2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Поради обилните врнежи од  дожд кои денеска го зафатија нашето подрачје екипи на ЈКП Нискоградба-Битола  интервенираа на канализационата мрежа, на чистење на сливници и решетки.

-Во текот на денешниот ден интервенирано е на улиците „Иво Лола Рибар“ ,ул.„ 9-та“ со чистење на канал, Новиот Пазар, улиците „Методи Патче“,„Елпида Караманди“, „4-ти Ноември“, кај Домот  за доенчиња, улиците „Васко Карангелевски“, „Тодор Паница“,„Игњат Атанасовски“, „Страшо Пинџур“... Остануваме во служба на граѓаните и понатаму будно ќе јас следиме ситуацијата на терен, велат од ЈКП Нискоградба –Битола.

nisko 5

nisko 4

nisko 3

nisko 2

По инструкции на Општинскиот кризен штаб кој го раководи градоначалничката Наташа Петровска, ЈП Пазари формира кризен штаб, како критично место на ЈП Пазари е Новиот реонски пазар во Битола каде има подземни води.

-Вработените дежураат 24 часа пумпите работат  без прекин, а имаме и резервни пумпи и помошна пумпа на бензин доколку дојде до поголема вода има подготвени пумпи од ЈП Водовод  кои на повик веднаш ќе дојдат , кризното место се наоѓа во подземјето на Новиот Пазар кај големиот маркет, вели Владе Атанасовски директор на ЈП Пазари-Битола.

pazar2

pazar3

Шокантно видео се споделува денеска на социјалните мрежи во кое возило кое се движи кон Битола на влезот од Прилеп кај Горно Оризари, преминува на спротивната страна од коловозот и удира во возилата кои наидуваат.

Нема место за страв од поплави по земјоделските површини во Пелагонија и покрај обилните врнежи дожд зашто Стрежевската акумулација е подготвена да ги прифати надојдените водотоеци, соопшти Менде Граматковски, директор на Јавното претпријатие „Стрежево.“

Евроамбасадорот Самуел Жбогар присуствуваше на чествувањето што се одржа денес на споменикот на Мурато на Копанки, Пелистер, по повод големиот јубилеј, 30 години од освојувањето на највисокиот врв на светот Монт Еверест од страна на битолчаенцот Димитар Илиевски.

Прво место освои хорот на ОУ „Гоце Делчев“ од Битола на Државниот натпревар за харови што денеска се одржа во Скопје. Младите хористи од Битола настапија во конкуренција на 19 хорови од цела Македонија. Натпреварот се одржа во ООУ „Љубен Лапе“ во населба Аеродром.

received 401383747258303

-Откако  ги освоивме максималните бодови на Регионалниот напревар за хорови во Битола, денеска освоивме првото место и на Државниот натпревар во Скопје. Настапивме како единствени натпреварувачи од регионот, од Битола, Демир Хисар, Ресен, Новаци. Отпеавме две композиции и задоволни сме и радосни за постигнатите резултати, ни изјави Марија Арсиќ, ментор на хорот на ОУ „Гоце Делчев“-Битола.

Лути пиперчиња за несовесните возачи и пешаци, а брошови за совесните делеа денес во Битола полицајците во придружба на ученички сообраќајни единици. Вака на симболичен начин во Битола беше одбележан Денот на сообраќајната култура од страна на СВР, Општинскиот совет за безбедност на патиштата и со клубовите на моторџии. Лутите пиперчиња и брошевите беа донација од мото клубот ,,Ѓорги Стефановски” и претседателот Даниел Ивановски.

Изведувајќи една од најопеаните шансони на дваесетиот век „Лили Марлен“, како и други музички нумери на големата и незаборавна Марлен Дитрих, хрватската актерка Ксенија Прохаска ги воодушеви битолчани. Со врвна сценска изведба, многу емоции и солзи, но и со прекрасен алт, таа синоќа настапи со монодрамата „Марлен Дитрих“ на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола.

213милионер на Државна видеолотарија е Ардијан Вучетиќ од Струмица. Тој го освои најпосакуваниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Државна видеолотарија вреден1.235.940,00 денари. МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката е освоена во Вамико Бет во Струмица на 07.05.2019.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани