
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од 30 000 прегледани деца на територијата на Македонија, десет проценти имале проблеми со видот. Овој податок денес на Меѓународниот ден на белиот стап го соопштија од Лајонс клубовите во Битола кои веќе петта година го спроведуваат проектот за рано откривање на проблемите со видот кај малите деца.
По повод Светскиот ден на здрава храна, утре, 16 октомври, вработените и родителите на децата од градинките на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ организираат хуманитарна акција за продажба на домашно приготвена храна, а собраните средства ќе бидат наменети за деца со ретки болести од Битола.
Некои од конзулите во Битола останувале по една до две години, а некои до крајот на животот. Најдолго во Битола останал австро- унгарскиот конзул Франц Едлер фон Кнапич. Тој тука ја доживеал и најголемата радост, раѓањето на неговата ќерка Едле фон Кнапич, но и завршетокот на својот животен пат. Конзулот фон Кнапич засекогаш останал во Битола. Починал во 1886 година, а дваесетина години порано и конзулот Франц Зелнер во 1863 година исто така животот го завршил животот во Битола.
Оригинални фотографии од изложбата „Конзулска Битола од првиот Австриски конзулат до Првата светска војна“ отворена во битолски Завод и музеј во организација на Амбасадата на Република Австрија во Македонија, Почесниот австриски конзулат во Битола и Општина Битола..























Битола деновиве е домаќи на VII FUTURA Регионален Moot Court натпревар за симулација на судски процеси пред Европскиот суд за човекови права во организација на CIVIL RIGHTS DEFENDERS. На натпреварот учество зедоа осум екипи од Правните факултети од регионот (Битола, Штип, Крагујевац, Бања Лука, Мостар, Зеница, Тузла и Витез).
Натрупаните долгови на општините во областа на образованието, културата и социјалната заштита ќе се враќаат со пари од државната каса. Ваква одлука донесе синоќа Владата на седница на која беше усвоен предлог Ребалансот на Буџетот на РМ за 2018 година. Со ова, најголема алокација на средства со Ребалансот, има токму за општините, за кои се обезбедува финансиска поддршка во висина од 3,020 милијарди денари, односно 50 милиони евра, со цел намалување на доспеаните, а неплатени обврски.
„Театарската критика е непосакувана, живееме во општество кое го анатемиса критичкиот дискурс и за жал, тоа отсуство на дијалог и критчко размислување создава ситуација во која не можеме креативно да размислуваме и да наоѓаме решение како заедница. Се надевам дека ова книга ќе биде потсетување дека критиката ни е неопходна како воздух“, рече проф. д-р Иван Додовски, на промоцијата на неговата книга „Мало фолио за театар“ ,во која на 358 страни се собјавени театарски критики и теaтролошки студии, кои авторот ги пишувал во изминатите 25 години, а голем дел се однесуваат и на развојот на театарот во Битола.
Обилни дождови оваа пролет и лето доведоа до помало производство и поскап мед, се пожалија производителите на мед на годинешната меѓународна манифестација “Денови на македонското пчеларство“, што деновиве се одржува во Битола, во организација на пчеларското здружение „Нектар“ од Битола. На манифестацијата која се одржува на плоштадот Магнолија учествуваат триесеттина производители на мед од Македонија, како и соработници на националниот Сојуз на пчеларските здруженија од Србија, Црна Гора, Албанија и од Грција. Целта на овие манифестации е да се привлечат младите луѓе да се занимаваат со пчеларство, но во исто време медот и пчелните производи да станат секојдневна навика кај македонските потрошувачите. Годинава 350 денари чини килограм мед, а органскиот мед се продава и по цени над петстотини денари.
-Најголем проблем се климатските промени и годинава, неколку недели не прекина да врне, баш во периодот кога требаше најобилно да се бере медот и тоа беше главен проблем за годинава- вели Никола Крстевски, пчелар од Битола.
Според податоци на битолското пчеларско здружение „Нектар“, во Пелагонија има околу 15.000 пчелни семејства за кои се грижат над 400 пчелари.
-Натчовечки напори правиме да ги одржиме во живот пчелините семејства и само се надеваме, ако не оваа година, си велиме другата, меѓутоа мора да работиме пчелините семејства да останат во живот и да бидат во кондиција- вели Методија Трајковски, претседател на Здружението на пчелари “Нектар“ од Битола.
Во недела свечено ќе биде отворена изложбата „Конзулска Битола од првиот Австриски конзулат до Првата светска војнана“ во малата сала на Завод и Музеј Битола, во 18.00 часот. Наредниот ден свечено ќе биде отворен и Меѓународен симпозиум на тема : „ Почетоците на Австриската дипломатија во Македонија со посебен осврт кон австро-унгарскиот конзулат во Битола/Монастир 1851-1919“ во понеделник на 15.10.2018 во хотел Молика Битола сала 1 од 09:00 часот.
