
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во НУ Завод и музеј се одржа концертот насловен „Романсијада“ – вечер со руски романси. Публиката уживаше во изведбите на Катица Мишевска од класата на проф. М-р Весна Гиновска –Илкова, Магдалена Тодоровска од класата на проф. м-р Ана Дурловски, Лука Петешев од класата на проф. М-р Борис Трајанов и Тодор Арсовски - проф. М-р Весна Гиновска –Илкова.
Од почетокот на овој месец ограбени се неколку цркви и манастири во демирхисарско. Според СВР-Битола во периодот од 01-05 јули од страна на непознат сторил извршени се повеќе тешки кражби во цркви во селото Стругово, во манастирот „Свети Антониј“, во Прибилци, во црквата „Света Богородица“ . Во Суводол кражба имало и во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, во Стругово во црквата „Свети Атанас“и во Слепче во црквата “Свети Никола“ ,при што направена е материјална штета во износ од околу 14 000 денари.
Се превземаат мерки за расчистување на настаните.
Денеска започна изградбата на внатрешните станбени улици во новата населба „Златен рид“. За почеток багерите влегоа во улицата „Тодор Скаловски“ позади зградата „Аурум“. Од кредитот за изградба на улици во поранешната касарна што го подигна бившата локална власт во висина од 2 и пол милиони евра, останале пари, па новата локална власт донесе одлука да прави уште десет нови улици во поранешната касарна.
Битолскиот камерен оркестар и овојпат ги надмина очекувањата на многубројната публика за време на „Рок симфонијата“ која се одржа синоќа на ракометното игралиште во Битола, во рамките на програмата на Битолското културно лето.
Со музички спектакл на Анета и група „Молика“ вечерва од 21 часот во дворот на општинската зграда свечено ќе биде отворено Културното- забавно лето во општина Новаци. Во следните два месеца, поточно до 19 август на повеќе места низ територијата на општината ќе се организираат 16 културни настани почнувајќи од концерти, етно, фолклор, хумористички театарски претстави и друго.
„Програмата се подготвуваше во дослух со граѓаните. Планирани се повеќе настани на различни локации на цела територија на општина Новаци, како во Градешница, Живојно, Добромири, Далбеговци. Сето тоа со цел на сите населени места и нивните жители да им овозможиме реномиран локален културен развој. Сакаме ова културно лето да постане своевиден бренд кое ќе им овозможува на жителите во една пријатна и реалаксирана атмосфера да доживеат поинаква културна манифестација токму во своето место на живеење“, рече градоначалникот Љубе Кузманоски.
Отстранет е проблемот што вчера се појави во работењето на Градскиот часовник и тој денес продолжи точно да го мери времето.
Од Општина Битола за Апла.мк соопштија дека надлежните веќе излегоа на терен и го лоцираа проблемот со механизмот на часовникот. Поради посебните специфики и стариот механизам беа потребни неколку часа за отстранување на проблемот. Градскиот часовник околу пладне повторно беше ставен во функција и продолжи да покажува точното време.
Дали напуштеното бебе оставено пред вратите на Домот за доeнчиња и мали деца во Битола е родено во болницата во Охрид? Истрагата се проширува, велат од полицијата, откако веќе се утврди дека бебето не е родено ни во Битола, ни во Прилеп, како што првично се претпоставуваше. По охридската болница истрагата ќе се проширува и во други градови каде има породилиште, велат од полицијата.
Од СВР-Битола додаваат дека сината штипка на папочната врвца треба да го даде одговорот на истрагата каде е роденото детето и поради што е напуштено и оставено во рацете на непознат човек.
Здравствената состојба на женското бебе е одлична, потврдуваат од битолската болница, откако на два пати било однесено на преглед.
Во неделата вечерта двајца мажи му го оставиле бебето на битолчанец да го предаде во Домот за доенчиња.
Градскиот часовник во центарот на Битола денес запре со мерење на времето. Веќе неколку часови покажува четири часот и 45 минути, а времето си тече.
Напуштеното новороденче е во одлична здравствена состојба, јаде, спие и напредува потврдија од Домот за доенчиња и мали деца во Битола, за апла.мк.
Портпаролот на Клиничката болница во Битола, Сузана Конеска исто така потврди дека детето и вчера попладне по втор пат било однесено на преглед на Детското одделение во болницата, каде и првично било прегледано. Констатирано е дека бебето е во одлична здравствена состојба и напредува.
За реконструкција на Булеварот „Први Мај“ од Ленски мост до мостот кај „Хигиена“ остануваат уште триесеттина метри. Просторот заличува на шеталиште и потсетува на старите добри времиња кога покрај реката Драгор на овој потег се движеле исклучило само пешаци, што не беше случај до пред неколку месеци кога помунуваа и возила. И дуќанџиите се задоволни од реконструкцијата на улицата, со надеж дека муштериите ќе имаат подобар и полесен пристап до нивните дуќани.