
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Младински предизвик на фестивалот „Битола отворен град 2018“. Битолчани имаат можност да освојат три бесплатни влезници за познатиот европски музички фестивал EXIT 2018 што од 12 до 15 јули се одржува во Нови Сад, Србија.
Она што треба да го направат е да соберете тим од тројца, да пронајдат три симболи на OPENS2019 (Европска младинска престолнина 2019) прикажани на фотографиите, во три различни кафичи на Широк Сокак и во центарот на Битола. Да направат три фотографии од тимот со симболите и да ги објават јавно на нивниот Facebook и/или Instagram профил со употреба на хаштаг #opens2019 и #bitolaotvorengrad и да ја тагнат Facebook страницата на MKC Bitola
Учесниците да имаат над 18 години.
Старт 11.00 часот среда 27 јуни 2018. Најбрзиот и најснаодливиот тим кој ќе го исполни предизвикот, ќе добие три влезници за EXIT2018!
Победничкиот тим ќе биде прогласен на вечерашната јавна дебата во 19 часот во МКЦ-Битола.
Повеќе битолски семејства од населбата зад Здравствениот дом, Баирот и Ушици вечерва околу полноќ останаа половина час без струја. Прекинот во снабдувањето со електрична енергија траеше од 23,50 до 25 минути по полноќ. И од Контакт центарот на ЕВН известија дека без струја се Битола, и тоа делови од централното градско подрачје и Новаци. Од ЕВН рекоа дека нивни тимови веќе се ангажирани за непречено снабдување со електрична енергија во овие реони.
Мила Ивановска се закити со бронзен медал на Јуниорската Балканска математичка олимпијада, која се одржа од 19 до 24 јуни во Родос, Грција. На олимпијадата учествуваа претставници од 17 земји, од кои 11 официјални и 6 гости, а бронзениот медал, е уште еден висок резултат, во низата успеси на младата битолчанка, ученичка во прва година, природно-математичка насока А, во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“.
Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ и Македонско научно друштво-Битола денес потпишаа меморандум за научна соработка во областа на науките и уметностите.
Битолскиот Завод и музеј, денеска ја промовираше книгата „Сликарството од црквата Усепене на Света Богородица во Велушина“, од авторот Ристо Палигора, што е всушност финализација на повеќедецениската активност, поврзана со проучувањето, истражувањата и конзерваторско- реставраторските зафати кои што се преземени во овој храм.
Поскапувањето на цената на водата е по барање на Регулаторната комисија и по препорака на Европската Унија, објаснуваат директорите на јавните претпријатија во Битола. Горан Козаров, директор на ЈП „Водовод“ вели дека одлуката за поскапување на водата на Регулаторната комисија ја наследиле од времето кога на власт било претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Општина Битола подготви проект со кој ќе аплицира до ИПА 2 фондот на Европската Унија за добивање на грант кој планира да го искористи за реставрирање на Офицерскиот дом. Проектот е насловен „Зголемена туристичка понуда на Пелагонискиот регион преку реставрирање и адаптирање на Офицерскиот дом заедно со партерно уредување. Доколку се одобри апликацијата, Општината ќе добие над 71 милион денари, а сама ќе мора да кофинансира десет проценти од износот. На денешаната седница, советниците дадоа согласност Општината да учествува во проектот со 7,6 милиони денари. Доколку им го прифатат проектот, Офицерскиот дом ќе треба да се реставрира до крајот на 2019 година..
-Проектот за пречистителна станица за Битола трае околу 3 години и во моментот е е во завршна фаза, односно распишување на тендерска документација. Со писмо до нас се обратија од Европската делегација, дека очекуваат од нас да бидата усвоени тарифите на Регулатарна комисија за да може да стартува проектот со распишување на тендерската докумнетација.
Договори за стипендии на дванаесет студенти од Техничкиот факултет доделија претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Државните електрани на Македонија, Драган Миновски и директорот на РЕК Битола Васко Ковачевски. Станува збор за студенти од прва, втора и трета година кои веќе користат стипендии од АД ЕЛЕМ, а правото го стекнале со исполнувањето на критериумите предвидени во договорот, односно задржале просек не помал од 8 (осум).