2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

"Бит Фест" преку својата програма дава уште една потврда на Битола како конзулски град. Тоа го прави преку културни настани чија организација е потпомогната од странските амбасади и конзулати во земјава.

Само од Битола, повеќе од 50 млади луѓе студираат во Словенија. Ова е знак на пријателство помеѓу двете држави, како и потврда за довербата  на македонската младина во Словенија, беше речено на денешната средба помеѓу Општина Битола и Амбасадата на Р. Словенија, во гимназијата „Јосип Броз Тито“, каде  беа донирани книги, преку кои идните средношколци ќе имаат можност повеќе да се за запознаат со словенечкиот јазик и култура. Фактите покажуваат дека, многу млади средношколци од Битола, своите студии ги продолжуваат на универзитетите во Словенија.

Клиничката болница „Др.Трифун Пановски“ од Битола денес објави два конкурса за вработување на неопределено на 70 лица, од кои 52 медицински кадари, а останатите 18 кадри кои не се медицинари. Конкурсот ќе трае во следните пет дена и со новите вработувања болницата ќе се поднови со нови кадри во интерес на пружање поквалитетна здравствена услуга на пацинетите.

Во осумте фестивалски денови на „Битола Шекспир фестивалот“ во Битола присуствуваа околу 400 уметници од Казакстан, Израел, Полска, Романија, Црна Гора и Македонија. Над 2000 -на публика ги проследи 12 претстави на сцената на Народниот театар во Битола во периодот од 23 до 30 јуни.

„Имаше 12 претстави, се зборуваше на 10 јазици на сцената на Народниот театар. На програмата беа претстави за сечиј вкус, па и за најмладите, за првпат Сонетите на Шекспир беа изведени на А капела концерт предводен од полската мега ѕвезда Станислав Сојка кој во Полска е на ниво на Мадона и Шакира“, рече Илина Чоревска, програмски директор на Народниот театар во Битола.

Таа истакна дека меѓу странските гости беше и еден од најзначајните театарски режисери во Европа, Андреј Жолдак, со кого договараат соработка за следната година, а бил воодушевен од искреноста и талентираноста на битолските актери.

Бебето старо само неколку дена, што синоќа битолчанец го пронајде пред Домот за доенчиња, не било родено во битолската болница, потврдуваат за апла.мк од Центарот за социјални работи во Битола. Апла дознава дека најверојатно бебето било родено во прилепската болница, но полицијата го истражува случајот.

Вчера во 23.45 часот на ул. „Васко Карангелески“ во Битола, пред влезот на домот за доенчиња, З.Б. (50) од Битола пронашол женско бебе на возраст од околу една недела. За случајот бил известен Центарот за социјални работи Битола. Социјален работник излегол на местото и извршил разговор со З.Б., а  новороденчето било оставено во домот за доенчиња. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.                                  

Денес христијаните го празнуваат Свети Јован Шангајски, празник посветен на светецот кој пред 90 години бил професор на битолската Богословија. Тој во 1928 година со синодска одлука бил испратен да предава во Битола, каде бил запаметен како вистински Христов светилник. За него и тогашниот охридско- битолски екископ Николај Жички рекол: „Ако сакате да видите светител, одете во Битола кај отец Јован“. Уште во Битола бил познат како голем испосник и молитвеник. Секојдневно служел литургија и никогаш не спиел лежејќи во постела. Никој не го имал видено да се разлити, туку помагал на другите.

Австрискиот месинг квартет "Хајдн Брас" ја стана публиката на нозе во Народниот театар во Битола кога ја отсвири македонската песна "Македонско девојче". Салата ечеше од аплаузи.

Љубителите на култниот бенд ЕКВ и рок музиката вчера имаа можност да уживаат во мултимедијалниот настан „60 години од раѓањето на Милан Младеновиќ- како и понатаму да е тука“ што се одржа во Пациото на Завод и музеј Битола. Проектот беше насловен „Деца из воде“ посветен на музичарот, пеачот и уметникот Младеновиќ од ЕКВ чии песни и денес значат многу во антологијата на балканската рок музика. Низ песни, видео спотови, документарен филм и фотогрфии се оживеаја спомените за големиот музичар кој почина пред 24 години и култниот бенд ЕКВ чија музика и понатаму е актуелна. 

Со овој настан заврши 17-то издание на фестивалот „Битола отворен град“ во организација на МКЦ што се одржа во рамки на „Бит Фест“.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани