2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Изгаснат е пожарот во старите турски гробишта во Битола, што избувна попладнево околу 17 часот, информираат за апла.мк од  Територијалната противпожарна единица во Битола. 

Статуата на Атена Партенос пронајдена во Хераклеја денес ги краси витрините на Народниот музеј во Белград. Изложената статуа за време на посетата на музејот во Белград ја сними Ирена Ружин, доктор од областа на туризмот и ја објави на својот фејсбук профил.

Вечерва горат старите турските гробишта во Битола. Жителите од населбата Ушици реагираат дека гори веќе подолго време, пожарот се шири со големи пламени јазици и веќе се доближува до куќите и предизвикува паника кај населението.  Се соменваат дека се работи за подметнат пожар зашто се појавил доцна попладнево. Фотогрфијата ни ја испратија жители од зградите во близина и велат дека пламените јазици се толку високи што можат па се видат дури и преку покривите на околните куќи. Ова не е првпат да се палат турските гробишта во Битола. Годишно по неколку пати горат, посебно во летниот период кога се обраснати со густа вегетација. .

 

Димитар Пипилевски, директор на ОУ „Крсте Петков Мисирков“во селото Бистрица испрати  демант на пресот на ВМРО-ДПМНЕ,  во кој Марина Стефановска Јовчева обвини дека проблемот со бесплатниот превоз на учениците во Битола сеуште не е решен.

Во писмената реакција на Пипилевски стои-

„Да подметнете „пожар“ и да ги обвините „пожарникарите“ е несериозно и, во најмала рака, лицемерно. Обвинувањата кои ги упативте во врска со превозот на ученици и набавката на учебници е полна со невистини, а со оглед на фактот што доаѓа од вашата партија е дури и смешно.

Но ајде, низ еден краток времеплов, да го побараме коренот на проблемите во образованието, воопшто.

Проблемите со превозот постојат, а оној што се обидува да ги реши треба да го поддржите или, барем, да не му пречите. До пред извесно време го имавме најскапиот превоз на ученици во светот. Зошто е тоа така можете слободно да го запрашате бившиот градоначалник Талески, а ако имате проблем да го најдете, почекајте го во судница каде му се суди за криминално организираниот превоз, пишува Пипилевски.

Накрај Пипилевски нагласува -Но, како и да е, сега македонското образование е во рацете на професионалци и силно посветени луѓе кои ќе го вратат во нормала, кои ќе ги санираат крововите, тоалетите, инвентарот во училиштата, што за сметка на гипс и стиропор беа оставени да „тонат“.

Следниот пат кога ќе решите да давате изјави за проблемите во образованието, сетете се на ова писмо кое ви го напиша директор на училиште кое има долг од околу 620 000 евра, пишува Пипилевски во реакцијата испратена до апла.мк.

Битолската писателка и поетеса Гордана Такец оваа сабота со почеток од 12 часот во Малата сала на Центарот за култура во Битола ќе го организира арт-уметничкиот литературен перформанс „Ако одам во Битола“ со што ќе го послави својот 70-ти роденден и половина век творештво. Во склоп на перформансот предвидено е и поетско читање од страна на триесетина поети од Македонија, а ќе бидат доделени и награди на десетина истакнати граѓани од државата од различни области на нивното делување.

Постојат размислувања и сомнежи кои во иднина дополнително и детално ќе треба да се истражат дека во Битола се снимало уште пред 1905 година, односно пред браќата Манаки да ја купат прочуената „Камера 300“.

Филмофилот, познавач на делото на првите сниматели на Балканот и еден од иницијаторите за создавање на Фестивалот на филмска камера во Битола, Стевче Хаџи Антоновски вели: „Постојат согледувања, не можам да ги потврдам со целост дека и порано Манакиеви се занимавале со камера, но да оставиме истражувачите тоа да го докажат“.

Започна жирирањето на 52 простигнати филмови за учество на 26-от Интернационален фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ во Битола. Меѓународното стручно жири во состав: мајстор на аматерскиот филм Љупчо Петровски , проф. д-р Андон Андонов од Бугарија, проф. д-р Мишо Нетков од Скопје , Владан Анѓелковиќ од Белград и м-р Димитар Спасевски од Битола деновиве ќе ги погледнат сите филмови и ќе го направат изборот за филмови во официјална конкуренција. Фестивалот ќе се одржи на втори и трети ноември, в очи Денот на ослободувањето на Битола кога најдобрите ќе бидат наградени со Гран При, Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300, Плаќета за најдобра режија, репортажа, монтажа и други специјални награди.

Реконструкцијата на обиколницата на магистралниот пат Прилеп-Битола-Ресен најрано може да заврши до Нова година, во зависност од временските услови, велат за апла.мк од Градежниот институт на Македонија кој е надзор на градежните активности, а работите ги изведува градежната фирма А.Д Илинден Струга.

„Родителите на дел од учениците се приморани сами да ги сносат трошоците, додека останатиот дел на ученици не одат на настава со што е нарушен воспитно-образованиот процес, а притоа се врши притисок врз наставниците да не ги запишуваат за отсутни со цел да се прикрие реалната состојба. По една година власт и она кое што дотогаш го имаа учениците, а им е загарантирано со закон, го немаат, немаат бесплатен превоз и се уште немаат учебници по сите предмети. Наместо да ги обезбедат учебниците што недостасуваат, на учениците им се наложува да фотокопираат со што повторно се удира врз џебот на родителите“, обвини Стефановска Јовчева на прес конференцијата посветена на состојбите во образованието.

Случаи на шест заболени ученици шуга од Средното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар биле пријавени во Центарот за јавно здравје во Битола. Според соопштението на Центарот за јавно здравје, учениците се на возраст од 17 и 18 години, а случаите биле пријавени во петокот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани