2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Битолчани од денеска добија своја Balans+ Зона на Тумбе кафе донација од битолската млекарница „Бимилк“. Новото место за спорт и рекреација на Тумбе кафе е значаен  придонес на млекарницата  за своите корисници и чекорите за подобрување на нивниот живот и условите во општеството, преку помагање на спортот, културата, едукацијата на младите и грижата за сите категории граѓани.

Нов комеморативен споменик на Француските воени гробишта во Битола ќе открие денеска амбасадорот на Франција во Р. Македонија во присуство на градоначалникот на Новаци и на претставници од општините во регионот, како и претставници на Националната асоцијација за сеќавање на Дарданелите и Источниот фронт и голем број потомци на борци од Македонскиот фронт. Настанот е најавен за денеска во 17 часот, по повод 100 години од денот на победничката офанзива на 15 септември 1918 и пробивот на Македонскиот фронт, што на Запад доведе до побрзо потпишување на примирјето од 11 ноември истата година.

Националната асоцијација за сеќавање на Дарданелите и Источниот фронт спроведе изработка на реплика на споменикот кој датира од 15 септември 1938 година, а кој денес веќе не постои. Неговата реставрација беше овозможена благодарение на статуата од Мон де Марсан, што ќе биде поставена на Француските воени гробишта во Битола (поранешен манастир) на 14 септември 2018. Овој проект е под знакот на делегацијата задолжена за стогодишнината од Првата светска војна. Тој е поддржан од повеќе донатори, јавни и општествени организации и поединци, вклучувајќи ги и членовите на ова здружение, што зборува за тоа колку се живи спомените од тоа време што ја одбележа целата европска историја. Министерството за култура на Македонија ги запиша овие комеморации во својата агенда на Европската година на културата. На тој начин се потсетуваме дека оваа страница од историјата на Македонија претставува дел од европската историја. Градот Битола во тој контекст е носител, како и Верден, на францускиот Воен крст, во знак на почит кон страдањата на локалното население.

Висок два метра споменикот ќе биде поставен на достапна локација со специјална дозвола од француското Министерство за вооружени сили на гробиштата во Битола, каде што почиваат паднати за Франција 6.134 идентификувани војници, а се наоѓаат уште и 128 неидентификувани гробови и костурница со остатоците на речиси 7.000 војници. Мала копија исто така ќе биде поставена на местото каде што некогаш постоел споменикот, над Добро Поле. По тој повод грутки земја земени од Верден, од ровот кај Шатанкур, ќе бидат донесени на ова место на сеќавањата при откривањето на споменикот. Следниот ден, в сабота, 15 септември, здружението за запознавање и патување „Оф роуд Македонија“ од Битола организира посета на локациите со теренски возила. Се работи за промоција на културно-историскиот туризам, со што се искажува почит кон минатото и кон локалното наследство и се воспоставуваат нови врски меѓу нашите две земји.

Битола ќе добие нова обиколница, експресен пат за грчка граница и до Прилеп ќе се патува по автопат, најави Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта. При денешната посета на Пелагонија, тој најави големи инфаструктурни зафати во Битолскиот Регион.

Покрај завршените проекти за рехаблитација на неколку регионални патни правци во општините Новаци и Могила, во наредниот период , со пари од државниот буџет, но и со средства обезбедени од меѓународни финасиски институции, се најавуваат и други проекти за подобрување на патната инфраструктура во овие две општини.

Екипи на локалното јавно претпријатие „Нискоградба“ го чистат коритото на реката Драгор во централното градско подрачје на Битола.

Од ЈКП „Нискоградба“-Битола информираат дека во оваа фаза се интервенира по течението на реката од месноста „Црн мост“ до „Железнички мост“, односно во должина од околу 2 километри.

- Станува збор за редовна програмска активност и обврска на нашиот комунален сервис. Во оваа фаза нашите екипи вршат остранување на треви и други растенија кои нараснале на одредени делови внатре во речното корито. Во овој период од годината во реката нема многу вода, односно протокот е регулиран, а тоа пак ни овозможува поефикасно извршување на задачите. Во втората фаза ќе бидат исчистени сметот и други пречки на кои не им е местото во коритото но за жал несовесни граѓани ги фрлале во коритото, и во последната фаза ќе бидат исчистени наносите од земја и камења кои ги регистриравме на неколку делови од речното корито. Со оваа активност нема да има пречки за протокот на водата во реката Драгор, истакна Методија Силјановски, директор на ЈКП „Нискоградба“-Битола.

Од јавниот комунален сервис апелираат да не се фрла отпадок во коритото на реката Драгор, а во наредниот период ќе зачестат ад-хок контролите посебно на локациите каде во непосредна близина се сендвичарници и други објекти за брза храна, и од каде често во речното корито се фрлаат хартија, салвети и други отпадоци. 

-Во последно време се почесто слушаме за професионален коуч, да ни објасните подетално што е тоа?

Најкратко кажано, коуч е човек кој ги поддржува клиентите на нивното исклучително лично животно патување. Одликата на добриот коуч е да препознае што му е потребно на клиентот да стигне до целта. Тој не советува, не дава свои решенија за животните ситуации туку ги изнесува и осветлува вашите идеи, ви помага да осознаете што сакате од себе, ве поттикнува да се соочите или да ја промените перспективата. Тој ви пружа јасност во дефинирањето на целите, можност за носење одлуки, покренување на акција. Со најмала интервенција ве поттикнува на најдобар можен резултат.

Претставници на „Сумнал“ - Здружение за развој на ромската заедница во рамки на проектот „Roma health care„ – Грижа за здравјето на Ромите, остварија средба со директорот на Клиничката болница Битола д-р Зоран Лазаров и главната сестра на Клиничка болница Радмила Бајовска.

Оваа среда „Бимилк“ повторно израдува дел од своите потрошувачи со бесплатен доручек. Овој пат доручекот се состоеше од житарки и кисело млеко „Баланс +“. Житарките во комбинација со пробиотски оброк за појадок гарантираат повеќе енергија и концентрација за работниот ден. Почнете го денот со квалитетните производи на „Бимилк“ и хранете се здраво!

Македонската актерска  легенда Милица Стојановска е лауреат на наградата „Голема ѕвезда“,која ја доделува Друштвото на филмските професионалци на Македонија. Игор Иванов Изи рече дека ова е реалативно нова награда и во ДФПМ се согласиле дека  никако не треба да се доделува постхумно.

„Годинава наградата ја доделуваме на една легендарна филмска актерка која се појавува во филмовите на Кирил Ценевски, Милчо Манчевски, Столе Попов. Може да ја видите во „Исправи се Делфина“, „Среќна нова 49“, „Пред дождот“, “Оловна бригада“, пред некоја година во „Три дена во септември“ на Даријан Пејовски и во краткиот филм „Види ја ти неа“ што доби награда на фестивалот во Санденс. Во 60-годишната професионална актерска кариера, 86-годишната Стојанова имала стотици театарски улоги, како и значаен број филмски и телевизиски, а најчесто играла лик на мајка, рече режисерот Игор Иванов-Изи, претседател на ДФПМ.

Наградата Голема Ѕвезда на македонскиот филм досега ја имаат добиено Сајмон Пери, Кирил Ценевски, Милчо Манчевски и Дарко Марковиќ.

Гена Теодосиевска, директорката на ИФФК „Браќа Манаки“ рече дека фестивалот поминува низ интензивен период на подготовки.

„Во различните филмски програми имаме вкупно 95 наслови, имаме филмови од големи продукции селектирани на најголемите и најпознатите светски филмски фестивали, но и оние квалитетни уметнички продукции коишто може да се најдат на помалите филмски фестивали во Европа и светот.

39 издание на Фестивалот ќе биде отворен со светска премиера на најновиот краток филм, „Љубовникот“ во режија на Игор Иванов Изи. А веднаш потоа, во чест на добитникот на Златната камера 300 за животно дело, кинематограферот Роџер Дикинс, ќе биде прикажан филмот „Истребувач 2049“. Во чест на филмската дива Клаудија Кардинале, надвор од официјалната конкуренција  ќе биде прикажан нејзиниот најнов филм  „Благородни лаги“, продукција на Поло Роси, покрај продуцентот во Битола ќе пристигне и една млада актерска екипа од овој филм.

РЕК Битола во текот на денот планирано ќе го исклучи првиот Блок од електроенергетскиот систем, поради проверки и отстранување на помали дефекти, информираат од комбинатот

„Планираното исклучување се прави поради превентивна проверка и отстранување на помали дефекти, како и за зајакнување на оперативноста на блокот, се наведува во соопштението од РЕК Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани