
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Петнаесетина жители од битолските села Долно Оризари, Трн, Карамани, Логоварди денеска излегоа на предупредувачки протест, незадоволни од јавниот превоз, поскапените билети и несоодветните автобуси кои ги праќа на овие линии превозникот.
Преку фотографии од места кои биле значајни за животот на битолските Евреи, поставени на гугл мапс, на интернет ќе се раскажува приказната за еврејското минато на Битола. На Факултетот за информатички и комункациски технологии експерти од Израел држат дводневен семинар за обука на битолчани да користат модерни технологии со кои ќе можат на гугл мапс да постават фотографии од места значајни за Евреите во Битола.
Креативност, инспиративност, имагинација и творештво, наспроти говор на омраза и деструктивно однесување кон објектите во кои се одвива воспитно – образовниот процес. Во оваа насока, учениците од основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Битола, заедно со наставничката по ликовно образование Анкица Стевановска, пратија порака за поттикнување на волонтерството преку акцијата „Мурал“ спроведена од Советот за волонтерство на Општина Битола, заедно со МКЦ Битола, а со поддршка на Проектот за граѓанско учество на USAID North Macedonia.

Целта на проектот е да се инспирираат младите луѓе да креираат инспиративни цртежи на ѕидовите и да се спречи говорот на омраза.

Реализацијата на овој проект, овозможува визуелна трансформација на училишниот ѕид, но и силна порака за сите ученици, родители, воспитно – образовниот кадар, како и случајните минувачи кои неможат да останат рамнодушни на впечатливоста на новата креација.

Овие активности се нов поттик и мотив повеќе за учениците да се насочат кон активности со кои ќе ја зачуваат средината во која се воспитуваат и образоваат, а истовремено креативно ќе делуваат во нејзиното збогатување.

Последната фотографија најдобро ја отсликува состојбата пред спроведените активности.

Од овде, од мојата Битола, граѓаните силно одговорија на јавниот повик за потпис за поддршка на нашиот Стево Пендаровски. Граѓаните денес масовно ширим нашата држава излегоа и дадоа потпис за нашиот кандидат за претседател на државата.
Рампите на железничкиот премин на Дулие останаа кренати кога денеска во 13 часот минуваше возот од Битола за Скопје.
По повод празникот 8-ми Март членови на Здружението на пензионери од Битола донираа 35 пакети постелнини за коронарната единица при Интерното одделение во Клиничката болница Битола.
-Тука соработката нема да застане. Во разговор со менаџерскиот тим на болницата се отворија многу теми многу цели како да се помогне од нив за нив бидејќи поголемиот дел на пациенти во Интерното оддение се пензионери,но и од наша страна има желба на секаков можен начин да ги олесниме прегледите на пензионерите. Голема благодарност до здружението на пензионери од Битола на претседателот Томе Димитровски, заменик претседателот госпоѓата Даница Петличкова претседателот на Собранието на ова здружение Крсте Велевски и Сотир Миленковски член на Извршниот одбор на Здружението на пензионери- Битола.Од името на менаџерскиот тим и од името на вработените на Клиничката болница од Битола на сите пензионерки од нашиот град им го честитаме престојниот празник на жената, вели Сузана Конеска портпарол на Клиничката болница Битола.
Полицијата го пронашла 11 годишното момче кое во понеделникот било пријавено за исчезнато. Според СВР Битола, момчето било пронајдено денес во 1,20 часот и предадено на родителите. И претходно се случувало детето да се оддалечи од својот дом и да се врати назад.
Битолчани од утрово во девет часот се пред шалтерите на подрачната единица на ДИК во Битола за да го дадат својот потпис за кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата .
Пендаровски е заедничкиот кандидат на 31 политичка партија од коалицијата предводена од СДСМ и на ДУИ, а доби поддршка и од над 60 пратеници во Собранието.
СДСМ на конгресот што се одржа во неделата го потврди изборот на Стево Пендаровски за претседателски кандидат. Од 783 присутни делегати, 712 едногласно, без против и воздржани, гласаа за Стево Пендаровски.


Здружението на пензионери од Битола донираше парични средства за наградите на конкурсот за краток расказ „Баба“ што го распиша Организацијата на жени од Битола по повод 8-ми Март.
Во категоријата возрасни беа доделени три награди, од кои прво место за Ели Маказлиева за расказот „Планина од полски цвеќиња„, второ место Габриела Стојаноска Станоеска за „Баба Неша“ и трето место Снежана Паноска за „Душата на мојата баба“.
Од учениците првото место го освои Маихаела Марковска од ОУ „Браќа Миладиновци“ од село Добрушево за расказот „Љубов со големи дела“, второ место Лела Стојановска од ОУ„Климент Охридски“ од Битола за расказот „За баба“ и третото место Николче Вашеревски од село Ношпал за расказот „Љубов со големи дела“.
Во забавниот дел децата од големата група од градинката Мајски цвет со нивната учителка Татјана Грегова изведоа стихотворби, песнички, а поставија и изложба на детски творби на тема ,,Мојата баба,,.
Организација на жени од Битола по шести пат ги додели наградите за краток расказ за конкурсот што го објавуваат по повод 8 –ми Март.
