
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Прилепчанецот Љупчо Ристески, автор на аметерскиот документарен филмот „Клучарот Цако“ е добитник на гран-при „Плакета Милтон Манаки“ на 26.Интернационален аматерски документарен филм „Камера 300“ во Битола.
„'Златната камера 300' заврши во рацете на авторите од Србија Драго Латиновиќ и Илија Галоња за филмот 'Зоб'. 'Сребрената камера 300' ја доби битолчанката Ема Лазарова за филмот 'Никогаш повеќе' посветен на депортацијата на битолските Евреи. 'Бронзена камера 300' е доделена на филмот 'Без смисла' на Ролф Мандолези од Италија“ соопшти Стевче Хаџи Антоновски претседател на Фестивалот.
Изградбата на пругата Битола-Кременица е во завршна фаза, а градежните работи се очекува да завршат до крајот на годината, информираат од Министерството за финансии. Со изградбата на оваа делница ќе се овозможи железничко поврзување меѓу Македонија и Грција, односно поврзување на Пелагонискиот регион со Солунското пристаниште.
Ученици од ОУ „Тодор Ангелевски“ и од ОУ „Даме Груев“ денеска цртаа кај ново уредениот урбан простор кај месноста наречена Бела Чешма во Битола, како дел од проектот „Гласно сокаче- будно чикмаче“.
Емилија Недановска, нутриционист, ги учеше најмладите како да се хранат здраво и како се меси леб. Денеска, на третиот по ред „Пазар на локални производи“ што се одржа во Новиот пазар во Битола, повторно се собраа на едно место произведувачи на органска храна и потрошувачи кои сакаат да купуваат чисти органско произведени земјоделски производи и здраво да се хранат.
Не така одамна, едни го фарбаа со боја и го гаѓаа со јајца, други го тушираа и чистеа , а сега споменикот на Филип Втори, односно постаментот е претворен во огласа табла, па минувачите подзапираат да прочитаат за некој спортски натпревар, оглас, реклама или настан што ќе се одржи во Битола.
Во 21 век, во време на сериозни интеграции не можеме да одиме напред доколу не се интегрираме, беше речено на меѓународната научна конференција „БЕЗБЕДНОСНИ, ПОЛИТИЧКИ И ПРАВНИ ПРЕДИЗВИЦИ НА СОВРЕМЕНИОТ СВЕТ“, што од вечерва во наредните два дена ќе се одржува во Битола. Во организација на Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Факултет за безбедност - Скопје, Правeн факултет – Кичево и Фондација „Ханс Зајдел“. Конференцијата има цел да обезбеди академски форум каде ќе се презентираат и дискутираат најновите сознанија во врска со темата на интерес, ќе се споделат идеи, како и да се разгледаат можностите за воспоставување на соработка и контакти, во насока на соодветна реакција на современите ризици.
-Успеавме да собереме научни работници од областа на безбедноста, политиката и правото од десет земји во регионот, но и од Европската унија. Во 21 век, во време на сериозни интеграции не можеме да одиме напред доколу не се интегрираме меѓу себе внатре и не се запознаме подобро и не ги размениме нашите искуства од тоа што некој пред нас го направил. Очекувам заклучоците што ќе бидат извлечени од оваа конференција да значат многу, сега во ова критично време и за Република Македонија, но и за регионот, рече професор д-р Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност –Скопје.
На Конференцијата ќе се третираат актуелни и современи прашања кои се потврдени и со самата тема на настанот. 
-Насловот на самата конференција е специфициран со цел да ги извлече главните поенти од современите случувања во светот во делот на општествените науки со цел да дојдеме до еден супстрат кој нас ќе ни укаже која е состојбата во којашто се наоѓа светот денес, кои се предизвиците со кои тој се соочува и кои се перспективите кои што се отвораат со таквите консталации на односи, рече професор д-р Горан Илиќ, декан на Правниот факултет-Кичево.
Од Универзитетот велат дека на Конференцијата ќе се понудат одржливи и долгорочни решенија.
-Универзитетот сака да влезе во предизвикот за еден од најсложените проблеми што го оптоваруваат не само нашето секојденевие туку и глобалното живеење. Кога зборуваме за светот како глобално село се соочуваме со предизвици кои се повеќе или помалку слични, но одговорите на таквите предизвици и решенија се различни. Универзитетот сака да ја постави призмата на науката како алатка преку која треба сите овие безбедносни политички и правни проблеми да добијат своја правна насока на резрешување и да немаме рзногласие во однос на глобалните цели. Ние денес работиме, но не се надеваме на ад хок брзи решенија, решенијата треба да се одржливи и долгорочни, рече ректорот на битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“,професор д-р Сашо Коруновски.

-Со самото членство во НАТО, дефинитивно Република Македонија ги бетонира и ги гарантира своите безбедносни предизвици и безбедносни ризици, рече деканот на Правниот факултет во Кичево професорот Горан Илиќ, на меѓународната научна конференцијата „Безбедносни,политички и правни предизвици на современиот свет“што вечерва се одржува во Битола, одговарајќи на прашањето како ги оценува безбедносните предизвици на државата во овој момент.
Битолскиот Завод и музеј ги започна археолошките истражувања на новопронајдените остатоци од црквата Св. Ѓорѓија кај битолската Јени Џамија, кои се откриени на почетокот на годината при реконструкција на фонтаната пред џамијата.
„Наместо да пиеме кафе на Широк Сокак и кажано по битолски да скитаме (шетаме), се фативме за работа да го средиме чикмачето (сокаче) кај Бела Чешма да ни биде убаво и ние тука да доаѓаме, да се дружиме“, рече Надица Коловска, средношколка од гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола.
Таа е дел од групата предводена од Младинската невладина организација „Форум 16“ што си зеде за задача да се сопротивстави на гласините што се шират дека младите се мрзливи, апатични, неработливи и дека по цел ден пијат кафе на Широк Сокак.
