
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Македонија ја победи Турција со резултат 31:27 на ракометниот натпреварот од квалификациите за Европското првенство, што се одигра вечерва во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
Инвентивен споменик кој потсетува на делови од системот на битолскиот водовод, како и велосипедски паркинг се поставени пред седиштето на ЈКП „Водовод“ во Битола. Битолски „Водовод“ прославива исклучително важен јубилеј 90 години од постоењето.
Младинскиот културен центар – Битола и Фондацијата за претприемачки сервис за млади, во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики” денеска организраа панел дискусија во Битола на која учесниците имаа можност да се запознаат со претстојните политики во образованието и процесите кои се водат.
Почна натпреварот во ракомет меѓу репрезентациите на Македонија и Турција кој се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Салата е исполнета до последно место, а атмосферата е онаква каква што само може да ја направи битолската публика во ракометна Битола.
На учениците кои не ги зачувале фискалните сметки за превозот до школо или пак патувале со сопствен превоз исто така ќе им се рефундираат трошоците доколку се најдат во извештајот што училиштата ќе го достават до Секторот за јавни дејности во Општина Битола.
Вчера на седница на Совет, по барање на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Иванчо Тошевски, беше направено дополнување кон одлуката на Општината за рефундација на средствата.
Според првичната одлука за да има исплата на трошоците, директорот на секое училиште требаше да достави извештај со список на ученици кои користеле превоз, бројот на денови и износ за исплата според донесени оригинални сметки. Секој ученик пак, да достави барање за враќање на трошоците, фотокопија од трансакциона сметка и лична карта на родител или стрател и оригинални фискални сметки.
Тошевски реагираше дека со ваквата одлука нема да бидат опфатени сите ученици што платиле превоз од сопствен џеб зашто дел не ги чуваат фискалните сметки, а некои патувале со сопствен превоз. Тој предложи обештетувањето да не биде само врз основа на фисклани, туку надомест за трошоците да добијат и учениците кои школите во списоците ќе ги пријават дека патувале, а не ги зачувале фискалните сметки. Неговиот предлог беше прифатен од останатите советници, со што во интерес на учениците беше надополнета првичната одлука.
Една година по преземањето на локалната власт, денеска, градоначалниката Наташа Петровска, пред медиумите излезе со отчет за реализираните проекти и оние кои се во тек.
Ученици од СОУ „Таки Даскало“ Битола ја започнаа својата практична работа за оваа учебна година во АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола. Четириесет и четири ученици од втора, трета и четврта година од рударската струка при СОУ „Таки Даскало“ практичната настава ќе ја реализираат во ПЕ Рудници на РЕК Битола, под менторство на вработени во Комбинатот, придружувани од двајца професори.
Општина Битола ја набави целокупната потребна документација за реконструкција на Офицерскиот дом и сега се подготвени за распишување на тендер за отпочнување на реконтруктивни зафати, соопшти градоначалничката Наташа Петровска на денешниот отчет за една година локална власт.
Репликата „партискиот начин на работа преовладува и не знам дали ќе има спас од ваквото функционирање “ искажана од независната советничка Габриела Илиевска на вчерашната седница, предизвика сочна политичка кавга во битолскиот Совет. Претседателот на Совет Валентин Груевски од ЛДП, го возврати ударот нарекувајќи ја Илиевска „истурен играч на ВМРО-ДПМНЕ, но на ова не остана имун советникот Ивачно Тошевски, од ВМРО-ДПМНЕ возвраќајќи дека тој не е за непринципиелни коалиции.
Претседателот на Совет Валентин Груевски денеска на седницата најави дека локалната самоуправа на Битола во наредниот период ќе ги субвенционира граѓаните при купување на печки на пелети и нови велосипеди, за што Општината веќе издводила 3 милиони денари, пари од буџетот.
