
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На денешен ден 5 март во 2006 година во Битола почина Вангел НЕЧЕВСКИ-Тунелот.
На годинешното доделување на наградите за најдобри спортисти за 2018 година, Сојузот на спортови му додели посебно признание на тренерот Мико Голубовиќ, за одржување на тренинзи за кошарка на децата со посебни потреби. Децата посебно се израдуваа на ова признание за нивниот тренер и посакаа заеднички да го споделат успехот.
Весна Гагаловска, наставник во Основното училиште „Тодор Ангелевски“ во Битола, со своето 20 годишно работно искуство, во 2014 година се здоби со наградата за Најдобар просветен работник во Битола, а оваа година е избрана меѓу 40 најдобри просветни работници од петте поранешни југословенски републики. Таа е единствена наградена наставничка од Битола , а меѓу деветте од Македонија.
Битола поради сообраќајниот калабалак, но уште повеќе поради загаденоста на воздухот има обврска да ја зголеми и унапреди масовноста во користењето на велосипедите. Ова е препораката од велосипедската трка „Трофеј“ што во организација на Велосипедска Федерација на Македонија и Велосипедскиот клуб „15 мај“ се одржа во Битола.
Деновиве, во издание на книгоиздателството „Матица од Скопје“ од печат излезе најновата книга поезија со наслов „Песни за Палестина“ на познатиот битолски поет, долгогодишен новинар и публицист Панде Манојлов. Книгата содржи шеесетина песни исклучиво посветени на Палестина и страдањата на палестинскиот народ под окупација како и неуморната и праведна борба да се дојде до слобода.
„Со точак одиме на училиште, факултет, на работа“, велат велосипедистите.
Наставничката Весна Гагаловска од ОУ „Тодор Ангелевски“, ја доби наградата Најдобри наставници на просторот на бивша Југославија, нови идеи за новото време“.
