2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Дефектот на цевководот на улицата „Васко Карангелевски“ е саниран и од 18 часот нормализирано е водоснабдувањето во тој реон на градот, потврдуваат од ЈКП „Водовод“-Битола.

Денеска претпладне  пукна цевка Ф 250 спроти Веро во Нова Битола, екипите на „Водовод“ веднаш интервенираа и за неколку часа е саниран проблемот.

Се известуваат жителите на селото Трново (на потегот од фармата во с.Дихово до црквата во с.Трново) кои се сопственици на викендици, потребно е да се јават во техничката служба на ЈКП "Нискоградба" заради склучување на договори за изработка на приклучоци во фекалната канализациона мрежа која е во фаза на изградба.

Големи количини на вода се излеваат на коловозот кај Новиот реонски пазар во Битола поради пукната водоводна цевка. ОД ЈКП Водовод велат дека се работи на санација на проблемот.

вод3

вода

Од утрово екипа на ЈП„Пазари“-Битола заедно со вработени и со поддршка од ученици на ОУ„Тодор Ангелевски“ се вклучија во акција за чистење на училишниот двор од отпадоци, косење на тревата и средување на зелените површини.

Викендов по повод Светскиот ден на чистењето, Општина Битола активно се вклучи во акциите на чистење, но не само еден ден. Интензивно ќе се работи на масовни чистења и оваа недела.

тодор 2

Викендов се спроведоа акции за чистење пред паркот на основното училиште „Тодор Ангелески“, на улиците „Наум Наумовски-Борче“ и „Илинденска“, како и во населбата „Ушици“ .

тодор 3

тодор 4

тодор1

На големиот празник Пресвета Богородица, заштитничка на мајките и на леунките, на Гинеколошко-акушерското одделение при Клиничка болница ,, Д-р Трифун Пановски" - Битола имаше 18 здрави бебиња, објавија од Мајчината школа на нивната фејсбук страница. На фотографијата се гинеколозите Николина Ристевска и Иванчо Василевски во придружба на своите колеги неонатолози и друг медицински кадар од истото одделение, опкружени со бебињата родени деновите пред и за Пресвета Богородица во Клиничката болница.    bebiwa 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани