
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Специјалната машина за метење на ЈКП Комуналец од утрово ги обиколува главните битолски сообраќајници, а по неа на терен излегува и специјално моторно возило – цистерната за миење на улиците. Големата машината за метење помага за поефикасно чистење на градот и собирање на отпадот од коловозите, иако секое утро на терен се и комуналните работници.


Цистерната за миење улици, пак дополнително го зголемува квалитетот на хигиената и јавната чистота околу одржувањето на јавните површини: градски сообраќајници, тротоари, пешачки патеки, паркинзи...

Пратеникот во македонското собрание Горан Милевски за Гласот на Америка на македонски изјави дека очекува до крајот на оваа или почетокот на следната година во САД да заврши постапката за ратификација на Проколот за НАТО.
Битолчанецот Константин Шкодрану по професија фармацевт, пред повеќе од еден век имал самостојни изложби во Фиренца, Италија, ја насликал Влашката црква во Битола, а во градските куќи оставил ѕидно сликарство со мотиви од Венеција. Ова е уште еден уметник од крајот на 19 и почетокот на 20 век кој докажува дека Битола се развивала по европски терк.
Поранешната членка на ДИК, Анета Стефановска од ВМРО-ДПМНЕ, во завршен збор за „Титаник“ кај што е обвинета за гласање по нарачка да се поништи чист прв изборен круг во Струмица на локалните избори во 2013 година, денеска плачеше во Кривичниот суд, пренесе порталот СДК.МК.
Работникот кој вчера починал при изградба на стадионот кај Тумбе кафе во Битола паднал од скеле високо еден метар и 90 сантиметри. Очевидци велат дека скелето не било многу високо, туку падот бил незгоден за 58 годишниот градежен работник Д.Д од битолското село Црнобуки. Според битолската полиција, работникот починал вчера околу пладне откако изгубил рамнотежа и паднал од скеле на бетонска подлога при изградба на стадионот кај Тумбе кафе во Битола. Од екипа на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде му биле констатирани тешки телесни повреди, па бил префрлен во болница во Скопје каде починал.
На местото на несреќата бил извршен увид од СВР Битола во присуство на трудов инспектор. Очевидци велат дека кога стигнала трудовата инспекција лицето било веќе подигнато од местото за да му се укажи лекарка помош. Другите работници во изјавите што ги дале за надлежните рекле дека работникот носел заштитна опрема, а неа ја носеле и останатите градежници кај стадионот. За време на несреќата се вршело бетонирање, а работникот бил на скеле високо само еден метар и 90 сантиметри, а широко околу еден метар што било доволно за тој да може да се движи низ него. Надлежните служби понатаму ќе истражуваат дали скелето било обезбедено со ограда, дали просторот околу него бил заштитен, дали врз работниците бил направен редовен лекарски преглед и други детаљи за да се утврдат причините за несреќата.
190 милионер на Државна видеолотарија е Мaрјан Силјаноски од Брвеница. Тој го освои најпосакуваниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Државна видеолотарија вреден 1.611.875,00 денари. МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката е освоена Клуб Спорт 77 Евротип во Брвеница на 26.02.2019.
Сојузот на спортови на Битола ги прогласи најуспешните спортисти на нашиот град за минатата година. Доминираше ракометот, па сосема очекувано репрезентативецот Филип Кузмановски од Еурофарм Работник е победник во изборот.
Нов милионер на Државна видеолотарија е Миле Тодоровски од Новаци. Тој го освои најпосакуваниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Државна видеолотарија вреден 1.590.614,00 денари. МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката е освоена Клуб Спорт 77 Евротип во Новаци.
Од рано наутро најдолгата пешачка зона во Битола, Широк Сокак, се мети и чисти од сметот и се подготвува за новиот ден.
Пред да се отворат дуќаните, кафичите и кафеаните за муштериите, комуналците ги чистат и празнат контејнерите и кантите за отпадоци, а во тоа им помагаат и дуќанџиите.
Комуналците велат дека имаат полни раце работа, особено сега кога во најголем дел од дуќаните се изложува новата пролетна гардероба.




