
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Многу мал е бројот на граѓани кои знаат за постоењето на законот за бесплатна правна помош, за нивните права како и за тоа каде можат да се обратат за да започнат за решавање на нивните проблеми, беше речено денеска на прес-конференцијата „Резултати од досегашната имплементација на проектот Пристап до правда во Македонија“, што се одржа во Младински културен центар - Битола.
Од печат излезе стотиот број на магазинот за хумор и забава „Без навреда“. Опстојувајќи веќе 13 години во македонскиот медиумски простор весникот ги орасположува и насмевнува битолчани, но и преку хумор остроумно и духовито испраќа критики за одредени состојби во општеството. Битолчани привикнаа да примаат месечна доза од вицотеката на уредникот Панде Димитровски и карикатурите на Блаже Докуле, Владо Крстевски, Миле Милевски и други. Двесет и четирите страници изобилуваат со стотина вицеви, афоризми и друг хумор.
НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на интернационалниот фестивал „Музика од Светот“ ја промовира програмата на јубилејното, 10-то издание кое ќе се одржи од 16 до 18 ноември
Клиничката болница Битола започна со реализација на проектот HEALTH -INFO добиен од програмата IPA CBC за меѓугранична соработка на Македонија и Грција финансиран од ЕУ. На овој состанок во Солун присуствуваа директорот на Клиничка болница Битола Др.Зоран Лазаров заедно со стручниот директор Др.Александар Димовски каде беа договорени проектните активности.
Битолчанката, Виолета Томовска, доајен на македонската народна песна е добитник на највисокото општинско признанеие, наградата "4ти Ноември" за животно дело, дознава апла.мк
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов синоќа преку комични и сатирични оценки за неговата работа даде отчет за сработено во првата година од неговиот мандат, пренесува СДК.МК.
На вечерата „Скопска прес дружба“, на која присуствуваа новинари, градоначалници, директори на јавните претпријатија на Град Скопје, како и дел од министрите во Владата, за работата на Шилегов говореа новинарот Сашо Ордановски, Бранко Огњановски и градоначалничката на Битола Наташа Петровска. Тие се шегуваа за комарците, проблемот со кучиња скитници, загадениот воздух, ваучерите за пијани возачи, сообраќајниот метеж…
Средношколците од Државното музичко училиште во Битола денеска после пладне, одржаа мини концерт со композиции од класична музика пред „Веро“ на Широк сокак вклучувајќи се во хуманитарната акција за лекување на Сара Настеска. Битолчани изненадени од гестот на учениците донираа за лекувањето на девојчето.
Средствата собрани на овој настан ќе бидат донирани за лекување на Сара, 15 годишното девојчето од Охрид, на кое итно и е потребна трансплатација на коскена срж.
-Голема благодарност до сите хумани луѓе кои помогнаа успешно да ја реализираме акцијата. Средствата се уплатени, велат учениците од Средното државно музичко училиште во Битола.
Професорите задоволни од постапката на своите ученици напишаа - нашите ученици уште еднаш покажаа дека музиката и хуманоста не познаваат граници. Среќни сме што идеата да се помогне, да се спаси еден детски живот, произлезе од децата!
Со цел обезбедување на услови за спортско рекреативни активности на локалното население од село Долно Агларци посебно на младата популација, Општина Новаци изгради мултифункционално игралиште.Средства се обезбедени со грант од Светска банка и буџет на општина Новаци.
На Меѓународниот урбанистички конгрес што деновиве се одржа во Стразбур, на Генерланата дирекција на Вакфи од Турција на свечена церемонија им беше доделена наградата за архитектонска заштита на битолската Хајдар Кади Џамија..
