
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ова е некогашната улица “Светосавска", доскоро позната како "Ленинова", а пред неколку години преименувана во "Пеце Матичевски".


Пред два дена исчезнало 11 годишно момче во Битола. Според полицијата во понеделникот околу 14.30 часот било пријавено дека од својот дом се оддалечило 11-годишно дете од Битола, кое предходно неколку пати се оддалечувало и се враќало. Исчезнувањето го пријавил таткото на детето. Семејството живее на улица „Мукос“ во Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, а стапено е и во контакт со Центарот за социјални работи од Битола.
Поранешната битолска „Соколана„ лоцирана во Градскиот парк, бившата власт предводена од градоначалникот Владимир Талески ја издавала под кирија за само 200 евра месечно, а кираџијата Џокер Турист увоз извоз ДООЕЛ Битола и таа сума не ја плаќал редовно. Комплексот кој според познавачите на приликите се простира на површина околу 10 000 квадратни метри вклучувајќи ги поранешниот кафе- бар „Зодијак“, спортското игралиште за мали спортови, паркингот, детскиот забавен дел, тениското игралиште, дуќаните што излегуваат на улица „Партизанска“ и други објекти се дадени под кирија уште во 2005 година и тоа за период од триесет години.


Центарот за обука и едукација, Лотус Ј, започна со реализација на проектот Лотус Ј Нов Почеток, наменет за ранливи категории на граѓани кои ќе имаат можност бесплатно да го изучуваат англискиот јазик, да се стекнат со компјутерски вештини, а ќе се одржуваат и работилници за стекнување работни вештини и како хоби да стане извор на приходи.
Битолскиот Завод за рехабилитација слух, говор и глас го опслужува целиот Југозападен Регион во земјава, а има само осум логопеди. Недостатокот на логопеди во нашата држава е евидентен и треба да се обрне внимание на тој проблем, изјави Дивна Живорадиќ Најдовска, директор на Заводот во Битола на стручната конференција што се одржа по повод Европскиот ден на логопедијата во Битола , а тема беше аутизмот.
Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола на 05 март, извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, појас, светло при што биле контролирани 445 возила.
Ристо Најденов од битолското село Цапари кој се смета дека прв во Македонија увезол автомобил на почетокот од минатиот век, со фотографска опрема и фотоапарати го снабдувал Милтон Манаки, пишува битолскиот новинар и фотограф Петар Ставрев, уредник во списанието „Знаетчија“ обновено по повеќе години пауза.
„Во историските анали е запишано името на некој си Ристо од село Цапари како прв професионален возач во 1912 година. Првиот автомобил во земјава бил Форд Т што во Битола бил донесен од Детроид и чинел 850 тогашни долари. Во Скопје пак, првиот автомобил бил донесен во 1911 година од марка „рено“, а го донесле браќата Ашамии. Битола и Скопје во тоа време биле најавтомобилските градови на Балканот, а пред нив предничеле само Солун и Цариград“, пишува Ставрев во „Занетчија“ повикувајќи се на податоци од новата монографија на професорот Никола Панов.
Од роднини на возачот Најденов дознал дека тој патувајќи низ Европа по делови за своите автомобили, автобус и земјоделски машини, а како добар пријател на Милтон Манаки често од странство му набавувал фото опрема и фотоапарат. Манаки, пак го фотографирал на велосипедски и автомобилски трки.
Педесет тони јаболка за кои Преспанските производители немаат пласман, ќе ги донираат на сиромашни семејства низ цела Македонија.
Заводите за рехабилитација на слух, говор и глас“ од Битола и Скопје по повод европскиот ден на логопедијата организираат втора научно-стручна конференција со меѓународно учество на тема: ,,Аутизам – Комуникацијата ги поврзува сите делови“.
-Европската организација на говорни и јазични терапевти (CPLOL) ќе го одбележи Европскиот ден на говорната и јазична терапија (SLT) на 6 март 2019 година. Целта на овој годишен настан е да се подигне свеста за нарушувањата во комуникацијата и улогата на логопедот при совладување на овие потешкотии. Темата за 2019-та година е нарушување на аутистичниот спектар (ASD). На овој ден,логопеди ширум Европа ќе се здружат за да организираат работилници,обуки и конференции со медиумска покриеност за да ја разбудат свеста за Аутизмот и улогата на логопедот во терапијата на Аутизмот, стои во најавата од претседателот на организациски одбор М-р Дивна Живорадиќ-Најдовска.
