото, по што сторителите се разбегале на различн страни.

Сообраќајната полиција продолжува со секојдневните контроли на возачите во Битола.

Во Битола вчера  се одржа и вториот форум од серијата регионални форуми кои се реализираат во рамките на проектот: ”Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” финансиски поддржан од страна на Министерство за локална самоуправа и Швајцарска Агенција за развој и соработка (SDC). Од предвидените четири форуми останаа уште два кои ќе се реализираат во наредниот период.
Согласно насоките од грантовата шема области на интервенции се: туризмот, животната средина, бизнис инфраструктурата и социјалната инклузија. Имено на овие регионални форуми на претставниците од јавниот, невладиниот и бизнис секторот ќе им се овозможи преку партиципативен и транспарентен процес на работа да предложат и изберат регионален проект во износ од околу 80.000 евра. Проектот треба да ги исполнува критериумите и барањата на донаторот и да одговара на потребите на регионот.
Откако ќе се идентифицира и изработи квалитетен регионален проект согласно насоките, ќе се аплицира до донаторот и по неговото одобрување Центарот за развој на Пелагонискиот Плански регион ќе го имплементира во текот на 2019 година.
Со реализацијата на проектот ќе се придонесе кон одржлив, рамномерен и инклузивен регионален развој на регионот, што всушност ќе претставува и краен резултат на серијата регионални форуми.

gogo 1

 gogo

Последната деценија на XX век и век и првите две децении на XXI век е еден краток, но како ретко кој друг историски период конфузен и тежок за класификација. Некои го нарекуваа транзиција, според дефиницијата на Емил Диркем многу наликува на аномија, според Марксовиот поглед можеме да го карактеризираме како крах и врвна криза на светскиот капитализам, според Маршал тоа е глобализацијата во своите породилни маки итн итн. Во суштина ќе го препознаете во бројни филозофски идеи, и размисли, но сепак останува прашањето „што “ навистина е ? Доколку се направи проста компарација и сумаризација тогаш лесно се доаѓа до заклучок дека основните карактеристики на овој период се: кризата, невладеење на општествени норми, сиромаштија, крвопролевање, националистички стеги и одлагање на дејствијата. Токму ова одлагање односно мораториум е клучниот термин.

Во природата на човековиот дух е да прави психолошки бариери и порекции, да гради своја комфорт зона, односно да ги одлага и прикрива реалните проблеми за определено време а притоа да чувствува определено задоволство. Ако оваа аналогија се пренесе на социо политичко и општествено еконоско ниво тогаш тоа значи дека овој мораториум на владеачките кругови им носи: власт, моќ и пари. За разлика од придобивките кои ги имаат властодржците, населението ја пробива рамката на сиромаштија, секоја година се повеќе се руинира производниот систем а тоа по природа генерира невработеност, а невработеноста социјални немири и проблеми. Немање на економски средства и слаб примарен сектор предизвикува крах во терцијалниот сектор. Од тука сосема едноставно е да се заклучи зошто во основа ги имаме проблемите во здравството, образованието како два носечки столба кои кога попуштаат, носат потполен крах на општеството како целина. Овие предпоставки налагаат да се постави едно важно прашање. Како во ваков период на „одлагање“ во суштина преживуваат политичките партии и политичари кои се присутни на политичката сцена колку што е и овој мачен период?

Политичките партии односно политичарите многу вешто го користат па и до определена мерка ги креираат ваквите состојби. Добивање на избори, без нудење на никаква економска платформа, со празни ветувања на реформи, проткаени со силна нитка на национализам, етноцентризам и фашизам. Согледувајќи ја реалноста, човекот како битие кое е делумно материјално и делумно духовно, истакаено со нитките на егоизмот, скоро секогаш за своите грешки обвинува некој друг. Кон ова се додава и карактеристичното чувството за историцизам, односно чувството за своето минато и пред кој секој нас во определена мера го носи во себе. Вештото комбинирање на овие преддиспозиции, го дава рецептот за успех и преживување на политички елити. Соочувајќи се со лошата реалност, народот бара и трага по славно минато, тоа минато некогаш и некаде поради некого прекинало. Имајќи ја предвид бурната историја на Балканот, многу е лесно скоро во секого да вперите прст и да го обвините. Според некоја дедукција тогашниот непријател, кочничар итн. е и сегашен. Доколку ова го ставите во мас медиумите и го форсирате секојдневно, тоа од определена квази историја, ќе стане реалност. Со други зборови релноста ја одлагате односно и ставате мораториум а на нејзино место носите некаква квази историска, полна со предрасуди и халуцинации реалност. Работникот, бедниот болниот, сега добива некаква слика дека власта не е таа што е виновна туку некој определен етникум/вера, или некоја надворешна сила. Вакво одлагање на реалноста е интересно што може да се случи и со проекција за „среќата во идниот век“. Безмалку по истиот метод објаснет погоре, со речивост и ревносност на средновековната, феудална схоластика и демагогија. Две Потемкини села, во кои како во логор е заробено населението и кои се меѓусебно спротиставени и водат исто така безсмислена војна кој е за иднината кој е против неа а во суштина и двата табори се заглавени во некој неопределен простор и време кој не кореспондира со реалноста.

