
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Професорки по германски јазик од цела Македонија деновиве во Битола имаа ретка можност да присуствуваат на семинар со светски стандарди каде предавач беше експертот по германски јазик од Австрија, Лукас Маерхофер, професор од Виена кој држи предавања низ целиот свет. Познат е по интерактивните семинари, непосредноста, квалитетните предавања за што зборуваат неговите ангажмани од Австрија, други европски држави па сѐ до Техеран, Иран, Русија, Кзахстан, Кина, Хонг Конг, Тајван.
Слепи и слабовидни лица од целиот Балкан кои се љубители на шахот денес присуствуваа на турнирот во шах што традиционално се одржува секоја година по повод Денот на ослободувањето на Битола, 4-ти Ноември.
„Релјефниот шах е поразличен. Фигурите се ставаат во дупчиња со дрвце надолу за да не паѓаат. Шахот го играме со допир и со говор. Има играчи кои ја знаат цела релјефна табла на памет и сите потези ги знаат пред време. Еден релјефен шах заедно со часовник чини од 200 до 300 евра. Во Македонија вакви шахови нема, туку се набавуваат од странство и се скапи“, рече Стевче Костадиносвки од Здружението на слепи лица од Битола.
Дрво на пријателство засадија денеска градоначалниците на двата збратимени града Епинал и Битола, Мишел Хајрниш и Наташа Петровска, во малиот парк наспроти стаклената зграда во центарот на Битола, каде што се наоѓа макетата на квартот Битола во францускиот град Епинал.
Кошница за пчели и подари на Оштина Битола градоначалникот на францускиот град Епинал, Мишел Хајнриш, по повод 50 годишнината од збратимувањето на двата града. Кошницата е поставена во општинскиот двор, а Хајнриш ја објасни симболиката на овој подарок.
Гостите од Франција, меѓу кои амбасадорот Кристијан Тимоние, поранешната амбасадорка Лоренс Оер, градоначалникот на Епинал, Мишел Хајнриш и други членови на делегацијата во придружба на домаќините, градоначалничката Наташа Петровска, советникот Менде Илиевски, конзулката Калиопи Кривашија Стилиновиќ и други претставници на Општината и градот денес прошетаа низ Широк Сокак.
Синоќа на амандманската расправа во врска со ребалансот на Буџетот на Република Македонија на собраниската Комисија за финансирање и буџет се разви жестока расправа меѓу битолските пратеници Зоран Илиоски и Горан Милевски.
Тензијата порасна на амандманот на пратеникот Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој побара 1 милијарда денари за набавка на електрични автобуси за Скопје.
Со пригодна приредба, децата од комбинираната група во детската градинка "Вангел Мајорот" при ЈОУДГ "Естреја Овадија Мара", се вклучија во одбележувањето на роденденот на Битола, 4-ти Ноември.
Градоначалничката Наташа Петровска најави дека Општина Битола ќе отвори официјален канал на јутјуб за пренос на седниците на Советот на Општина Битола.
Советникот од опозицијата Николче Јанкуловски во неколку наврати побара од Советот и градоначалничката Петровска транспарентен и целосен пренос на седниците на Совет.
Општина Битола го распиша јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Битола за купување велосипеди за 2018 година. Во повикот пишува дека Општината со цел да ги стимулира граѓаните за купување на превозни средства што не го загадуваат воздухот, ќе обезбеди дел од потрошените средства за купен велосипед од денот на повикот, па се до исцрпувањето на буџетот за оваа намена. Износот што ќе се субвенционира ќе биде до 30 проценти од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3000 денари.
