
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во изградба е граничниот премин кај Маркова нога во Преспа. Обезбедени се 4,5 милиони евра за неговото отворање со цел да се подоби комуникацијата и економијата меѓу пограничните региони на нашата земја и Грција, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски на денешната прослава на Европски ден на соработка во Битола.
Европската Унија до 2020 година обезбеди 45,5 милиони евра за финaнсирање на проекти во пограничниот регион на нашата држава и Грција помеѓу општините од двете страни, нво секторот и граѓаните, изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски на денешната прослава на Европски ден на соработка во Битола.
Коловозот на улицата „Васко Карангелевски“ каде има вкупно 4 ленти наменети за возилата во двата правци, денеска беше сведен на две ленти за автомобилите, а две времено и пробно за велосипедистите. Оваа еднодневна активнсот се одвиваше во рамките на Европската недела на мобилност, со што промотивно беше претставена велосипедска патека на широка улица во градот.
Васко Ковачевски, генералниот директор на АД ЕСМ и Љупчо Кижевски, помошник-директорот за термоелектрани на директорот за производство, фотографирани при искачувањето на една од турбините во Паркот на ветерни електрани Богданци .
Платата на вработените во Јавното претпријатие „Водовод“ се зголемува за 5 проценти, а исто така се зголемува и бодот за исплата на плата на сите вработени во ЈП „Нискоградба“ од 13 септември годинава. Ваквите одлуки на јавните претпријатија денес добија и согласност од Советот на Општина Битола.
Советот денес даде согласност за годишниот план за вработувања во општинската администрација на Општина Битола за следната 2020 година. Според донесениот план, моментално во општинската админситрација има 146 вработени, а по основа на пензионирање и испразнети работни места за в година се планираат 36 нови вработувања.
Стручен тим од РЕК „Битола“ помогна да се отстранат дефектите и да се подобри работењето на котларата во битолската Клиничка Болница. Зафатите што РЕК ги изведе во установата изнесуваат 20 000 евра. Со ова Болницата без проблеми ќе ја дочека грејната сезона и веќе нема да има загуби од пареа и вода во системот за греење.
Професорка по солфеж во Државното музичко училиште во Битола, проф.Гордана Трајковска оваа година ја доби награда за повеќегодишно остварување во областа на музичката и балетска педагогија. Вака одлучи Комисијата за доделување на годишни награди на истакнати музички и балетски педагози по одржаниот состанок.
