2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Цената на водата и таксата за канализација поскапеа во просек за 10 проценти. Водата за 2018 година  за домаќинствата од 24, 25 денари по метар кубен поскапува на 27 денари, поточно за 2, 75 денари. За индустријата од 45 денари на 47, 80. Сметката за Нискиградба  поскапува за 1,34 денари за домаќинствата, односно ако досега се плаќаше 10,55 сега ќе се плаќа 11, 89 денари. За претпријатијатаод 15, 83  на 17, 24 денари. .

Оваа генерација на битолски планинари од ПСК „Пелистер“ и покрај тоа што поседуваат неспорен правен континуитет и целосна документација за имотот на клубот, не се сопственици во смисол на кој што некои го посакуваат, туку само негови чувари. Вистинските сопственици се генерациите пред нас, сегашните, но и идните генерации планинари и граѓаните на Битола. Ова е дел од соопштението што ПСК „Пелистер“ го испрати до медиумите по вревата што се крена во јавноста околу обновата и приватизацијата на домот. Имено, пред три недели клубот започна со работна акција за обнова на домот, а Општината соопшти дека ќе обезбедат 100 000 евра за „Копанки“ но доколку им се даде сопственоста зашто не можат да вложуваат во туѓ имот. Потоа се појавија други здруженија и поединци кои побараа ревизија на приватизацијата на „Копанки“.

Во четврток на 28 јуни ќе се спроведе вториот уписен рок за учениците во средните училишта каде останаа  слободни места по првиот упис кој беше на 18 и 19 јуни.

Според конкурсот што го објави Министерството за образование, за првпат годинава запишувањата на деветтоделенците ќе заврши во јуни и нема да има уписи во август.

Експерти од Словенија  ќе ја обучуваат   администрацијата во општина Битола како подобро да се користат средствата од европските фондови. Ова на денешната средба го договириле Амбасадорот на Република Словенија, Милан Јазбец и градоначалничката Наташа Петровска на средбата што се  одржа во Битола.

Испраќањето на картички по пошта се враќа во мода барем кога се во прашање уметниците. Доказ за тоа е изложбата на поштенски мејл арт картички пред Офицерскиот дом во Битола со која започна 17 издание на фестивалот „Битола отворен град“ во организација на МКЦ –Битола.

Култниот белградски алтернативен рок бенд „С.А.Р.С.“ оваа година е главна ѕвезда на 17-то издание на фестивалот „Битола отворен град 2018“ во организација на Младинскиот културен центар од Битола што ќе се одржи од 25 до 30 јуни во Битола. Големиот концерт ќе се одржи на плоштадот Гоце Делчев овој четврток со почеток од 22 часот.

Разрушена, распадната, обезличена до крај текстилната фабрика „Хераклеја“во Битола, остана како нем  споменик од времето на социјализмот. Руината на некогашната фабрика сместена на Булеварот 1 Мај е грдата слика на градот. Затворањето на оваа фабрика,  а потоа и  стечајните лавиринти  не оставија во наследство ништо друго освен рушевини кои од далеку и само за миг ги крадат погледите на минувачите, предизвикувајќи чувство на сожалување, но и гнев.

Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив од Битола заедно со своите членови и волонтери како и соработниците и поддржувачите го одбележаа 1. роденден во амбиентот на кафе Бар Чаршија. Интерактив е граѓанска младинска организација која има за цел да обезбеди можности за локалната младина но и соработка со младите на меѓународно ниво. Целта на здружението е да развива активности и можности за младите во сферата на неформалното образование, промовирање на здрави животни навики, културата и уметноста како и граѓанско општество кои ги поттикнуваат позитивните вредности кај младите луѓе.

„ Активноста на организацијата се фокусира на многу аспекти кои се од интерес за младите: од обезбедување на услуги и информации, до истражување и поддршка за креирање политики и мрежно поврзување. Интерактив работи на создавање на различни одговорни и кооперативни заедници каде што граѓаните активно придонесуваат за социјалниот развој и интеграција. Нашата мисија е да обезбедиме одржлив развој на заедницата преку создавање на можности за квалитетно ангажирање на граѓанското општество, унапредување на можностите за учење и активно вклучување на младите луѓе и другите граѓани.“ – изјави Мартин Николовски, претседател на здружението.

Николовски додава дека и покрај тоа што Интерактив постои само една година, од самото основање здружението реализирано повеќе активности и проекти како на локално така и на меѓународно ниво.

„Иако Интерактив слави само една година од своето постоење, морам да истакнам дека сум горд што сум претседател на ова здружение. Во Интерактив членуваат повеќе од триесет млади но и возрасни од Битола. Во текот на оваа година нашите членови и волонтери учество зедоја на повеќе од 20 обуки во Република Македонија, остваривме две меѓународни младински размени во Анкара и Анталија во Република Турција, потпишавме меморандуми за соработки со 10 граѓански здруженија од нашата земја, како и две надвор од границите на државата. Имаме соработка со медиуми, локални самоуправи, а од неодамна Интерактив стана придружна членка и на Коалиција на младински организации СЕГА од Прилеп“ – изјави Николовски.

Неформалното образование е особено важно за развојот на младите, а младите се тие кои што го претставуваат најдобриот скенер за откривање на вистинските проблеми што постојат во општеството. Со некои насоки тие можат да го откријат коренот на проблемот и да го изградат својот пат за да најдат трајно решение за да се ослободат од проблемот. Интеракив како организација е мотивирана да работи со младите. Тимот на Интерактив се состои од искусни младински работници и млади волонтери, кои се големи ентузијасти, креативни, мотивирани, активни, иницијативни млади луѓе.

Здружението Интерактив од Битола на младите им дава можности да се вклучат, да промовираат неформално образование, мултикултурализам, потреба од самовклучување и активно граѓанство, како и зајакнување на капацитетите на младите во локалната средина.

 

Професорката Елизабета Попова Рамова која пред десетина дена доби отказно решение од Високата медицинска школа,  ја доби правната битка. Управниот суд, одлучувајќи по нејзина тужба  ја поништи одлуката со која ѝ беше одземено професорското звање од страна на Високата медицинска школа. Попова Рамова иако беше носител на студиската насока за физикална медицина  беше  отпуштена од работа откако Просветниот инспекторат постапувајќи по пријава за плагијат побара од Високата медицинска школа во Битола да ѝ го поништи звањето професор.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани