
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Могила и Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола организираа jавна дискусија во Општина Могила на тема: „Перспективите на младите од руралната среднина за Европа“. На дискусијата говорници беа градоначалникот на Општина Могила, Јасмина Гулевска, претседателот на здружението за европска интеграција Европска гледна точка од Битола, Дејан Петровски, високиот менаџер за организација на настани и кампањи на ЕУ Инфо Центар од Скопје, Јана Петровска, како и Вон. Проф. д-р Младен Караџоски од Правен факултет – Битола.
Градоначалникот на Општина Могила, Јасмина Гулевска истакна дека младинските политики претставуваат значајна алатка во креирањето на политиката во целост и дека посебен акцент треба да се стави на младите од руралните средини.
Почитувани сограѓани,
Од мое лично име и од името на Советот на Општина Новаци , дозволете ми на сите граѓани да им го честитам 8-ми септември – Денот на незавиноста на Република Македонија.
На овој ден, пред точно 27 години граѓаните на Република Македонија сосема храбро и одлучно се решија за своја сопствена, самостојна и суверена држава, остварувајќи ги вековните идеали на своите предци.
Кавга меѓу дел од советници од локалната власт и опозицијата изби на денешната седница на Совет за време на дискусијата по иницијативата покрената од Општина Битола за формирање на Јавно претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници.
Советниците од опозицијата негодуваа дека иницијатива се покренува пред референдумот, па ја оценија како популизам, а советниците од владеачкото мнозинство обвинија дека претходната власт склучувала договори кои се злоупотребувале, а тие ќе формираат јавно претпријатие кое ќе биде во сопственост на Општината, па парите од паркинзите ќе се трошат за доброто на градот.
Седумнаесет средношколци од Битола, кои во минатата учебна година освоија прво место на државните натпревари, денеска добија парична награда и од општиснкиот буџет, од ставката разни трансфери во програмата градоначалник.
Со видео спот во кој е претставена убавината на детските цртежи создадени во рамки на „Малиот битолски Монмартр“ пропатена со познатиот хит „Битола мој роден крај’’ во изведба на неповторлиовиот Оливер Драгоевиќ, Детското ликовно стидио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола ги кани битолчани на изложбата по повод Денот на независноста.
Битола викендов е домаќин на Music Tech Fest . Битола е првиот град во Европа кој се приклучува со паралелен настан и поддршка кон движењето и Манифестот на Music Technologist со 24 часовна програма на 08 и 09 септември во НУ Завод и Музеј Битола.
И овде целта е на едно место да се соберат: хакери, иноватори, бизнис и инкубатори и аксцелератори, социјални претприемачи, граѓански сектор, индустријата и секако музиката.
Почнувајќи од сабота во 10.00 ч, до недела до 10.00 ч. во 24 часа ќе се случуваат : панел дискусии, презентации, видеоарт, гејминг , вмрежување и музика.
Центар за културна деконтаминација Битола е поддржувач на Music Tech Fest - Bitola
Она што започна во Лондон ( 2012 ) како „фестивал на музички идеи“, собирајќи ја на едно место целата музичка технолошка авангарда во еден екосистем, или изведувачи како Shazam, Spotify, Soundcloud, EMI, the BBC, Ninja Tune, Warp, WIRED, на кои им се приклучија бројни иновативни старт ап-и хакери и истражувачи , продолжи да прераснува во „ движење “.
Веќе наредната година им се приклучија нови глобални музички имиња, и следуваа Бостон, Берлин, Париз, за оваа година домаќини на овој глобален настан да биде Стохолм – Шведска ( 3-9 Септември) . Во 2015 г. Music Tech Fest, се прошири , вклучувајќи ги инкубаторите и аксцелераторите , социјално ранливите групи, индустријата и сл.
Целта на овој глобален технолошко-иновативен-музички феномен е на едно место да се спојат; технолошките креативци, индустријата и бизнисот, социјалното претприемништво и прогесивната музичка уметност овозможувајќи синергија, размена на идеи, концепти,иновации , развој на нови продукти и нивна примена како во индустријата така и во социјалното претприемништво , уметноста и сл.
Претставници од Сојузот на борците во Битола, градоначалничката Наташа Петровска, претставници на Советот на општина Битола, од неколку политички партии, како и ученици од основното училиште „Стив Наумов“, денеска ја одбележаа 74 годишнината од бегството на политичките затворенци од бугарскиот фашистички затвор кај Црн Мост. По тој повод, присутните положија цвеќе и му одадоа почит на загинатите борци.
Со над 25 милиони денари во пограничното село Гермијан се уредува поројот, каналот каде се собира надојдената вода при обилни врнежи или топење на снегот. Поројот се средува со средства добиени од грант преку ИПА програмата на ЕУ и од буџетот на Општина Новаци.
На денешната седница на Комисијата за јавни комунални дејности при Советот на општина Битола, усвоена е иницијативата на советничката група на СДСМ за започнување постапка за формирање на јавно претпријатие кое ќе упаравува со градските паркинзи.