
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Јавното претпријатие „Пазари“ од Битола заедно со тезгаџиите започна акција за отстранување на конците и ортомите кои висат над главите на продавачите и купувачите. Првата промена е направена на улицата во средишниот дел од пазарот која се наоѓа помеѓу сирењарата и реоните 3 и 5. Понатаму ќе следуваат и други инвестиции со цел битолскиот градски пазар да има што подобри услови за тезгаџиите и купувачите.
Четири проценти од сопствениците на туристички рурални капацитети во земјава користеле субвенции од државата или пари од други фондови за унапредување на бизнисот, покажа истражувањето на Руралната коалиција, поддржано од УСАИД.
Прегратката не ја препишуваат на рецепт (барем засега). Научно е докажано дека нејзиното дејство на нашиот организам е поголемо од било која таблетарна терапија. Имено таа е благослов со кој го намалуваме стресот, се поврзуваме, разменуваме енергија, покажуваме љубов, уживаме, чувствуваме припадност. Постои епидемија во светот наречена ,,Free Hugs,, или познато кај нас како ,,Гратис гушкање,,. Имено кога Хуан Мал стигнал на аеродромот во Сиднеј немајќи кој да го пречека и прегрне добил идеја да напише на картон дека дава гратис прегратка со што би го подобрил своето, но и расположението на многу други. Најпрво сите го гледале како да е луд за потоа да го прегрне една жена, а после неа да не прекине тој круг до денес. Сигурна сум дека Хуан не само што го подобрил своето расположение туку и се наполнил со позитивна енергија која почнувајќи од тој момент го обиколи светот.
Прашањето кое се поставува е: Зошто тоа така влијае кај човекот? Размената на енергијата при гушкањето е лековита. Научно е докажано дека се потребни 4 прегратки дневно за да преживееме, 8 за да имаме живот, а 12 за да напредуваме. Прегратката е нешто во кое даваме , но и примаме истовремено.Таа е божји дар за кој ни требаат две раце и добра волја.
,,Легендата вели дека секогаш кога некој искрено ќе го гушнеме добиваме ден плус од животот,,
Затоа не чекајте . На прегратката не и треба заслуга. Прегратката не е на продажба, ниту пак се препишува на рецепт,а е од исклучителна важност за подобар живот. Нашата душа бара да ја испочитуваме легендата доследно верувајќи во неа.
Пробајте, а потоа ако имате волја оставете коментар како се чувствувате. Ако вреди Вие препишете го првиот рецепт на оние кои ги сакате откривајќи ја ,,тајната,, 4-8-12 прегратки дневно.Практикувајќи добивате авторски права за тоа.
Колку повеќе толку подобро.Не е важно дали со една или повеќе личности. Не постојат нус појави ниту предозирање J .
Пишува,
М-р Билјана Галовска (coaching & NLP practitioner)
Првиот уписен рок во средните училишта во Битола започна денеска. Во 7- те средни училишта од градот според распишаниот конкурс на Министерството за образование и наука предвидени се вкупно 1966 слободни места, што е речиси двојно повеќе од завршени полуматуранти годинава, односно 1020 ученици. Но, во средните училишта во Битола се запишуваат деветоодделенци и од околните општини и градови.
Клиничката болница од Битола за потребите на пациентите на Очното одделение од сопствени средства набави најнов апарат за оптичка кохерентна томографија со OCT ангиографија за испитување на задниот сегмент на окото.
„Ова е најнов апарат, прв во јавното здравство во нашата земја и пошироко. Процедурата е неинванзивна и краткотрајна. Со ова на Очното одделение се отвора нов кабинет за компјутерска томографија во кој од август ќе работи обучен кадар по сите светски стандарди“, изјави за Апла.мк портпаролката на болницата, Сузана Конеска.
Траги од мечка се забележани над битолската населба Стрчин. Жители за Апла.мк раскажуваат дека ја виделе мечката со мало мече. Велат дека скоро секоја вечер слегува по ридот, во близина на населбата, во потрага по храна. Во околината има пчеларник, па стопанот за да ја набрка палел и оган. Но, попусто, мечката навраќа скоро секоја вечер. Планинари ја виделе како минува и кај каналот над месноста Смолево. Со години законот ја заштитува мечката од лов, па многу е намножена во планинските предели.
Агенцијата за заштита и спасување во соработка со Општина Новаци организира практична вежба за гаснење пожар на отворен простор. Вежбата се одржува во Старавина, Мариово. Започна во саботата и трае до денес. На неа триесетина пожарникари се обучуваат како да гаснат пожари на отворено. Во изминатите години на Кајмакчалан често пати се случуваа големи пожари во тешко пристапни терени, па оттаму и потребата од вакви обуки.
Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција го потпишаа договорот за името. Премиерот Зоран Заев рече дека со договорот „поместивме планини“. Посредникот Метју Нимиц рече дека спогодбата е „правична, чесна и спроведлива“.
Македонија е нашето име и нашиот код, затоа го повикувам народот и понатаму да продолжи нашата земја да ја вика Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот протест во Битола организиран против потпишувањето на договорот за промена на името.
Протестот на Широк сокак го предводеа група на граѓани на чие чело беше поп и граѓанин со крст на кој пишуваше „Република северно од Македонија“ . Групата носеше и транспарент со навредлива содржана за потписниците на договорот во Преспа.
Протестантите пееја црковни песни како за на панихида, се одвоија од толпата и крстот го оставија пред седиштето на СДСМ во Битола.
До инцидент не дојде, но веднаш по ова полицијата постави кордон од полицајци со штитници кои останаа таму и по завршувањето на протестот.
Граѓаните кои поминуваа ја прашуваа полицијата- кого го чува и од кој?