2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

По натегањата, препукувањата и дискусиите на седницата, баклавата на крај ја заблажи атмосферата во битолскиот Совет. На првата работна средба, своите колеги со баклава по повод неодамнешниот празник Рамазан Бајрам ги почести советникот Бурим Керими од ДУИ. Баклавата беше домашна и вистински деликатес. Советниците се облажија по завршувањето на седницата. Меѓу оние кои седнаа на трпезата не беа советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери зашто тие веќе претходно ја имаа напуштено седницата поради револт од промената на името.

Советниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ со коалиционите партнери, ја напуштија денешната седницата на Совет, изразувајќи го револтот од договорот за промена на името.

Општина Битола преку соопштение ги демантира гласините што се појавија во јавноста последниве денови, дека постои иницијатива за измена на ДУП поради изградба камп на бегалци и ги оценува како шпекулација

Возило цитроен Ц3 утрово било опожарено на улицата "Цар Самуил" во Битола, потврдија од СВР за  Апла.мк.

Неофицијално, се работи за семејно возило на еден од поранешните менаџери на ИМБ. 

Според полицијата, настанот го пријавиле соседите во 4 часот утрото, кога ја повикале и Противпожарната единица. Првично, има оштетувања на покривот од возилото и во внатрешноста. Засега, СВР Битола не може да потврди како дошло до запалување на возилото. 

Под влијание на циклонот Силвија, битолскиот регион вечерва го зафати големо невреме проследено со силен дожд и грмежи, а метеоролозите  најавуваат дека нестабилно време ќе има до крајот на неделата.

Фасцинантна фотографија од невремето кое попладнево беснееше над Битола направи битолскиот фотограф и камерман Агим Џело. Фотографскиот запис е направен од месноста Смолево на патот кон Студентскиот дом, токму во  моментите на кулминација на бурата во градот. На неа се гледа како од небото паѓа гром, најверојатно на излезот од Битола кон Прилеп. Фотографијата е доказ дека и нешто убаво може да се изроди од страшното невреме, барем кога уметноста е во прашање.

Дефектот на водоводната цевка во населбата Горно Оризари ќе се санира утре рано изутрина, бидејеќи екипите на ЈКП „Водовод“ -Битола во овој момент немаат пристап до местото каде водоводниот систем е оштетен. Од ЈКП „Водовод“-Битола им се извинуваат на жителите на оваа населба  со обврска утре уште рано наутро да започнат со санација на проблемот.

Регионален ресурсен центар за слепи лица ќе биде отворен во Битола, а во неговото финасирање покрај битолската општина, ќе учествуваат и општините Ресен, Демир Хисар, Могила и Новаци. Станува збор за центар кој ќе биде место за различни активности на слепите лица од овој регион.

Обилните врнежи дожд кои паднаа попладнево во Битола поплавија улици во повисоките делови од градот, како во населбата Баир и околу неа. Реки од вода течеа по улиците Караорман, Мирче Ацев, Козара, Дебарска и други, при тоа попречувајќи го нормалното одвивање на сообраќајот во тој дел од градот. По овие улици беше невозможно да се движат пешаци дури траеше невремето.ff

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани