
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во Битола, заменик- министерот за локална самоуправа Дејан Павлески одржа работен состанок со директорот на Пелагонискиот плански регион Гого Видимче. На состанокот беа дискутирани тековните проекти кои се во имплементација, а се финансирани во рамките на Програмата рамномерен регионален развој за 2018 година на Министерството за локална самоуправа на РМ преку Бирото за регионален развој на РМ како и наредните активности кои Центарот за развој на Пелагониски плански регион ќе ги реализира со поддршка на Министерството за локална самоуправа. На средбата акцент беше ставен и на приоретизирање на активности и проекти од регионален карактер кои ги следат европските услови и критериуми, преку чија имплементација ќе се придонесе кон поконкурентен и економски развиен Пелагониски регион. Заменик министерот Павлески по средбите со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска и со раководителот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Видимче, како и експертите проф. д-р Борче Треновски и проф. д-р Јан Херчински истакна дека разговарале за можностите за надминување на наталожените проблеми во пренесените надлежности на општините, како и за спроведување на планираните регионални проекти поддржани од Министерството за локална самоуправа.
Вечерва продолжи обележувањето на хоризонталната сигнализација во Битола и по полноќ. Фирмата изведувач со комбе и неколкумина вработени доцна вечерва бележеа пешачки премини во строгиот центар на градот во близина на мовчето кај Безистенот. Ваквата активност се презема со цел да се избегне сообраќајниот метеж преку ден и обележувањето на сигнализацијата да не го попречува сообраќајот.
Човекот кој на сценаристот Трајче Попов му послужил како инспирација да го изгради ликот на Манданата во филмот „Мис Стон“, публиката ќе може да го види и чуе на снимен материјал во рамки на изложбата по повод 60-годишнината од снимањето на филмот што ќе се одржи во рамки на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола. Изложбата ќе ја содржи приказната од идејата до снимањето на филмот и успехот што го постигнал потоа.
Битолската млекарница и оваа среда, на домашна адреса и во фирмите на своите потрошувачи во Битола, утрово им достави геврек и јогурт во рамките на својата промотивна акција„ БИМИЛК-појадок во среда“.
Пелагониското село Бач по 13 години ќе добие амбуланта со доктор и медицинска сестра, најави градоначалникот на Новаци, Љубе Кузманоски, при денешната посета на министерот за здравство Венко Филипче.
„За две недели ќе биде отворена амбулантата, инфраструктурата веќе е спремна. Последно доктор во општината Бач имаше во 2005 година кога таа како Општина згасна и беше приклучена кон Општина Новаци и оттогаш тие шест населени места со околу 600 жители немаа доктор. Сега ќе има амбуланта, доктор и медицинска сестра. Дали тоа ќе биде ден, два или три неделно, зависи од потребите на месното население“, рече градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски.
Министерот за здравство Венко Филипче денес ги посети жителите од Општина Новаци со кои разговараше за референдумот и придобивките што Македонија ќе ги има од влезот во НАТО и ЕУ.
„Жителите на Општина Новаци ќе излезат на референдумот и ќе гласаат за европска Македонија. Предностите од членството во НАТО кој е најголем безбедносен сојуз во светот во овој момент се огромни. Тоа значи гаранција за нашата безбедност, гаранција за нашите граници. Членството во ЕУ прво го гарантира економскиот напредок, се отвораат огромен број на фондови, а тоа значи и големи инвестиции во нови фабрики, училишта, болници, инфраструктура, сето тоа значи зголемен број на работни места, поголеми плати и стандард за нашите жители, тоа значи дека младите ќе останат во нашата земја.
ЕЛЕМ и РЕК „Битола“ на своите вработени и сите граѓани на Република Македонија им го честитаат 8 Септември, Денот на независноста.
Наташа Тодоровска, одделенска наставничка во ОУ „Ѓорги Сугарев“ преку фејсбук групата „Битолчанки на кафе муабет“ успеа да обезбеди ранци и училишен прибор за децата од ранливите категории на семејства, кои се школуваат во ова училиште. Тодоровска со својот повик обезбеди педесет нови ранци и училишен прибор од приватната фирма Inter Works од Битола која се одзвала на повикот и тоа со понуда наставничката да каже што им е потребно на децата.
-Ни донираа ранци и ученички прибор нови, но и користени, ама зачувани, се со цел за да можат да помогнат на нашите ученици. Особено голема благодарност до менаџментот на фирмата Inter Works, нивната донација навистина не изненади и воодушеви, вели Тодоровска.
Мој концепт е градските паркинзи да ги стопанисува и уредува Општина Битола, рече градоначалничката Наташа Петровска околу иницијативата Општината да формира јавно претпријатие кое ќе управува со градските паркинзи.
Започна реконструкцијата на улицата „Климент Охридски“ на потегот од семафорите со улицата „Партизанска“ до крстосницата со улицата „Солунска“. При овој градежен зафат ќе се реконструира канализационата, водоводната мрежа, а потоа и коловозот ќе биде преасфалтиран.
„Зафатот ќе биде врз водоводот, канализацијата и коловоз во висина од 10 милиони денари. Овој потег ќе биде среден оваа есен“, рече градоначалничката Наташа Петровска.