
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Бандера на улицата "Цветан Димов" во битолско Јенимаале е навалена и претставува опасност за жителите и сите минувачи.
Непознати сторители подметнале поажр во нива во атарот на Могила, при што опжарени се 1500 бали сено и слама во сопственост на семејството на градоначалничката Јасмина Гулевска. Настаот се случил ноќта саботата спроти неделата после полноќ, а Гулевска го потврди настанот.
Инсект нашле граѓани во лебот што го купиле во саботата во супермаркет во Битола. Тие до редакцијата на Плусинфо испратиле фотографија на која се гледа црн инсект закачен на лебот.
Полицијата до обвинителството поднесе кривични пријави против две лица од Битола кои се сомничат дека за време на прославата за Илинден на Мечкин Камен, Крушево, скандирале пароли со говор на омраза.
Главоболки, покачен притисок, потешкотии во дишењето на овие здравствени проблеми најчесто се жалат битолчани деновиве поради промената на температурите и горештините, потврди за апла.мк д-р Васе Николовска лекар во Итната медицинска помош во Битола. Николовска вели дека како дежурна служба повиците од граѓаните доаѓаат најчести во вечерните часови после 19 часот, и во текот на ноќта кога имаат полни раце работа.
Слободан Најдовски, поранешниот пратеник, долгогодишен колумнист во „Утрински весник“ и аналитичар за економско-финансиски политики од петокот е новиот секретар на Општина Битола.На оваа позиција дојде откако претходно на објавениот оглас од Агенцијата за државни службеници беше вработен во општинската администрација на Општина Битола. Најдовски е дипломиран економист, работел и во стопанство и во јавно претпријатие и токму овие квалификации биле препорака градоначалникот на Општина Битола, Наташа Петровска да ја стекне довербата и да го назначи на оваа клучна позиција.
Советот на Општина Битола едногласно ја прифати одлуката за примање на донација во вид на опрема за фитнес-зона на подрачјето на општина Битола од Млекара АД Битола. Допрва ќе се знае за каква опрема станува збор и на колкава површина ќе се простира фитнес- зоната.
-Донацијата е планирана да биде поставена на локација на Тумбе кафе, со што ја потенцираме нашата грижа за младите, спортот и рекреацијата како важен дел од нашето живеење. Со ова сакаме да ги потенцираме и нашите заложи за заживување на Тумбе кафе и враќање на стариот сјај, изјави за апла.мк Методија Илиевски, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата.
Вработената која утрово околу 11 часот падна од балкон во старскиот дом „Сју Рајдер“ во Битола по извршени прегледи попладнево е пуштена на домашно лекување, потврдија за апла.мк од оваа установа.
Кон крајот на денешниот ден следи постепено стабилизирање на времето, а ќе дува слаб до умерен североисточен ветер, поизразен во северните делови.
Утре ќе има услови за краткотраен дожд во јужните делови од земјава. Потоа следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура.
Температурата во Битола во текот на утрешниот ден ќе се двжи од 18 до 30 степени
Топло и сончево со температури до 37 степени метеоролозите најавуваат и за следната недела