На прв поглед оваа состојба наликува дека ќе трае се додека властодржците сакаат, односно со речникот на теоретичарот Махир Чајан се додека „ се одржува вештачката рамнотежа“. Заборавениот Хегелов „Дух на промената“ сепак ја работи својата работа, подмолно. Сфаќајки ја безцелноста на одложувачките Потемкинови села, нивните идеи и спорови, народните маси се почесто и побројно одбиваат да учествуваат во битките на кметовите на тие две села. Мораториумот преоѓа во апатија, апатијата во страдање а страдањето во идеализам. Идеализмот предизвикува бавно но силно обединување на двата предходно спротиставени Потемкинови табори, на основи сосема спротивни од тие кои ги разделуваа. Обединувачка рамка стануваат: социјалната правда, економија, образование, здравство, накратко речено целокупна ренесанса на општеството. Оваа ренесанса скоро никогаш не се случува со „општествен договор“ што своевремено го заговараше Русо. Силните и коренити промени бараат, длабоко прочистување на што се покажа како неквалитетно, медиокретско и безперспективно. Општествена ренесанса може да се случи само со општествена револуција. Револуција на свеста, на знаењата, дејствувањето, производството, живеењето. Потполно укинување на се неквалитетно а етаблирање на се она корисно, прогресивно и перспективно.

Крајот на мораториумот секогаш е тежок. Првиот удар се нанесува со соочување со суровиот материјализам и реалност. Крајниот удар е општата социјална револуција. Дефинитивно заминување од историската сцена ќе се случи во оној момент кога во пост револуционерниот период ќе се уцврстат здравите вредности, норми и дејствија од сите аспекти. Притоа секогаш, секој треба да е свесен од ризикот за повторно застранување. Таа неминовна свесност, во суштина е основниот гарант и механизам за спречување на повторно повампирување на предхоните мораториумски Потемкинови состојби. Борбата и истрајноста е клучниот елемент за успех! Патот кон великолепниот крај е тежок но е секогаш проткаен со мислата на Брехт „Оној кој се бори може да изгуби, оној кој се откажал веќе изгубил“ а успехот на борбата со мислата на Маркс „Критика кон се и секого“.

Пишува: Васко Гичевски студент на Институт за Историја при Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

Полициската станица во Битола регистрирала 239 прекршоци лани, од кои над 86 проценти се случиле во градот, а преостанатите по селата. Од прекршоците во Битола 146 биле на улица или полоштад, 20 во угостителски објект, а останатите на други места.

Извештајот што СВР го достави до битолскиот Совет покажува дека поднесени биле 237 барања за поведување на прекршочна постапка.

Најзастапени прекршоци според видот, биле физичките напади, ги имало на број 109 или безмалку половина, па учество во тепачка, уживање дроги, оддавање на пијанство на јавни места, фрлање и кршење на разни предмети.

Во горниот дел на главната битолска улица Широк Сокак, на потегот од некогашното кино „Македонија“ до вино бар „Буре“ и на улица „Рузвелтова“ в недела, 17 февруари, во периодот од 7 до 15 часот,  ќе има прекин во водоснабудувањето,   информираат од ЈП „Водовод“-Битола. 

Во срцето на градот на конзулите, од чкртаници одвај може да се прочита единствената информативна табла за улицата на конзулите во Битола. Таблата содржи историски факти за конзулското минато на Битола, поткрепени со фотографии од тоа време. За жал, несовесни лица со спреј го исчкртале стаклото од таблата. На неа со напор може да се прочита дека долж оваа улица се распространети зданијата каде што биле сместени францускиот, грчкиот, српскиот, англискиот конзулат.

Општина Битола ќе го покрие надоместокот за градинка на деца на самохрани родители од Битола чија плата не е повисока од минималната. Вакво барање достави Детската градинка „Естреа Овадија Мара“ до Советот на Општина Битола да донесе одлука за покривање на трошоците за згрижување на децата од самохрани родители кои го остваруваат правото на ослободување од партиципација во Јавните установи за деца на подрачјето на општина Битола.

По традиционалните  обичаи, битолчани денеска ги закројуваат лозовите насади.На празнувањето на Св. Трифун, лозарите симболично го полеаа лозјето со вино и ракија за богат род и молба за заштита од град и суша. Го направија адетот, закроjувајќи ги лозите во чест на светителот кој според верувањето е заштитник на лозовите насади и земјиштето што се обработува. Лозарите се молат на Св. Трифун да имаат многу род и здраво грозје, велат битолчани.

vvvvv

 

Во голем дел од земјава утрово се измерени температури под нулата.  Минус 6 степени се измерени во Битола.  

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала облачност, околу пладне и попладне облачноста ќе се зголемува па ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

И утре ќе дува умерен до засилен северен ветер, а ќе има и локални врнежи од снег, главно со слаб интензитет. Од сабота следува период на претежно сончево време со пораст на дневната температура.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани