
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Членките на Организација на жени од Битола, бисерите на битолската архитектура ги навезаа на оригинални ракотворби кои можат да послужат како вредни сувенири од Битола. Петнаесете везови врамени и застаклени вчера беа изложени на Локум Фест во битолската чаршија, кој пак се одржува на Бит Фест. Со својата убавина и уникатност ракотворбите привлекоа многу посетители на нивниот штанд.
Ревизорскиот извештај за финансиското работење на ЈП „Нискоградба“ ја потврди загубата од 32 милиони денари на ова јавно претпријатие за 2017 година. Управниот одбор во март годинава не ја усвои завршната сметка на „Нискоградба“, а зелено светло не даде ниту Советот на општина Битола, сомневајќи се во реалноста на прикажаните бројки.
Со црн спреј исчкртани се десетина автомобили на македонски летувалци во туристичкото место Сарти, на вториот крак во Грција. Вандали синоќа исчкртале автомобили на велешани и скопјани што биле паркирани пред хотелот „Сарти бич“. Ја исчкртале ознаката МК на регистарските таблички од возилата, а со црна боја ги исшарале и задните делови на дел од возилата. Сите десет возила се понови, меѓу нив има мерцедес, тојота, пежо и други скапи марки на автомобили, кои имаат нови регистарски таблички со ознаката МК.
Како дел од програмата на „Бит Фест“, а во организација на здружението на Центарот за културна деконтаминација – Битола, започна 12. издание на битолскиот фестивал на музиката и традицијата, „Локум-фест“ чија тридневна програма се одвива во старата битолска чаршија. Во првата вечер публиката имаше можност да ужива во звуците на бугарската група “Морски перли”, македонско-турскиот ансамбл „Балканатолија“ и „Чалгии мерак“.
Вечерва, главни ѕвезди се добро познатите „Баклава“ и гостите од Словенија групата „Ентузијазам“, а третата вечер, пак, ќе помине во знакот на „Вевки чалгија трио“ и гостите од Индија – „Тапи проџект“.
Повеќе од 60 деца од Танцовиот- спортски клуб „Експоуз“ од Битола настапија со свој незаборавен танцов хепенинг во рамките на Културно-забавно лето во Новаци. Танцовиот хепенинг "Експоуз танцува и Новаци танцува" се одржа во дворот на Општината.
Присутните гости беа воодушевени од од најразлични танци и кореографии на танчерите од различни возрасти. Тие настапија во најразлични поединечни и групни изведби покажувајчќи ја својата умешност да играат по ритамот на музиката.
Оштетена е една од спомен плочите поставена на местото на областниот централен бугарски фашистички затвор кај Црн Мост во Битола. На плочата која е скршена на половина стои името на Илиоски Иге од Дрен, прилепско, кој бил стрелан во 1941 година.
Овде биле затворани 250 политички затвореници, учесници во НОВ и Антифашистичкото движење од Македонија. Педесет од нив биле осудени на смрт, 20 на доживотна затворска казна, а останатите на строг затвор до 20 години.
Има само 18 години, неколкумесечно музичко искуство, а веќе се закити со две награди на неодамна одржаниот фестивал во Охрид „Канео фест“. Битолчанецот Божидар Николовски, како дебитант, за неговата прва песна „Да си моја“ на оваа музчка манифестација ја понесе втората награда од жирито и наградата за најдобар аранжман. Комплетен автор на наградената композиција е Мими Марковски.
Нов борер за операционата сала на Одделението за ортопедска хирургија и травматологија набави менаџерскиот тим на Клиничката болница од Битола со сопствени средства. Новиот борер за работа веќе пристигна на Оделението и со него се замени постоечкиот кој беше стар повеќе од 30 години, безброј пати поправан, со што стана несигурен и ризичен како за пациентите така и за операторот.
Одржувањето на Реонскиот пазар во Нова Битола преминува во надлежност на сите јавните претпријатија, а не само на ЈП „Пазари“. Советот денеска донесе одлука ЈП „Комуналец“ да ја одржува зелената површина, ЈП „Нискоградба“ канализационата мрежа, пасажите и скалите, а ЈП „Водовод“, водоводната мрежа. На овој начин, секое претпријатие ќе биде задолжено за нормално функционирање на работите за кое е надлежно