
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во ОУ „Св. Климент Охридски“ Битола, се одржa детската, интерактивна, музичко-драмска претстава “Операта на шумските животни” во изведба на групата Триангл од Скопје.
Во тек е последната фаза од комплетната инфраструктурна реконструкција на улицата „Климент Охридски“, на потегот од ул. „Партизанска“ до ул. „Солунска“.
По завршувањето на подземните активности, каде што КЈП „Нискоградба“ ја реконструираше канализационата мрежа, а ЈП „Водовод“ изврши промена на старите азбестно-цементни цевки во водоводната мрежа со нови полипропиленски цевки, следува последната фаза од реконструкцијата.
Во моментов на терен се одвива подготовка и тампонирање на коловозот на првата делница од улицата, по што ќе следува и асфалтирањето. Градежните активности се одвиваат согласно утврдената динамика, со што од сите страни ќе се испочитуваат предвидените рокови за работа.
Реконструкцијата на ул. „Климент Охридски“ во Битола е во должина од 450 м. Изведбата на канализационата мрежа чини околу 2,5 милиони денари, за изведбата на водоводната мрежа се потрошени околу 2 милиони денари, а за коловозот 5 милиони денари, средства на Општина Битола.
Филип Димовски (13) од Битола за една година успеа да освие три трети места за учество на дури четири меѓународни натпревари по џудо, а се закити и со медал за освоено прво место на Државното првенство по џудо организирано за основите училишта во државата.
Евгениј Литовски е дел од една генерација млади, нови антифашисти кои својата идеолошка самосвест ја црпат во извесна доза и од Народноослободителната и антифашистичка борба во Македонија“, рече д-р Роберто Трајковски, на промоцијата на книгата „Битолска партизанска меморија“ чиј автор е токму Евгениј Литовски, студент по историја на УКИМ.
Битолчанката Марија Станковска на социјалните мрежи го промовираше нејзиниот нов шпански кавер на популарната песна „La Cintura“ од Alvaro Soler. Во нејзината 18 годишна кариера може да се пофали со неколку авторски песни, спотови, соработки со други изведувачи и неколку кавери на популарни песни. На прашањето зошто шпанска песна Марија ќе каже: „Го сакам шпанскиот јазик уште од мала, долго време чекав момент кога и како да го истакнам преку музика, бидејќи најмногу се пронаоѓам во шпанската музика, тоа е моја љубов уште од дете’’. Шпанскиот кавер е снимен во Гимел Студио од Битола.
Границите и политиката го делеле народот, а манастирот Свети Илија подигнат меѓу битолското село Драгош и леринското Опсирани (Етникон) го обединувал. Мештаните раскажуваат кога тука не минувале граници тој бил храм на двете села, а верниците заеднички го славеле Илинден. По Балканските војни се поставила граница која во прво време го пресекла манастирот на пола, за што сведочи и зачуваниот граничен камен.
По повод 11 Октомври, вечерва со почеток во 18,30 во „Магаза“ во Битола, , во организација на Сојузот на борците ќе биде промовирана книгата „Битолска партизанска меморија“ од авторот Евгениј Литовски.
Денот на антифашистичкото востание на македонскиот народ и почетокто на народноослободителната борба, 11 Октомври, денеска се одбележува и во Битола.
Вработените од Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола на своите сограѓани им го честитаат празникот 11 Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ.
ЕЛЕМ и РЕК „Битола“ на своите вработени и сите граѓани на Република Македонија им го честитаат 11 Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ. .
