2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Императив на нашето работење ќе биде домаќинското работење во Општина Могила , рече градоначалничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска  на прославата по повод 22 години од формирањето на Општината.

Во организација на Општинскиот одбор на Сојузот на борци од Битола и граѓаните продолжувачи, денеска беше одбележана 76 годишнината од смртта на Стив Наумов и Мите Богоевски, а по тој повод претседателтот на боречката организација, Александар Трајковски, претставници од семејството на народниот херој Стив Наумов, градоначалничката Наташа Петровска, претставници на политичките партии, граѓани и учниците од ОУ „Трифун Пановски“ денеска положија цвеќе и се поклонија пред споменикот на Стив Наумов, на битолски Широк Сокак.

Градоначалничката на Општина Битола повторно донесе решение со кое се одбива барањето за Б интегрирана еколошка дозвола за работа на каменоломот во близна на Битола. Вака одговори Наташа Петровска, на прашањето на независната советничка Габриела Илиевска, на седницата на општинскиот Совет, одржана на 27 август годинава.

Натегања околу  процесот на легализација на дивоградби во Општина Битола, помеѓу власта и опозицијата. Во кварталниот извештај за реализацијата на буџетот стои дека реализирани се  3,95 проценти за „надоместок за утврдување на правен статус за бесправно изградени објекти“.

Јавното претпријатие „Пазари“, во делот на активностите на подобрувањето на условите во градскиот пазар, осовремени уште еден дел, кој се наоѓа во непосредна близина на Кам маркетот. Во текот на вчерашниот ден (недела), кога е намалена фреквентноста и на продавачите и на купувачите, екипи ангажирани од ова јавно претпријатие, работеа на поставување на настрешница.

Директорот на јавното претпријатие „Пазари“ Александар Касапов, објасни дека главната цел е да се оттргнат најлоните со кои се покриваа тезгите на оваа површина од пазарот, во делот пред Сирењарата. На челичната конструкција ќе бидат поставени платнени тенди, со кои освен посоодветна заштита за продавачите и купувачите, ќе се тргне и лошата слика на висење на најлоните врз главите на посетителите на пазарот.

Добитните приказни на Државна Видео лотарија на РМ, продолжуваат со несмален интензитет и во месец септември. Најновиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добитник е млад човек кој се радува на своето ново семејство, кое во блиска иднина ќе добие проширување. Тој верува дека со убавата добивка вредна 1.648.224,00 денари ќе ги обезбеди сите потребни работи за новиот член на неговото семејство.

Блок 2 на Термоелектраната “Битола” денес повторно е ставен во функција, по 47 дена редовен ремонт. Во утринските часови, постројката беше синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем и ги испорача првите количини електрична енергија по пауза од месец и пол.

По редовниот ремонт на Блок 2 на Термоелектраната Битола, следуваат ремонтни активности на Блок 3 кои ќе траат до 15 октомври. Претходно, капитален ремонт на Блок 1 на РЕК Битола беше направен од 10 мај до 25 јули.

Молк од Општина Демир Хисар, градоначалникот Марјанчо Стојановски и од раководството на ОУ „Гоце Делечев“ во истоимената општина. По објавената снимка од вчера на која градоначалникот Стојановски им се заканува на вработени во училиште дека им ги слуша телефоните, денес тој беше зафатен за да ги прими новинарите. На пријавница во Општината ни беше кажано дека градоначалникот е зафатен, не може да ги прими новинарите, а за сè што ги интересира може да преземат информација од соопштението на МВР.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани