
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Скопје, Струмица, Тетово, Битола, Струга ќе се заменуваат нееколошките извори на затоплување по претходно утврдени зони каде што аерозагадувањето е високо , рече заменик министерот за животна средина Јани Макрадули на денешната седница за пратенички прашања.
Пиењето кафе на Широк Сокак многумина битолчани го заменија со ноќно скијање и уживање во убавните на ски-центарот Нижеполе.
Имер Селмани и официјално е почесен конзул на Република Албанија во Република Македонија со седиште во Битола.
-Голем мерак денес: Предавање на егзекватурата (согласноста) на господин Имер Селмани, новоименуваниот Почесен конзул на соседна Албанија во градот на конзулите Битола! Со среќа и со успех! Urime!, напиша на својот Фејсбук профил министерот за надворешни работи Никола Димитров.
АД ЕЛЕМ ја информира јавноста дека во текот на денот ќе се изврши планирано исклучување на Блок 1 во РЕК Битола. Планираното исклучување се прави поради превентивна проверка на блокот, отстранување на помали дефекти кои се детектирани, како и за зајакнување на неговата оперативност, информираат од АД ЕЛЕМ.
Планираната проверка и техничка нега на блокот ќе траат 8 до 10 дена, што било овозможено од подобрените временски услови и порастот на температурите, со што била намалена и потрошувачката на електрична енергија за грејни потреби.
Производството на АД ЕЛЕМ ќе продолжи непречено преку другите два блока во РЕК Битола, хидроелектраните и акумулациите кои се на оптимално ниво во моментов, Ветерниот парк Богданци, како и термоелектраната Осломеј која во секој момент е подготвена да се вклучи според производствените потреби.
Скалите во Новиот реонски пазар во Битола ќе се обноват со нови плочки штом дозволат временските услови. Изминатиот период поради екстремно ниските температури и солта која беше посипувана за да не се лизгаат минувачите плочките поставени на скалите значително се оштетија, па од ЈП „Пазари“ –Битола велат дека тие се исчистени од искршените делови и наскоро штом се покачат температурите ќе бидат поставени нови плочки.

Граѓани на социјалните мрежи деновиве реагираа дека скалите во Реонскиот пазар се во незавидна состојба и претставуваат ризик за минувачите.
Лани во април ЈП „Пазари“-Битола, ги реконструираше скалите на надворешните пристапи во Новиот реонски пазар во Битола. Старите, искршени или оштетени плочки на скалите се замануваа со нови и со тоа се реконстуираа сите пристапи со цел да се заштити и обнови комплексот, но поларните температури оваа зима повторно направија проблеми.

Градоначалничката Наташа Петровска и денес продолжи со увидот во реконструктивните зафати во битолските градинки, со цел да се видат реализираните проекти и активности, за кои се издвоени средства од буџетот на Општина Битола, но и за тоа како градинките ги трошат сопствените пари.
Директорката на ЈОУДГ „Мајски цвет“ Снежана Тодоровска информираше дека во изминатите неколку месеци извршени се голем број реконструктивни зафати во износ од 5.230.500 денари, од кои 2.910.500 денари се средства од Општина Битола, а биле наменети за набавка на мебел, реконструкција на санитарни чворови и набавка на паравани.
Оваа недела, на 3 февруари, со почеток во 20 часот во Големата сала на Центарот за култура ќе се одржи хуманитарен концерт „Пееме за Мери“. На концертот ќе настапат Уникат бенд, Марија Цветановска, Кирил Стојчевски, Давид и Димитриј Стојчевски, Христијан Тришоски, Анастасија Центар –ориентални танци. Водител на концертот ќе биде актерот и стенд ап комичар Марјан Георгиевски.
Агенцијата за млади и спорт ќе гради 15 затворени базени низ Македонија, а еден од нив ќе биде во Битола. Неофицијално дознаваме дека подготвителните активности се пред крај , се средуваат и комплетираат документите по што Агенцијата ќе распише тендер за изградба на базените низ повеќе градови во државата.
Што се однесува до Битола дознавме дека локацијата е одредена, иако од Општина Битола се уште не излегуваат со податоци се додека целата процедура не заврши до крај. Најверојатно истиот ќе се гради во непосредна близина на Градскиот стадион во Битола под Тумбе кафе.
Пругата со која Битола железнички ќе се поврзе со Грција е изградена, а наскоро се очекува технички прием, потврдуваат за апла.мк од Министерството за транспорт и врски. Но, кога ќе се воспостават првите линии, се уште е неизвесно. Според најавите оваа делница требаше да биде комплетно завршена до крајот на минатата година,а причина за последното одложување се временските неприлики во овој регион, снегот и поларните температури зимава, поради што не можеше да се постави електричната инсталација, велат од Транспорт и врски.
Во три детски градинки, „Колибри“ во населбата Стрелиште, „Вангел Мајорот“ во Карпош и „Росица“ во населбата Буковски Ливади, се зголемува капацитет, а со опремување на три нови занимални, наскоро во овие градинки ќе можат да се сместат 75 новозапишани деца.
